Промовирани огласи »

Судии преку писмо побарале од своето здружение да реагира кај Владата бидејќи намалувањето на нивните плати за месец април и мај на ниво на минималната со владина уредба, како што сметаат од таму, било „противзаконско и противуставно“, односно упад на извршната во независноста на судската власт.

„Доколку се имаат во предвид одредбите од Законот за плати на судиите и тоа чл.2 ст.2 од истиот дека платата на судијата не може да биде намалена со закон или со одлука на државен орган произлегува дека намалувањето на платите со Уредбата со законска сила претставува интервенција од страна на Владата на РСМ- извршната власт во платите на судиите која не е дозволена со закон.

Согласно чл. 8 од Уставот на РСМ темелни вредности на уставниот поредок на РСМ меѓудругите се и основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, владеење на правото и поделба на државната власт на законодавна извршна и судска власт, правна заштита на сопственоста и др.

Според чл.98 Уставот ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Од овие причини судиите сметаат дека наведената Уредба иако е донесена во вонредна состојба истата е спротивна на Уставот и на наведениот Закон за платите на судиите, со Уредбата се доведува во прашање уставно востановениот систем на поделба на власта, на владеењето на правото и преставува директна интервенција на извршната во судската власт со што се доведува во прашање и уставно загарантираната самостојнот и независност на судството. Исто така се доведуваат во прашање и повеќе загарантирани основни човекови права со ЕКЧП и чл. 1 од Протокол 1“, се вели во дел од писмото кое го објави „Фокус“.

Во буџетската прераспределба од 6,542 милијарди денари меѓу буџетските корисници со одлука на Техничката Влада заради помош на македонската економија, најмногу пари за плати се чини ќе загубат судиите и судската администрацијата - 80 милиони и Јавното обвинителство - 31 милиони.

Во формираниот Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19 влегуваат и паричните средства во износ од разликата од полниот износ од нето платата до 14.500 денари, согласно Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор.

Промовирани огласи »

Во овој период на зголемена потреба од мобилен интернет, А1 Македонија лансираше нова понуда за своите постпејд корисници. Со активација на месечниот интернет пакет Net 20GB, корисниците добиваат 20GB интернет за само 299 денари.

Како компанија која постојано излегува во пресрет на потребите на своите корисници, А1 Македонија и овој пат понуди атрактивна промоција за постпејд корисниците. Зголемениот интернет сообраќај поради работата од дома, онлајн едукацијата како и виртуелната комуникација со најблиските се само едни од причините поради кои корисниците имаат потреба од ваков тип на понуда.

Пакетот е достапен за приватни и деловни A1 постпејд корисници, исклучиво преку дигиталните канали- апликацијата Мојот А1 и веб верзијата на Мојот А1. Корисниците можат да го активираат со одбирање “Пакети” во менито на апликацијата А1, потоа со избирање “Net 20GB” во подменито “Достапни национални услуги”.  

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Да ги почитуваме мерките за заштита на јавното здравје и да ги користиме дигиталните алатки за комуникација. 

Промовирани огласи »

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека „привремено ја прекинува имиграцијата во Соединетите држави“. Со оваа извршна наредба ќе им се забрани издавање дозволи на оние што бараат постојан престој односно ќе се суспендира зелената карта, додека остануваат дозволите за привремените работници.

Трамп рече дека паузата за издавање зелени карти првично ќе трае 60 дена и дека на таков начин ќе се обиде да ја ограничи конкуренцијата за работни места во американската економија уништена од коронавирусот. Редот вклучува „одредени исклучоци“, рече тој, но одби да ги истакне, забележувајќи дека наредбата сè уште не е направена.

„Со пауза на имиграцијата, ќе помогнеме да ги ставиме невработените Американци на прво место во работните места, бидејќи Америка е отворена, рече Трамп во Белата куќа. „Би било погрешно и неправедно Американците поради вирусот да бидат заменети со имигранти од странство.

Промовирани огласи »

Владата ја зголеми цената на акцизата за нафтените деривати за три денари како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот. Средствата од зголемувањето на акцизата ќе одат во Фондот за справување со коронавирусот за финансирање на мерки за поддршка на стопанството и мерки насочени кон граѓаните.

Од Владата вчера појаснија дека ваквата уредба е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот и за обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби.

Владиниот портпарол Мухамет Хоџа на прес-конференција нагласи дека зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за компаниите и за населението.

– Имајќи предвид дека имаме пад на цената на нафтата од околу 20 денари во период од 1 јануари до 6 април оваа година имаме услови за преземање на ваква мерка, односно зголемување на акцизата за нафтените деривати како антикризна мерка во борба против коронавирусот КОВИД 19, рече Хоџа.

Зголемувањето на акцизата на нафтата, како што истакнаа од Владата, е донесено по претходни консултации со експерти и со сите засегнати страни.

За опозицијата, ваквото зголемување на акцизата е чист грабеж на граѓаните. Ова, оценија вчера од опозицијата, е начин како Владата ќе зема пари од граѓаните за да ја покрие финансиската дупка што е направена во Буџетот.

– Ниската цена на нафтата на светските берзи, власта на СДСМ ја користи за овозможување високи профити на поединци на штета на сиромашниот народ, рече на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Компанијата „Макпетрол“ која стопанисува со нафтени деривати преку соопштение изрази поддршка за одлуката на Владата, но оттаму побараа објаснување што покажуваат анализите за предлогот за зголемување и изедначување на акцизата на екстра лесното гориво и дизелот.

Ефектите од ваквиот предлог, според Владата, би биле речиси никакви.

– Екстра лесното гориво е наменето само за лимитирана употреба и законски е забрането за продажба од 15 април, ефектот од таквата мерка би бил скоро никаков, рече владиниот портпарол на вчерашната прес-конференција.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »