Промовирани огласи »

ПРОФЕСИЈА НА ИДНИНАТА: По пандемијата ќе бидат многу барани

Ќе ги бараат на секој чекор

Откако пандемијата на коронавирусот ќе заврши, една професија ќе биде во подем. 

Директорот за дистрибуција на технологија во рускиот Јандекс Григориј Бакунов вели дека тоа ќе бидат програмерите.

Според него, ова може да се нарече професијата на иднината. 

„Токму овие експерти ќе го движат човештвото напред“, рекол тој.

ИТ сферата може да се промени поради големиот број на луѓе кои работат од далечина заради епидемијата. 

Луѓето кои живеат во зафрлени региони и мали градови во овие околности имаат шанса да работат добро во сериозни компании. 

Барани ќе бидат и советници за кризи, експерти за дигитализација, како и експерти за управување со времето.

Во Италија веќе се појави нова професија поради пандемијата. 

Станува збор за Ковид менаџерите. 

Тие се забележани на пазарите во Милано. 

Друга прогноза која претходно беше објавена покажува дека кадрите со средно образование ќе бидат најбарани на пазарот на труд.

Промовирани огласи »

Рокот на важност на пасошите и возачите дозволи се продолжува до 31 јули

Се продолжува рокот на овие лични исправи

На вчерашната седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.

На оваа своја седница Владата ја донесе Програма за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, согласно која ќе се врши исплатата на финансиски средства за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност – баратели на финансиска поддршка, погодени од здравствено – економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, за месеците април и мај 2020 година, во висина од 14.500 денари месечно.

Владата ја усвои и Информацијата за започнување на програмирањето на Инструментот за претпристапна помош ИПА III за периодот 2021-2027, и ги задолжи министерствата да ги спроведат подготовките на стратешкиот одговор, организацијата на состаноците на секторските работни групи, како и подготовката на Акциските фишеа за 2021 и 2022 и Акциската програма во рамките на ИПА III.

На седница ја разгледа и ја усвои и Информацијата за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската унија (ФСЕУ) за справување со финансиското влијание на Ковид-19.

Во април 2020 година, како дел од Иницијативата за инвестициски одговор на коронавирусот ЕУ го прошири опфатот на ФСЕУ и тој сега вклучува и финансирање на активности поврзани со сериозни вонредни ситуации од здравствена природа поврзани со Ковид-19, и обезбеди финансиска поддршка од околу 800 милиони евра за најпогодените држави, со што би се олеснил товарот предизвикан од итните мерки.Пристап до овој фонд имаат земјите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу земјава и Соединетите американски држави – САД, од програмата на УСАИД, за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.Со овој амандман на Договорот за грант, УСАИД го зголемува износот на средства кои ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата и даде согласност за спроведување на постапка за набавка на моторни возила и мебел за потребите на Командата на СЕЕБРИГ (South-Eastern Europe Brigade – SEEBRIG).Во врска со ова, Владата го прифати мислењето на Министерството за одбрана за неопходноста од набавката за Командата на СЕЕБРИГ, мултинационалната бригада на Југоисточна Европа во која партиципираат шест земји членки на НАТО (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Северна Македонија и Турција), која со почеток од месец август 2020 година ќе биде стационирана во касарната во Куманово, во која во наредните 6 години, 60 офицери на НАТО, ќе работат во командата на оваа бригада.

Промовирани огласи »

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемија за три и пол денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот е
45,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголеми и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена сега е 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

– Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50 проценти. Пазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта со што практично се прави обид да се отпочне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта. Иако пазарот реагира на намаленото производство, сеуште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година, вели првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

Промовирани огласи »

Ако патувате во Грција или Турција по 13 мај, ќе ви биде потребeн 14-дневeн карантин, изјави министерката за туризам на Бугарија, Николина Ангелкова, пред новинарите во парламентот.

„Овие се привремени мерки во оваа фаза, до денес. Ситуацијата е исклучително динамична. Ги чекаме инструкциите на Европската комисија – водичот што се подготвува во секторот „Туризам“. Упатствата ќе бидат објавени на 13 мај“, рече Ангелкова, пренесуваат бугарските медиуми.

Во исто време, Министерството за надворешни работи објави денеска дека „објавите на Фејсбук за потпишаниот билатерален договор меѓу Бугарија и Грција за патување на карантирани граѓани не одговараат на вистината“.

На прашањето на новинарите дали Бугарија ќе наметне карантин на странските туристи кои пристигнале во Бугарија, Ангелкова одговори: „Очекуваме упатства на Европската комисија за какви мерки да се следат. Упатствата ќе бидат објавени во среда. Во оваа фаза не можам да коментирам што ќе се случи по 13 мај. Ајде да добиеме насоки“.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »