Промовирани огласи »

За мерката преку која граѓаните што скенираат фискални сметки имаа можност да ги донираат парите на повратот што им следуваа на државата, за таа да се справи со корнавирусот, рокот заврши на 5 мај.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска информираше дека вкупно 8.700 корисници одговориле потврдно на донацијата за донирање. Со тоа износот на донацијата е 9,53 милиони денари или близу 155 илјади евра, кој ќе се донира во Фондот за справување со КОВИД-19.

Додека, пак, 35.219 корисниците одговориле дека сакаат да им биде исплатен повратот.

Ова покажува дека четири пати повеќе граѓани не сакале да донираат, отколку оние што донирале. 

До УЈП пристигнале мејлови од граѓани кои погрешно и ненамерно притиснале опција донирај и бараат парите да им бидат исплатени на сметка. 

„За нив дополнително, во најкраток можен рок ќе известиме за начинот на исплатата. Тоа беше поставено доброволно и им благодарам на сите што донираа“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска. 

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Министерството за наутика и островска политика објави план за работата на бродовите во Грција, откако ги укина мерките против коронавирусот и најави дека земјата ќе се отвори за туризам од 1 јули.

Она што е најважно за патниците е тоа што повеќето конвенционални траекти што немаат кабини ќе можат да пополнат само 50 проценти од нивниот капацитет и во бродот и на палубите.

Максималниот број патници на бродовите со заеднички кабини ќе биде 55 проценти од вкупниот капацитет како во внатрешна така и надворешната употреба.
Што се однесува до бродските кабини, еден патник ќе може да ја користи кабината или 4 патници доколку резервацијата ја изврши семејство.

Кабините природно ќе се проветруваат, а вратата ќе треба да биде отворена по чистење и дезинфекција најмалку три часа пред да влезе следниот патник.

Кога станува збор за авионскиот превоз во Грција, седиштата ќе бидат обележани со посебни ознаки каде може и каде не може да се седи за да се одржи потребното растојание.

Промовирани огласи »

Колку деца имаат потреба веднаш да бидат згрижени во градинка, а колку штом ќе се укине мерката за отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години. Вакви прашалници со барање  итно да одговорат им се доставени на родителите. Се отвора и прашањето дали градинките се подготвуваат да примаат и школски деца бидејќи во една од графите е наведена возраст од 6 до 10 години. И додека воспитно-образовните установи се подготвуваат да ги отворат вратите, епидемиолози сметаат дека за идно нивно функционирање потребно е да се задолжителни услови поради коронавирусот. Според професорката Исјановска на вработените треба да им се направат тестирања за Ковид-19, а децата да приложат потврда дека се здрави.


Вработените во градинките треба да направат задолжителен тест за коронавирус, изјави за Сител проф.д-р Розалинда Исјановска, професор по епидемиологија на медицинскиот факултет.
Според професорката Исијановска неопходно е и да се преполови бројот на децата во една група, а да се направи поголемо растојание помеѓу креветчињата.
-Ако досега во една група има 25 деца, сега треба да има 10 до 15 смета професорката Исјановска.
Од труд и социјала под чија надлежност се градинките велат дека додека не одлучат здравствените власти како да работат овие установи и колку ќе бидат безбедни децата градинките остануваат со клуч на врата.


Извор: Сител

Промовирани огласи »

Новиот предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти веќе е презентиран пред кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување.

Според пишувањата на дел од медиумите ќе биде потребно да се почитуваат следниве протоколи:

Ограничено работно време (до 18 часот)

Се дозволува работа само на отворените делови (терасите) од кафетериите

Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат

Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект

На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови

Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса

Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци

Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »