Промовирани огласи »

Спасовски: Платежни картички со 9.000 денари, ваучери за одмор со приходи под 15.000 денари месечно

Невработените, младите и социјално загрозените ќе добијат помош од Владата

Невработените, младите, социјално загрозените лица како и лицата од јавниот здравствен сектор ќе добијат директна помош од страна на Владата, соопшти денеска премиерот Оливер Спасовски.

-Третиот сет на економски мерки кои ги утврди Владата се за релативизирање на економијата, Воведуваме платежни картички за поголема потрошувачка. Платежната картичка ќе биде во вредност од 9ооо денари за македонски производи. За оваа картичка ќе може да аплицираат барателите на работа кои немаат над 15.000 денари примања, како и социјално загрозените лица. Картичката ќе се користи само за домашни компании и во период од 30 дена.

Ќе бидат дадени и ваучери за летување дома. Ваучерите ќе бидат во вредност од 6000 денари оваа мерка ќе ја користат оние кои примаат помала плата од 15000 денари. Парична помош за младите од 3000 денари и ваучери за ИТ вештини. Викенд без ДДВ, односно ќе ја поттикнеме потрошувачката каде ќе има попусти на облека, бела техника, санитарија. Паричен надоместок ќе има и за они кои останале без работа од 11 март до 15 април, изјави Спасовски.

Промовирани огласи »

„Визер“ ја продолжи суспензијата на сите странски летови од и до Македонија

Визер со нови информации како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија.

Визер најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 30 мај.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците, исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети”, се наведува во соопштението од Визер.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе важи од полноќ сѐ до следниот понеделник.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), минатата недела се зголемија за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит.

Останува да видиме дали денеска не очекува ново поскапување.

Промовирани огласи »

НЕ ОЧЕКУВА ВИКЕНД БЕЗ ДДВ: Што ќе купуваме поевтино?

Уште една нова економска мерка

Ќе биде воведен викенд без ДДВ, најави денеска премиерот Оливер Спасовски, објавувајќи го третиот сет економски мерки, кои беше одобрен од Владата, а кој се однесува на директна парочна помош за граѓаните. На прес-конференцијата, тој истакна дека ова се прави со дел да се поттикне потрошувачката пред се на домашни производи, од домашни компании.

-Преку пониски цени поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Со ваквата мерка се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе треба да се слеат во македонското стопанство, изјави Спасовски. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »