Промовирани огласи »

Понеделник неработен ден за сите граѓани

Подгответе се за споен викенд, а потоа и за уште еден

Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството информира дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на Република Северна Македонија – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.

Промовирани огласи »

Грција ги очекува туристите од 15 јуни

Мицотакис изразил надеж дека и покрај здравствената криза, Грција ова лето традиционално ќе ја посетат голем број туристи

Регионот не чека. Балканските земји се координираат за отворање на границите, на заеднички, но и на билатерални видео средби. Првиот знак за гранична либерализација  дојде од Белград. Српската премиерка најави дека од први јуни ке се отворат границите за граганите на Македонија, Црна Гора, Албанија и БИХ,без карантин и без тестови.

Денеска и  бугарскиот премиер Борисов по видео конференцијата со  грчкиот, српски и романски колега, објави дека од почетокот на следниот месец  границите без карантин и без тестови ке се отворат мегу Бугарија, Србија и Грција. На премините ке треба само да се пополни потврда дека лицата која ја поминуваат границата немаат симптоми.

Со ова се согласни и останатите премеиери, а Мицотакис предложил границите за туристички патувања да се отворат на 15 јуни. Тој изразил надеж дека и покрај здравствената криза, Грција ова лето традиционално ке ја посетата голем број туристи од Балканот. Утре се очекува грчката валдата да излезе и со детален план кога ке се отворат рестораните и хотелите  и кои ке бидат директивите за практикување на турзимот во Грција во текот на оваа сезона.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Киппер ја доби наградата „Пријател на Потрошувачите”, од страна на ИЦЕРТИАС / Kipper si kompani u vërtetua dhe nga ICERTIAS, me çmimin “Mik i Konsumatorëve”

Киппер ја доби наградата „Пријател на Потрошувачите”, од страна на ИЦЕРТИАС / Kipper si kompani u vërtetua dhe nga ICERTIAS, me çmimin “Mik i Konsumatorëve”

Suksesi i Kipper si kompani u vërtetua dhe nga ICERTIAS (Asociacioni Ndërkombëtar për Certifikim) me çmimin “Mik i Konsumatorëve”.

Ky çmim ndahet pas analizave të shumta në treg dhe mbikqyret nga auditor profesionist te ICERTIAS, i cili çmim u ndahet kompanive që mbajnë marrëdhënie shembullore me klientët e tyre. 

Qëllimi i certifikimit të kompanive me këtë çmim të ICERTIAS është të identifikohen prodhuesit e produkteve dhe ofruesit e shërbimeve, që u ofrojnë klientëve të tyre një nivel të lartë mbështetjeje dhe shërbimi derisa zhvillojnë marrëdhënie cilësore dhe miqësore me ta.

Konkretisht, Kipper u vlerësua dhe shpërblye me këtë çmim për:

• Reputacionin për marrëdhënie të shkëlqyera me klientët

• Komunikimin me klientët

• Përvojen e blerjeve që ofron

• Besimin e krijuar nga marrëdhëniet me klientët

Ky çmim i rëndësishëm dëshmon se Kipper, pergjatë viteve të ekzistimit të saj, ka krijuar marrëdhenie cilësore dhe miqësore me konsumatorët dhe është dedikuar që këtë ta bëjë në mënyrë të vazhdueshme.

__________

Успехот на Киппер како компанија е потврден и од страна на ИЦЕРТИАС (Меѓународно Здружение за Сертификација) од кого ја доби наградата „Пријател на Потрошувачите”.

Оваа награда се доделува по соодветна анализа на пазарот и се врши од страна на професионални ревизори на ИЦЕРТИАС, која им се доделува на компании кои одржуваат примерни односи со нивните клиенти.

Целта на сертификација на компаниите од страна на ИЦЕРТИАС е да се идентификуваат производителите, како и компаниите кои имаат услужна дејност како и да им обезбедуваат на своите клиенти високо ниво на поддршка и услуга развивајќи квалитетни и пријателски односи со нив.

Поточно, Киппер беше пофален и ја доби оваа награда за:


• Репутација за одлични односи со клиентите
• Комуникација со клиенти
• Потрошувачко искуство
• Доверба создадена од врските со клиентите

Оваа важна награда докажува дека Киппер, со текот на годините на постоење, воспоставил квалитетни и пријателски односи со потрошувачите и е посветен на тоа во континуитет.

Промовирани огласи »

Денеска ќе се одлучува дали викендов ќе има полициски час и дали ќе се отворат рестораните

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам.

Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти. И покрај малото зголемување на случаи, епидемијата е под контрола, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

-Го најавивме отворањето на угостителските објекти во оваа недела, но во текот на  дискусијата ги имавме предвид и претстојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки, истакна вчера Филипче.

Нагласи дека мора сите да ги почитуваме мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот и дека мора да се навикнеме да живееме со вирусот. Заедничка констатација на Комисијата за заразни болести, како што рече министерот, е дека и покрај зголемениот број на новодијагностицирани случаи изминатите денови – епидемијата е под контрола.

Во изминатото деноноќие се регистрирани се 22 нови случаја на Ковид-19 од 533 тестирања, меѓу кои 203 во рамките на скринингот во градинките во Скопје и во Велес. Регистрирани се и 50 оздравени пациенти, додека двајца пациенти починаа.

Најави дека денеска ќе се расправа и за следните чекори на олабавување на мерки за одредени субејкти и економски оператори, кои ги најавиле за крајот на оваа недела, како и за следните чекори за евентуално дополнително олабавување на превентивните мерки.

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам. 

Филипче информира и дека од 14 мај, досега, се направени 908 тестирања на вработени во градинките во Битола, Скопје и Велес и сите освен еден резултат се негативни. Во Битола е завршен скринингот и тестирани се 322 вработени меѓу кои е и едниот позитивен случај.

Посочи дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика. Одговарајќи на новинарско прашање кога се планира отворање на градинките, Филипче рече дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа. (МИА)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »