Промовирани огласи »

Од почетокот на годинава па до 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 проценти, односно за 20 милиони евра, објави министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Само во првата половина на овој месец, април, повратот на ДДВ е зголемен за 65 отсто во однос на истиот период лани. 

„Ова доволно говори за посветеноста на Владата да му помогне и да внесе ликвидност во стопанството“, нагласи Ангеловска.

Промовирани огласи »

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна  и Источна Европа, денес најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 16ти Мај. 

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Wizz Air искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.

За Wizz Air

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, работи со флота од 121 Airbus A320 и A321 авиони, е една од најмладите авионски флоти во светот и нуди повеќе од 710 рути од 25 бази, поврзувајќи 154 дестинации низ 45 држави. Тим од професионалци се задолжени за беспрекорна услуга и многу ниски цени, што го прави Wizz Air да биде првиот избор на 40 милиони патници во последните 12 месеци. 

Тагови: Wizz Air авио сообраќај

Промовирани огласи »

Тим од француски научници откри дека новиот корона вирус е многу отпорен на високи температури и дека може да го уништи дури температура при која водата почнува да врие. Која било температура пониска од 92 степени Целзиусови остава дел од вирусот функционален и и понатаму е опасен по здравјето на човекот.

Претходните теории дека со доаѓањето на топлото време новиот вирус ќе исчезне и ќе стане безопасен со ова стануваат бескорисни. Лабораториите имаат едно правило кое псотојано го користат за сузбивање на фатални вируси – „готвење“ на 60 степени 60 минути. На тој начин, на пример, се потиснува вирусот на еболата. Но, професорот Реми Шарел и неговите колеги од Универзитетот Екс-Марсеј открија дека после таквиот третман делови од новиот корона вирус и понатаму се активни и потенцијално опасни.

Но, кога САРС КоВ-2 ќе се изложи на температура од 92 степени Целзиусови на 15 минути станува целосно неактивен. Резултатите претставени во оваа студија треба да помогнат во изборот на најдобриот протокол за деактивација за да се спречи ризикот од изложување на лабораториските работници кои го истражуваат вирусот.

Промовирани огласи »

Грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, пишува МИА.

Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е во сила до 15 мај 2020 година во 15 часот, вчера беше објавена во Службен весник и е „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот на грчка територија“.

Забраната за влез во Грција не се однесува на грчки државјани, на граѓани со дозвола за престој, како и за лица чие постојано живеалиште е во Грција.

Исто така, исклучок од забраната има за камиони кои пренесуваат стока.

Во истата одлука на министрите, вклучени се и мерки што се однесуваат на поврзувањето на Грција со Албанија, Италија и Шпанија.

До 15 мај привремено се прекинати сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и е забранет влез во Грција за албански државјани, се прекинува морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

На 15 март, на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата Влада беше донесена одлука Грција да ги затвори границите со Македонија и Албанија, одлука што сега е продолжена за уште еден месец.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »