Промовирани огласи »

ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД ГРЦИЈА: Од 1. јули тестирањето за корона вирусот најверојатно нема да биде задолжително

Планирајте одмор во Грција од 1. јули, тест за корона може нема да треба

Грчкиот министер за туризам најави дека од 1. јули нема да биде задолжително тестирањето за Ковид-19.

-За сега идејата е сите да бидат тестирани, но 1. јули е далеку, таша што најверојатно нема да боде задолжително порача, министерот за туризам Харис Теохарис.

Според него, протоколите и правилата најверојатно ќе претрпат измени, но напомена дека здравствените власти од регионот допрва ќе разговараат на оваа тема.

-Мерките се уште до крај не се дефинирани. Тие ќе бидат договарани на билатерално ниво. Се Очекува наскоро да има разговори на сите нивоа и ќе се најде решение за сите земји од Балканот, порача Теохарис.

А од домашните хотелски капацитети велат дека се подготвени за туристичката сезона, но проблемот е што се уште не се знае кога хотелите ќе смеат да се отворат, и под кои правила.Нивна надеж оваа летна сезона ќе бидат домашните туристи. 

Промовирани огласи »

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денар по литар

Повторно раст на цените на горивата

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). 

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,56  отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 54,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар по литар и ќе чини 57 денари. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари за литар и ќе се продаваат за 47, односно за 35 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,329 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 19,498 денари.

Како причина за зголемувањето на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на дериватите во изминатите седум дена и тоа за околу 5,64 отсто кај бензинот и за 10,84 отсто кај дизелот, како и за 0,099 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Промовирани огласи »

Во август викенд без ДДВ, ќе можат да го користат само оние што имаат апликација „Мој ДДВ“

„Викенд без ДВВ“ кон крајот на август, ќе важи само за граѓаните што скенираат сметки

Една од Владините мерки, „Викенд без ДВВ“ планирано е да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември кога се очекува намалување на интензитетот на вирусот, рече денеска економскиот советник во Владата, Фатмир Бетиќи.

Но, тој не ја исклучува можноста дека доколку и во овој период има препораки за негрупирање на граѓани, тогаш ќе се разгледа опцијата кога ќе биде најповолен момент за нејзина реализација.

Ова е мерка која е предвидено е да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември кога очекуваме ефектите од корона вирусот да спласнат и ќе се креираат услови за непречено фунцкионирање на општеството. Во таа смила не сметаме дека евентуалното групирање на луѓе ќе предизвика бран на негативни ефекти. Ако во тој период има препораки за негрупирање, тогаш ќе се види кога ќе биде најпогодниот момент да се имплементира, потенцира Битиќи.

Појасни дека само корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе може да учествуваат и само продуктите кои ќе се продадат тој ден, а за кои ќе има фискална сметка.

Тагови: Мој ДДВ

Промовирани огласи »

Спасовски: Платежни картички со 9.000 денари, ваучери за одмор со приходи под 15.000 денари месечно

Невработените, младите и социјално загрозените ќе добијат помош од Владата

Невработените, младите, социјално загрозените лица како и лицата од јавниот здравствен сектор ќе добијат директна помош од страна на Владата, соопшти денеска премиерот Оливер Спасовски.

-Третиот сет на економски мерки кои ги утврди Владата се за релативизирање на економијата, Воведуваме платежни картички за поголема потрошувачка. Платежната картичка ќе биде во вредност од 9ооо денари за македонски производи. За оваа картичка ќе може да аплицираат барателите на работа кои немаат над 15.000 денари примања, како и социјално загрозените лица. Картичката ќе се користи само за домашни компании и во период од 30 дена.

Ќе бидат дадени и ваучери за летување дома. Ваучерите ќе бидат во вредност од 6000 денари оваа мерка ќе ја користат оние кои примаат помала плата од 15000 денари. Парична помош за младите од 3000 денари и ваучери за ИТ вештини. Викенд без ДДВ, односно ќе ја поттикнеме потрошувачката каде ќе има попусти на облека, бела техника, санитарија. Паричен надоместок ќе има и за они кои останале без работа од 11 март до 15 април, изјави Спасовски.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »