Промовирани огласи »

Oткако пандемијата ќе заврши одредени професии ќе бидат многу барани.

Рускиот експерт, Роман Шкут вели дека ИТ експертите и луѓето со средно образование, нема да бидат без работа.

Тој за Спутник изјави дека на пазарот на труд најбарани ќе бидат ИТ експертите, но и браварите и водоинсталатерите.

Смета дека пандемијата ќе придонесе да се формираат и нови професии. 
Рускиот експерт порача дека додека се дома, луѓето можат да следат некоја обука на интернет и да го збогатат своето знаење.
Светската здравствена организација алармира дека има голем број смртни случаи од Ковид 19.

Промовирани огласи »

Телекомуникациската компанија А1 Македонија со уште еден бенефит за своите корисници, во низата придобивки во периодот на Covid-19. Од денеска, А1 Македонија овозможува попуст од 50% на месечната претплата за активација на одредени дополнителни ТВ пакети. 

Имено, на сите корисници на тарифни модели кои вклучуваат ТВ услуга на кабловска или оптичка технологија им е овозможен попуст од 50% на 4 дополнителни пакети и тоа: HBOпакетот за кој редовната понуда е 249 денари месечно, промотивна понуда во овој период е 125денари месечно; Digitalb Family пакетот со редовната понуда од 299 денари месечно е со промотивна понуда за 149денари месечно и PINK и Balkan пакетите за кои редовните понуди се по 99 денари месечно за секој од пакетите, сега со промоцијата можат да бидат активирани за 49денари месечно по пакет.

За корисниците со ТВ услуга на тарифни модели на DVBT технологија достапни со 50% попуст се следните ТВ пакети: HBOLite пакетот за кој редовната понуда е 249 денари месечно, а промотивната понуда во овој период е 125денари месечно; Digitalb Lite пакетот со редовната понуда од 99 денари месечно е со промотивна понуда за 49денари месечно и PINK Lite пакетoт  со редовната понуда од 49 денари месечно е со промотивна понуда за 25 денари месечно.

Во овој период каде поголемиот број од граѓаните своето време го поминуваат во домот, овој вид на придобивки носат повеќе забава за сите корисници на А1 Македонија.

Дополнителните ТВ пакети, со 50% попуст на месечната претплата единствено се достапни за активација преку мобилната апликација Mојот А1.

Понудата е промотивна и важи ограничен период. Корисниците со активирани пакети во промотивен период ќе ги користат по намалените цени додека не ги деактивираат истите.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

Државата ги ослободува компаниите од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход, како и аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај оваа година, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

Двете ослободувања како мерки се донесени со владина Уредба со законска сила во време на вонредна состојба поради корона-кризата.

Ослободувањето се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам или транспорт, како и други обврзници кои имаат претрпено штети поради спроведувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

Да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда на вработените или на органите на управување или надзор на даничниот обврзник од денот на стапување на сила на уредбата со законска сила до денот на траењето на ослободувањето, односно 15 јуни 2020г. Исто така да не го намалат бројот на вработени сметано до 26 март до три месеци по престанувањето на најзината важност освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.,се дел од условите кои ги наброја Лукаревска, а кои треба да ги исполнат обврзниците за да ја искористат оваа мерка.

Даночните обврзници за искористување на ова право потребно е електронски да поднесат барање преку системот е-даноци на УЈП. Барањата автоматски се обработуваат, а обврзникот добива повратна порака како одговор на барањето.

УЈП

Промовирани огласи »

Речиси 32.000 симнувања има апликацијата #StopKorona. На свјот ФБ профил, министерот за здравство Венко Филипче вели дека на овој начин се помага за да се спречи ширењето на вирусот и се заблагодари на сите што ја симнале.

Апликацијата може да ја преземете на линкот: https://stop.koronavirus.gov.mk/

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »