Промовирани огласи »

Министерството за наутика и островска политика објави план за работата на бродовите во Грција, откако ги укина мерките против коронавирусот и најави дека земјата ќе се отвори за туризам од 1 јули.

Она што е најважно за патниците е тоа што повеќето конвенционални траекти што немаат кабини ќе можат да пополнат само 50 проценти од нивниот капацитет и во бродот и на палубите.

Максималниот број патници на бродовите со заеднички кабини ќе биде 55 проценти од вкупниот капацитет како во внатрешна така и надворешната употреба.
Што се однесува до бродските кабини, еден патник ќе може да ја користи кабината или 4 патници доколку резервацијата ја изврши семејство.

Кабините природно ќе се проветруваат, а вратата ќе треба да биде отворена по чистење и дезинфекција најмалку три часа пред да влезе следниот патник.

Кога станува збор за авионскиот превоз во Грција, седиштата ќе бидат обележани со посебни ознаки каде може и каде не може да се седи за да се одржи потребното растојание.

Промовирани огласи »

Колку деца имаат потреба веднаш да бидат згрижени во градинка, а колку штом ќе се укине мерката за отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години. Вакви прашалници со барање  итно да одговорат им се доставени на родителите. Се отвора и прашањето дали градинките се подготвуваат да примаат и школски деца бидејќи во една од графите е наведена возраст од 6 до 10 години. И додека воспитно-образовните установи се подготвуваат да ги отворат вратите, епидемиолози сметаат дека за идно нивно функционирање потребно е да се задолжителни услови поради коронавирусот. Според професорката Исјановска на вработените треба да им се направат тестирања за Ковид-19, а децата да приложат потврда дека се здрави.


Вработените во градинките треба да направат задолжителен тест за коронавирус, изјави за Сител проф.д-р Розалинда Исјановска, професор по епидемиологија на медицинскиот факултет.
Според професорката Исијановска неопходно е и да се преполови бројот на децата во една група, а да се направи поголемо растојание помеѓу креветчињата.
-Ако досега во една група има 25 деца, сега треба да има 10 до 15 смета професорката Исјановска.
Од труд и социјала под чија надлежност се градинките велат дека додека не одлучат здравствените власти како да работат овие установи и колку ќе бидат безбедни децата градинките остануваат со клуч на врата.


Извор: Сител

Промовирани огласи »

Новиот предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти веќе е презентиран пред кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување.

Според пишувањата на дел од медиумите ќе биде потребно да се почитуваат следниве протоколи:

Ограничено работно време (до 18 часот)

Се дозволува работа само на отворените делови (терасите) од кафетериите

Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат

Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект

На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови

Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса

Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци

Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)

Промовирани огласи »

За да се направи парелела помеѓу начинот на живот од една до друга земја, новинари од магазинот “Buka” разговараа со човек кој ја напушил БиХ пред повеќе од две децении. Моментално живее и работи во Шведска во приватна компанија од областа на маркетингот. Ова е неговото искуство.

На работа сум 9 часа, од кои 8 се платени. Работното време ми е од 07:00 до 16:00 часот. Секоја минута пред и после е платена x 1,25, бидејќи тоа се смета за прекувремена работа. Платата е во просек 2 800 евра, иако оваа бројка варира во зависност од искуството на индивидуата. Почетна плата е околу 2 000 евра, вели соговорникот. На оваа сума има 30% данок кој оди кај државата и од таму се финансира полицијата, војската, болниците, градинките, училиштата, развојот на градовите, изградбите и слично.

Кога станува збор за квалитетот на живот и трошоците треба да се знае дека тие многу зависат од тоа во кој вид на објект се живее. Помладите живеат во станови, а фамилииите со деца во куќи. Постојат исклучоци, но ваквиот начин е најпрактичен. За да се живее на овој начин мора двајцата да работат со полно работно време. Околу 25% од приходот се троши на кирија, односно околу 800-1400 евра. За куќа од 100 квадрати, кога станува збор за сметки, електричната енергија чини 60 евра, ладната вода 15 евра, а греењето и топлата вода околу 150 евра месечно.

На храна се троши отприлика 500 евра месечно со тоа што повеќето луѓе купуваат само еко храна, што е доста поскапа. Лебот чини 2 евра, литро млеко 1 евро, а црвеното месо е најскапо, односно цената може да достигне и до 30 евра од килограм. Од друга страна, пилешкото е околу 8 евра килограм.

Редовниот годишен одмор во Шведска е вкупно 5 недели, а во просек може да се заработат уште три од прекувремената работа. Овие 5 недели се платени како истите да ги работите.

Кога станува збор за родителството, вработениот кој ќе добие дете има право на 420 слободни платени денови кои можат да се поделат како сакате. Училиштето е бесплатно, а храната и се останато што е потребно се финансира од данокот што граѓаните го плаќаат.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »