Промовирани огласи »

Kaбелските оператори со соопштение информираат дека добиле писмен одговор од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски дека Владата не донела Уредба со законска сила за основање на Фонд за поддршка на медиуми и дека доколку одлучи да воведе некаков вид на давачка кој ќе падне на грбот на граѓаните, претходно ќе ги извести и ќе побара став од нив. 

Тие информираат дека протестот манифестиран со исклучување на реемирувањето на македонските програмски сервиси (радиодифузери) се одложува на неопределено време. 

Промовирани огласи »

Мицотакис: Грција на 1 јули ќе биде спремна да прими туристи

Грција од 1 јули ќе биде подготвена да прими странски туристи

За месец и половина, односно на 1 јули, според изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и државниот министер Јоргос Герапетритис, Грција ќе биде подготвена да прими странски туристи, секако доколку сѐ оди според планот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис беше почесен гостин и централен говорник на глобалниот состанокот на меѓународната компанија за консалтинг „Boston Consulting Group“, а во обраќањето преку видеоконференција се задржа и на туризмот и претстојната сезона.

-Ако работите одат според нашиот план, ќе бидеме отворени од 1 јули, со протокол што ќе биде логичен, не само за луѓето кои сакаат да патуваат, туку и за нашата туристичка индустрија. Сакаме голем дел од пазарот од една помала пита. Европската туристичка пита ќе биде многу помала, но ова лето сакаме еден поголем дел, рече Мицотакис.

Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ рече дека сѐ уште се во фаза на подготвување на планот за туризмот.

-Нашата проценка е дека од 1 јули навистина ќе бидеме во позиција да примиме странски посетители, под услови што ќе го гарантираат јавното здравје, рече Герапетритис.

Тој додаде дека за туристите ќе постојат неопходните протоколи, кои ќе бидат балансирана мешавина од заштита на јавното здравје, без при тоа да се поставуваат пречки за туризмот.

Герапетритис коментираше дека ако земјата од која потекнува туристот, побара по враќањето да биде во карантин или да направи нов тест, се создаваат сериозни пречки и тоа е дестимулирачки за туризмот.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, говорејќи за телевиијата „МЕГА“ рече дека „билатералните договори оваа година ќе бидат дел од решението за туризмот“.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

ПРОФЕСИЈА НА ИДНИНАТА: По пандемијата ќе бидат многу барани

Ќе ги бараат на секој чекор

Откако пандемијата на коронавирусот ќе заврши, една професија ќе биде во подем. 

Директорот за дистрибуција на технологија во рускиот Јандекс Григориј Бакунов вели дека тоа ќе бидат програмерите.

Според него, ова може да се нарече професијата на иднината. 

„Токму овие експерти ќе го движат човештвото напред“, рекол тој.

ИТ сферата може да се промени поради големиот број на луѓе кои работат од далечина заради епидемијата. 

Луѓето кои живеат во зафрлени региони и мали градови во овие околности имаат шанса да работат добро во сериозни компании. 

Барани ќе бидат и советници за кризи, експерти за дигитализација, како и експерти за управување со времето.

Во Италија веќе се појави нова професија поради пандемијата. 

Станува збор за Ковид менаџерите. 

Тие се забележани на пазарите во Милано. 

Друга прогноза која претходно беше објавена покажува дека кадрите со средно образование ќе бидат најбарани на пазарот на труд.

Промовирани огласи »

Рокот на важност на пасошите и возачите дозволи се продолжува до 31 јули

Се продолжува рокот на овие лични исправи

На вчерашната седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.

На оваа своја седница Владата ја донесе Програма за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, согласно која ќе се врши исплатата на финансиски средства за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност – баратели на финансиска поддршка, погодени од здравствено – економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, за месеците април и мај 2020 година, во висина од 14.500 денари месечно.

Владата ја усвои и Информацијата за започнување на програмирањето на Инструментот за претпристапна помош ИПА III за периодот 2021-2027, и ги задолжи министерствата да ги спроведат подготовките на стратешкиот одговор, организацијата на состаноците на секторските работни групи, како и подготовката на Акциските фишеа за 2021 и 2022 и Акциската програма во рамките на ИПА III.

На седница ја разгледа и ја усвои и Информацијата за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската унија (ФСЕУ) за справување со финансиското влијание на Ковид-19.

Во април 2020 година, како дел од Иницијативата за инвестициски одговор на коронавирусот ЕУ го прошири опфатот на ФСЕУ и тој сега вклучува и финансирање на активности поврзани со сериозни вонредни ситуации од здравствена природа поврзани со Ковид-19, и обезбеди финансиска поддршка од околу 800 милиони евра за најпогодените држави, со што би се олеснил товарот предизвикан од итните мерки.Пристап до овој фонд имаат земјите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу земјава и Соединетите американски држави – САД, од програмата на УСАИД, за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.Со овој амандман на Договорот за грант, УСАИД го зголемува износот на средства кои ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата и даде согласност за спроведување на постапка за набавка на моторни возила и мебел за потребите на Командата на СЕЕБРИГ (South-Eastern Europe Brigade – SEEBRIG).Во врска со ова, Владата го прифати мислењето на Министерството за одбрана за неопходноста од набавката за Командата на СЕЕБРИГ, мултинационалната бригада на Југоисточна Европа во која партиципираат шест земји членки на НАТО (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Северна Македонија и Турција), која со почеток од месец август 2020 година ќе биде стационирана во касарната во Куманово, во која во наредните 6 години, 60 офицери на НАТО, ќе работат во командата на оваа бригада.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »