Промовирани огласи »

Владата веќе прави план за враќање на животот во нормала, а веќе се работи и на нови протоколи како да се отворат градинките, најави денеска техничкиот премиер, Оливер Спасовски при денешната посета на Пробиштип и увидот во градежните работи во изградбата на социјалната зграда.

-Јас сметам дека преку добро изградени протоколи, за однесување, што треба да се преземе од аспект на здравјето и на децата и на вработените во градинките и за спречување на ширење на коронавирусот, децата ќе можат да се вратат во градинките врз основа на тие протоколи. Меѓутоа за тоа Владата ќе донесе одлуки, а важно е да има верба кај граѓаните, вели Спасовски.

Тој истакна дека во овие моменти е важна довербата на граѓаните. Последните истражувања и анкети покажале дека над 68 отсто од граѓаните сметаат оти Владата добро се справува со здравствената криза.

-Тоа покажува не дали има поддршка структурата и персоналот, туку дека граѓаните веруваат во институциите и тоа е многу важно. Оваа криза придонесе да ја вратиме вербата во институциите на системот. Ние имавме период од 11 години во кој се разоруваа институциите на системот, по било која основа и затоа таа недоверба беше во тој период. Мислам дека со ова придонесовме да ја вратиме довербата во институциите, вели Спасовски.

Посочи дека здравствените работници покажале, како пожртвувано се работи во ваква состојба, за да се сочува животот и здравјето на граѓаните и токму преку таа стекната верба во институциите може и лесно да се врати животот, но и да почнат со работа училиштата и градинките.

Промовирани огласи »

За мерката преку која граѓаните што скенираат фискални сметки имаа можност да ги донираат парите на повратот што им следуваа на државата, за таа да се справи со корнавирусот, рокот заврши на 5 мај.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска информираше дека вкупно 8.700 корисници одговориле потврдно на донацијата за донирање. Со тоа износот на донацијата е 9,53 милиони денари или близу 155 илјади евра, кој ќе се донира во Фондот за справување со КОВИД-19.

Додека, пак, 35.219 корисниците одговориле дека сакаат да им биде исплатен повратот.

Ова покажува дека четири пати повеќе граѓани не сакале да донираат, отколку оние што донирале. 

До УЈП пристигнале мејлови од граѓани кои погрешно и ненамерно притиснале опција донирај и бараат парите да им бидат исплатени на сметка. 

„За нив дополнително, во најкраток можен рок ќе известиме за начинот на исплатата. Тоа беше поставено доброволно и им благодарам на сите што донираа“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска. 

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Министерството за наутика и островска политика објави план за работата на бродовите во Грција, откако ги укина мерките против коронавирусот и најави дека земјата ќе се отвори за туризам од 1 јули.

Она што е најважно за патниците е тоа што повеќето конвенционални траекти што немаат кабини ќе можат да пополнат само 50 проценти од нивниот капацитет и во бродот и на палубите.

Максималниот број патници на бродовите со заеднички кабини ќе биде 55 проценти од вкупниот капацитет како во внатрешна така и надворешната употреба.
Што се однесува до бродските кабини, еден патник ќе може да ја користи кабината или 4 патници доколку резервацијата ја изврши семејство.

Кабините природно ќе се проветруваат, а вратата ќе треба да биде отворена по чистење и дезинфекција најмалку три часа пред да влезе следниот патник.

Кога станува збор за авионскиот превоз во Грција, седиштата ќе бидат обележани со посебни ознаки каде може и каде не може да се седи за да се одржи потребното растојание.

Промовирани огласи »

Колку деца имаат потреба веднаш да бидат згрижени во градинка, а колку штом ќе се укине мерката за отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години. Вакви прашалници со барање  итно да одговорат им се доставени на родителите. Се отвора и прашањето дали градинките се подготвуваат да примаат и школски деца бидејќи во една од графите е наведена возраст од 6 до 10 години. И додека воспитно-образовните установи се подготвуваат да ги отворат вратите, епидемиолози сметаат дека за идно нивно функционирање потребно е да се задолжителни услови поради коронавирусот. Според професорката Исјановска на вработените треба да им се направат тестирања за Ковид-19, а децата да приложат потврда дека се здрави.


Вработените во градинките треба да направат задолжителен тест за коронавирус, изјави за Сител проф.д-р Розалинда Исјановска, професор по епидемиологија на медицинскиот факултет.
Според професорката Исијановска неопходно е и да се преполови бројот на децата во една група, а да се направи поголемо растојание помеѓу креветчињата.
-Ако досега во една група има 25 деца, сега треба да има 10 до 15 смета професорката Исјановска.
Од труд и социјала под чија надлежност се градинките велат дека додека не одлучат здравствените власти како да работат овие установи и колку ќе бидат безбедни децата градинките остануваат со клуч на врата.


Извор: Сител

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »