Промовирани огласи »

Новиот предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти веќе е презентиран пред кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување.

Според пишувањата на дел од медиумите ќе биде потребно да се почитуваат следниве протоколи:

Ограничено работно време (до 18 часот)

Се дозволува работа само на отворените делови (терасите) од кафетериите

Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат

Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект

На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови

Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса

Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци

Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)

Промовирани огласи »

За да се направи парелела помеѓу начинот на живот од една до друга земја, новинари од магазинот “Buka” разговараа со човек кој ја напушил БиХ пред повеќе од две децении. Моментално живее и работи во Шведска во приватна компанија од областа на маркетингот. Ова е неговото искуство.

На работа сум 9 часа, од кои 8 се платени. Работното време ми е од 07:00 до 16:00 часот. Секоја минута пред и после е платена x 1,25, бидејќи тоа се смета за прекувремена работа. Платата е во просек 2 800 евра, иако оваа бројка варира во зависност од искуството на индивидуата. Почетна плата е околу 2 000 евра, вели соговорникот. На оваа сума има 30% данок кој оди кај државата и од таму се финансира полицијата, војската, болниците, градинките, училиштата, развојот на градовите, изградбите и слично.

Кога станува збор за квалитетот на живот и трошоците треба да се знае дека тие многу зависат од тоа во кој вид на објект се живее. Помладите живеат во станови, а фамилииите со деца во куќи. Постојат исклучоци, но ваквиот начин е најпрактичен. За да се живее на овој начин мора двајцата да работат со полно работно време. Околу 25% од приходот се троши на кирија, односно околу 800-1400 евра. За куќа од 100 квадрати, кога станува збор за сметки, електричната енергија чини 60 евра, ладната вода 15 евра, а греењето и топлата вода околу 150 евра месечно.

На храна се троши отприлика 500 евра месечно со тоа што повеќето луѓе купуваат само еко храна, што е доста поскапа. Лебот чини 2 евра, литро млеко 1 евро, а црвеното месо е најскапо, односно цената може да достигне и до 30 евра од килограм. Од друга страна, пилешкото е околу 8 евра килограм.

Редовниот годишен одмор во Шведска е вкупно 5 недели, а во просек може да се заработат уште три од прекувремената работа. Овие 5 недели се платени како истите да ги работите.

Кога станува збор за родителството, вработениот кој ќе добие дете има право на 420 слободни платени денови кои можат да се поделат како сакате. Училиштето е бесплатно, а храната и се останато што е потребно се финансира од данокот што граѓаните го плаќаат.

Промовирани огласи »

Според Законот за работните односи, годишниот одмор може да се користи во повеќе делови со договор со работодавачот, со тоа што првиот дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач) се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко.

При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување, кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на две непрекинати работни недели годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година.

Годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година.

Новост од оваа година е владината уредба со која работниците од приватниот сектор опфатени со времените мерки за заштита од ширење и превенција на болеста, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, имаат обврска да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

На работниците од приватниот сектор опфатени со времените мерки, исто така, им се наложува делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

За останатите вработени од приватниот сектор, рокот за искористување на деновите од стариот одмор е 30 јуни, а првиот дел од новиот одмор треба да биде искористен до 31 декември.

Промовирани огласи »

Авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови што би се реализира и на почетокот на мај, додека најголем дел од дестинациите се очекува да продолжат нормално да се одржуваат во јуни.

Би сакале да објасниме во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио превозниците што оперираат од “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.Сакаме да потенцирме дека на сила се уште важи Одлуката за затворање на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници. Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници, велат од Министерството за транспорт и врски.

И покрај ваквиот апел, авиокомпаниите продаваат авиобилети за дестинациите што се опслужуваат од македонските аеродроми, пишува Локално.мк.

„Визер“ продава билети за летови за периодот по 17 мај, кои за некои дестинации се нудат и по цена од само 609 денари во еден правец. „Кроација ерлајнс“ продава авиобилети од Скопје за Загреб за летови по 1 јуни. „Ер Србија“ нуди авионски билети од Скопје за Белград за летови, за коишто смета дека ќе можат да се организираат по 9 мај. Авиобилети од Скопје за Виена преку интернет-страницата на „Остриан ерлајнс“ можат да се набават за периодот по 21 мај.

Како што официјално соопшти оваа авиокомпанија, патниците кои резервирале билети за суспендираните летови ќе бидат обесштетени. Оние кои резервациите ги направиле директно на веб-страницата или преку мобилната апликација на авиокомпанијата, за начините на кои ќе бидат обесштетени ќе бидат известени преку електронска порака.

Има две опции за обесштетување. Парите може да се прикачат на Виз-сметката на патникот и во тој случај повратот е 120 проценти, но овие средства треба да се искористат во наредните 24 месеци за набавка на производи и услуги на „Визер“.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »