Промовирани огласи »

Рокот на важност на пасошите и возачите дозволи се продолжува до 31 јули

Се продолжува рокот на овие лични исправи

На вчерашната седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.

На оваа своја седница Владата ја донесе Програма за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, согласно која ќе се врши исплатата на финансиски средства за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност – баратели на финансиска поддршка, погодени од здравствено – економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, за месеците април и мај 2020 година, во висина од 14.500 денари месечно.

Владата ја усвои и Информацијата за започнување на програмирањето на Инструментот за претпристапна помош ИПА III за периодот 2021-2027, и ги задолжи министерствата да ги спроведат подготовките на стратешкиот одговор, организацијата на состаноците на секторските работни групи, како и подготовката на Акциските фишеа за 2021 и 2022 и Акциската програма во рамките на ИПА III.

На седница ја разгледа и ја усвои и Информацијата за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската унија (ФСЕУ) за справување со финансиското влијание на Ковид-19.

Во април 2020 година, како дел од Иницијативата за инвестициски одговор на коронавирусот ЕУ го прошири опфатот на ФСЕУ и тој сега вклучува и финансирање на активности поврзани со сериозни вонредни ситуации од здравствена природа поврзани со Ковид-19, и обезбеди финансиска поддршка од околу 800 милиони евра за најпогодените држави, со што би се олеснил товарот предизвикан од итните мерки.Пристап до овој фонд имаат земјите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу земјава и Соединетите американски држави – САД, од програмата на УСАИД, за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.Со овој амандман на Договорот за грант, УСАИД го зголемува износот на средства кои ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата и даде согласност за спроведување на постапка за набавка на моторни возила и мебел за потребите на Командата на СЕЕБРИГ (South-Eastern Europe Brigade – SEEBRIG).Во врска со ова, Владата го прифати мислењето на Министерството за одбрана за неопходноста од набавката за Командата на СЕЕБРИГ, мултинационалната бригада на Југоисточна Европа во која партиципираат шест земји членки на НАТО (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Северна Македонија и Турција), која со почеток од месец август 2020 година ќе биде стационирана во касарната во Куманово, во која во наредните 6 години, 60 офицери на НАТО, ќе работат во командата на оваа бригада.

Промовирани огласи »

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемија за три и пол денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот е
45,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголеми и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена сега е 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

– Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50 проценти. Пазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта со што практично се прави обид да се отпочне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта. Иако пазарот реагира на намаленото производство, сеуште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година, вели првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

Промовирани огласи »

Ако патувате во Грција или Турција по 13 мај, ќе ви биде потребeн 14-дневeн карантин, изјави министерката за туризам на Бугарија, Николина Ангелкова, пред новинарите во парламентот.

„Овие се привремени мерки во оваа фаза, до денес. Ситуацијата е исклучително динамична. Ги чекаме инструкциите на Европската комисија – водичот што се подготвува во секторот „Туризам“. Упатствата ќе бидат објавени на 13 мај“, рече Ангелкова, пренесуваат бугарските медиуми.

Во исто време, Министерството за надворешни работи објави денеска дека „објавите на Фејсбук за потпишаниот билатерален договор меѓу Бугарија и Грција за патување на карантирани граѓани не одговараат на вистината“.

На прашањето на новинарите дали Бугарија ќе наметне карантин на странските туристи кои пристигнале во Бугарија, Ангелкова одговори: „Очекуваме упатства на Европската комисија за какви мерки да се следат. Упатствата ќе бидат објавени во среда. Во оваа фаза не можам да коментирам што ќе се случи по 13 мај. Ајде да добиеме насоки“.

Промовирани огласи »

ОНЛАЈН ИНТЕРВЈУ со вработените во Халкбанк одговорни за услугата E-commerce

Дали е зголемена онлајн продажбата во Македонија?

Во онлајн интервју, вработените во Халкбанк АД Скопје отворено разговараат за значењето на услугата е-трговија, нејзините партнери, соработки, како се одвива е-трговијата во време на пандемија, нагласување на механизмите на заштита кои ги презема Халкбанк за безбедно и сигурно онлајн купување, информации за бонус поени и останати аспекти неопходни за развој на е-трговијата во земјава.

 

Кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 и сите ограничувања кои беа направени во земјава, како во работењето на продажните места, така и во ограничувањето на движењето, очигледно е дека придонесе за зголемување на свеста кај граѓаните дека со користење на онлајн услугите, едноставно, од својот  компјутер или мобилен телефон, можат да платат сметки, да извршат било какви трансакции, но и да направат нарачки на најразлични производи кои ќе им бидат доставени дома. Дали сметате дека трендот на зголемено користење на електронските услуги ќе продолжи и во иднина? 

(Атила Селим – Директор на Алтернативни Канали на Дистрибуција и Картично работење, Маркетинг)

Сигурно дека ќе продолжи дури и со позабрзана динамика. За жал ваквата несакана и неочекувана ситуација придонесе во подигнувањето на свеста на граѓаните, од каде што произлезе и дополнителната предност за дигитализацијата која придонесува за похигиенски пристап во извршувањето на финансиските трансакции и анализи. Поттикнати од потребата и налагањето хигиенски да се заштитат, нивната орирентација се насочи кон можностите за користење на електронските услуги чие што користење ќе овозможи да ги согледаат и останатите предности од нивното користење пред се заштедата на време, трошковните и безбедносните предности од каде што и произлегува заклучокот дека трендот на користењето на овие услуги ќе продолжи да расте и тоа во забрзана динамика кога веќе и пандемијата стана реалност.

Халкбанк согледувајќи ја тековната ситуација уште на самиот почеток се ориентира кон придонесот за граѓаните преку дигиталните канали. Сите плаќања до крајот на мај за физички лица се без провизија со нагласување дека и понатаму  овие провизии ќе бидат многу помали во споредба со трансакциите што се прават преку шалтер. 

Свеста за плаќање со картички ја иницираме и дополнително ја инициравме со давање бонус поени дури до 10% кај аптеките и континуирано доколку се прават нарачки кај нашите трговци кои нудат електронска трговија, како и  кај бензиските пумпи користејќи ги нашите кредитни картички. Воедно бевме и едни од главните иницијатори за подгнување на лимитот на бесконтактните плаќања на 2000 МКД и истото го промовиравме во насока на подигнување на хигиенската свест значајна во овој критичен период.

Интересот  кон Електронското банкарство драстично се зголеми, како и Електроската трговија која стана главна тема за трговците и дополнителен канал кој што веруваме дека по согледувањето на предностите ќе продолжат да го корситат и по надминувањето на оваа ситуација.

Она што е најважно дека многу граѓани сфатија дека користењето онлајн услуги не е комплицирано, туку е предност која ја носи денешното дигитално време.

Нашата земја има релативно ниско ниво на користење на електронските услуги, како во поглед на  користење на електронското банкарство, така и во поглед на плаќање со картички во трговијата, но и за купување онлајн. Често како причина за ова се спомнува стравот од злоупотреба на картичката? Колку е сигурно ваквото користење на картичките и вие како Банка какви безбедносни мерки преземате за да се оневозможат злоупотреби? 

(Атила Селим – Директор на Алтернативни Канали на Дистрибуција и Картично работење, Маркетинг)

Чуството на страв кога станува збор за парите е нешто што секогаш ќе биде причина и пречка за дигиталниот свет но она што особено радува е што оваа доверба континуирано расте на пазарот, а  кај нас  од година до година бројот на трансакции со картичките расте дури  до 30%, а кај трансакциите преку електронското банкарство до 20%. Довербата игра голема улога за што особено е важна покрај соодветната технологија, која што спречува злоупотреба, но и достапноста на банката за клиентите која што прави да се чуствуваат дека секогаш сме тука за нив реагирајќи брзо и навремено.

Технолошкиот аспект на безбедноста го вклучува PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) стандардот кој што банката го поседувала и континуирано е во процесите кон негово понатамошно следење и придржување како највисок стандард на безбедност кој што го диктира советот составен од клучните картични институции. Тоа за граѓаните  значи највисоко ниво на заштита на нивните податоци при користењето на картичките како инструмент за плаќање.

Дополнително СМС инфо опцијата која благовремено дава инфромации за направените трансакции како и автоматско Е-mail  известување при сите оnline купувања прави граѓаните да бидат 24/7 информирани на еден автоматизиран начин. 

Пристапот на сите дигитални канали како и плаќањата се базираат на OTP принцип, што значи генерирање на еднократна лозинка со напомена дека земајќи ја предвид безбедноста бевме една од првите банки кои што ја имплементираа 3D Secure Платформата каде што безбедноста за плаќања so картички online се издигнува на највисоко ниво. 

Секако дека технологијата е важна за безбедноста но сепак мислам дека човечкиот фактор е секогаш и секаде клучен  во сите ситуации така и во овој каде што се трудиме да бидеме секогаш блиски со граѓаните. Вбројувајќи се во големите банки според сегрегацијата на Народната банка значи и поголема одговорност во одржувањето на  контактот со поголем број на граѓани, a со цел да остенеме комплетно достапни за нив се имплементираше  комплетно модерен CALL центар од каде што може благовремено да се реагира  и да се информираат клиентите доколку се согледаат било какви не конвенционални сценарија кај нивните плаќања. Свесни сме дека чуството за сигурност во ваквите  ситуации  за клиентите се зголемува кога не контактираат или кога ние ги контактираме. 

Споделувајќи ја нашата голема благодарност, нашата достапност се докажа и со нашата присутност и во овој несакан период на пандемија каде што нашите колеги од филијалите и CALL центарот професионално и директно ги извршуваат своите активности за комплетно услужување на клиентите. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »