Промовирани огласи »

Државите од регионот размислуваат на која начин да ги контролираат туристите кои ќе допатуваат кај нив на одмор. 

Во Грција, Хрватска и Турција нема да може да се замине лесно на одмор. 

Во игра се три опции, воведување на т.н здравствен пасош со кој ќе докажат дека не се заболени од корона, брз тест на самата граница, или пак најнепопуларната мерка, задолжителен карантин. 

Во Турција ќе биде задолжителен негативен корона тест, сепак засега нема одлука кога ќе се отворат туристичките капацитети.

Странски туристи ќе можат да влегуваат во Грција од први јули но оти прво ќе се утврдува протоколот за патување. Тоа подразбира строга контрола на сите што ќе дојдат но на кој начин се уште не е одредено.

Во Хрватска ќе се примаат туристи од први јуни, а засега се знае дека строгите мерки ќе важат дури и за хрватската дијаспора која доаѓа во својата земја. 

Се очекува дека сите кои ќе сакаат да влезат ќе мора да имаат задолжителен корона тест, при тоа тој да не е постар од неколку дена.

Грчките експерти велат дека песокот и морето не се опасни за заразување од коронавирусот. 

Поради сонцето и високите температури, вирусот дури и да се наоѓа на песокот не може да преживее.

Промовирани огласи »

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека сѐ уште е рано да се размислува за отворање на аеродромите.

Вели дека отворањето на аеродромите, отвора други прашања за тоа од каде доаѓаат луѓето. 

„Голема бројка на граѓани ќе стигнат. Сѐ уште е во сила препораката за државните карантини и тоа останува засега. Не размислуваме за промена на оваа стратегија. Во тек се консултации со околните земји за некаква форма на регионален пристап“, вели Филипче.

Комисијата за заразни болести размислува за воведување имунолошки пасош за граѓаните кои сакаат да патуваат, како и за странците што ќе пристигнат. 

Но, уште ништо детално не е договорено на оваа тема. 

Македонските аеродроми се затворени од март. 

Прво беше затворен охридскиот, а потоа и скопскиот аеродром. 

Во Македонија има уште една жртва од коронавирусот. 

Од утре викенд карантинот почнува од 19 часот. 

Министерството за транспорт и врски неодамна апелираше граѓаните да не купуваат авионски билети, затоа што уште е рано да се планираат патувања. 

Промовирани огласи »

Владата веќе прави план за враќање на животот во нормала, а веќе се работи и на нови протоколи како да се отворат градинките, најави денеска техничкиот премиер, Оливер Спасовски при денешната посета на Пробиштип и увидот во градежните работи во изградбата на социјалната зграда.

-Јас сметам дека преку добро изградени протоколи, за однесување, што треба да се преземе од аспект на здравјето и на децата и на вработените во градинките и за спречување на ширење на коронавирусот, децата ќе можат да се вратат во градинките врз основа на тие протоколи. Меѓутоа за тоа Владата ќе донесе одлуки, а важно е да има верба кај граѓаните, вели Спасовски.

Тој истакна дека во овие моменти е важна довербата на граѓаните. Последните истражувања и анкети покажале дека над 68 отсто од граѓаните сметаат оти Владата добро се справува со здравствената криза.

-Тоа покажува не дали има поддршка структурата и персоналот, туку дека граѓаните веруваат во институциите и тоа е многу важно. Оваа криза придонесе да ја вратиме вербата во институциите на системот. Ние имавме период од 11 години во кој се разоруваа институциите на системот, по било која основа и затоа таа недоверба беше во тој период. Мислам дека со ова придонесовме да ја вратиме довербата во институциите, вели Спасовски.

Посочи дека здравствените работници покажале, како пожртвувано се работи во ваква состојба, за да се сочува животот и здравјето на граѓаните и токму преку таа стекната верба во институциите може и лесно да се врати животот, но и да почнат со работа училиштата и градинките.

Промовирани огласи »

За мерката преку која граѓаните што скенираат фискални сметки имаа можност да ги донираат парите на повратот што им следуваа на државата, за таа да се справи со корнавирусот, рокот заврши на 5 мај.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска информираше дека вкупно 8.700 корисници одговориле потврдно на донацијата за донирање. Со тоа износот на донацијата е 9,53 милиони денари или близу 155 илјади евра, кој ќе се донира во Фондот за справување со КОВИД-19.

Додека, пак, 35.219 корисниците одговориле дека сакаат да им биде исплатен повратот.

Ова покажува дека четири пати повеќе граѓани не сакале да донираат, отколку оние што донирале. 

До УЈП пристигнале мејлови од граѓани кои погрешно и ненамерно притиснале опција донирај и бараат парите да им бидат исплатени на сметка. 

„За нив дополнително, во најкраток можен рок ќе известиме за начинот на исплатата. Тоа беше поставено доброволно и им благодарам на сите што донираа“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска. 

Тагови: УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »