Промовирани огласи »

Според препораката на Владата објавена по последната нејзина седница, од петок, 24 април, банките треба да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Владата исто така го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април.

Им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Промовирани огласи »

Се поизвесно е дека нафтените деривати ќе поскапат, и покрај тоа што бизнис заедницата и граѓаните бурно реагираа на предлогот на Стопанската комора за зголемување на акцизата за 2 денари.

Владини извори калкулираат и со раст од 3 денари, апретседателот на Регуларната комисја за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски вели дека последниот збор ќе го има Владата, но дека факт е оти цените на горивата поевтиниле за 20 денари во последниве 2-3 месеци, со што се намалиле и приходите од ДДВ во државната каса.

Во саботата министерката за финансии Нина Ангеловска потврди дека се прават опсежни анализи и акцизите на нафтените деривати ќе одат нагоре, но дека нема да се изедначи акцизата за екстралесното масло со дизелот. Тоа го побарала една од стопанските комори за да се спречат злоупотребите со екстралесното масло кое наместо во домаќинствата, се користи како погонско гориво.

Меѓутоа, стопанствениците се жалеа не само поради мерката пораст на акцизите, туку и поради двата сета мерки кои ги донесе Владата. Бараат поголема, односно целосна поддршка за исплата на минимални бруто плати.

Промовирани огласи »

Министерството за финансии, Народната банка и банките се подготвуваат за исплата на априлските пезнии со цел да не се повторат сцените од крајот на минатиот и почетокот на овој месец. Министерката за финансии Нина Ангеловска, денес на прес конференција за исплата на субвенциите за тутунопроизводителите најави дека исплатата на пензиите е планирана за последната недела од април и за таа цел се прават подготовки да се систематизира и дисперзира.

Денес на прес конференција во Владата беше соопштено дека субвенциите за над 19 илајди тутнопроизводители во вкупен износ од 30 милиони евра, ќе се исплаќаат од понеделник за имателите на платежни картички, а другите, околу 50 отсто кои немааата картиќки, парите ќе можат да ги подигнуваат поделени во четири групи, од вторник до петок според првата буква од презимето.

Ангеловска не прецизира дали истиот модел ќе се примени и кај пензионерите, или пак, како што е поизвесно, според висината на пензијата, но нагласи дека станува збор за многу поголем износ на средства и за 20 пати поголем број на граѓани отколку кај исплатата на субвенциите.

-Оваа поголема исплата е планирана за последната недела од месец април и исто така ќе се систематизира и дисперзира за да не се прават толпи и да не се загрозува здравјето на граѓаните. Ќе посочам дека ваквото организирање е неопходно и воедно добар пример дека ако пристапиме системски и координирано кон ситуацијата можеме да најдеме соодветни решенија коишто ќе го земат предвид, пред се, грижата за здравјето на граѓаните. Најважно е да го заштитиме здравјето и да се избегнат ризиците, рече Ангеловска.

Министерката дополни дека оваа криза не научи на многу нешта, а воедно можеби ќе придонесе и да промениме дел од долгогодишните навики кон подобри и посовремени.

„Плаќањето со картичка е многу побезбедно отколку со банкноти“, рече Ангеловска, порачувајќи да не се користи готовина. 

Промовирани огласи »

Од почетокот на годинава па до 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 проценти, односно за 20 милиони евра, објави министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Само во првата половина на овој месец, април, повратот на ДДВ е зголемен за 65 отсто во однос на истиот период лани. 

„Ова доволно говори за посветеноста на Владата да му помогне и да внесе ликвидност во стопанството“, нагласи Ангеловска.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »