Промовирани огласи »

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти конкретните мерки што ги презема Градот Скопје во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот за сите граѓани во земјава.

– Град Скопје нема ново задолжување во 2019 година, ниту пак користи дел од средствата кои биле префрлени како непотрошени од претходната 2018 година, напротив имаме кумулирано дополнителен вишок на приходи во износ од 364.424.419 денари – истакна Шилегов.

Тој додава дека за таа цел ја спуштаат комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат, (колкава што е минималната цена дозволена со закон) за цела 2020 година;

„Ја намалуваме фирмарината за стопанските субјекти од 7.000 на 4.000 денари за 2020 (што исто така е законски минимум);го откажуваме кредитот за изградбата на новиот Луна Парк; подигнуваме нов кредит на иста вредност за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура (која ја работат домашните компании);комуналите ќе можат да се плаќаат на 18 наместо на 12 месечни рати (ова се однесува за градби со комуналии чиј износ надминува 1 милион евра) – рече Шилегов.

Промовирани огласи »

Парите ќе ви бидат исплатени и покрај кризата и вонредната состојба.

Не се разговара за целосно укинување или стопирање на проектот Мој ДДВ, сите граѓани што скенирале сметки ќе си ги добијат назад средствата, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Пристигнаа доста предлози од граѓани што велеа дека треба да покажеме и ние солидарност и да се откажеме од овој дел, меѓутоа мотото на проектот е „Пари назад кај граѓаните“ што значи дека тоа се пари на граѓаните што скенирале сметки и сега треба да ги добијат назад. Доколку пристигнат повеќе предлози и доколу граѓаните сметаат дека треба овие средства да се насочат во други мерки или во солидарниот фонд, кој ќе биде отворен, секако за тоа можеме да разговараме, рече Ангеловска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Најави дека се што пристигнува како предлог, забелешка, критика и сугестија ќе биде разгледано од економскиот тим во Владата и ќе се преземаат соодветни мерки кои, како што рече, се најдобри за земјата и за сите граѓани.

-Имаше одредени предлози, што сметам дека се уште посоодветни за да може секој граѓанин да ја прикаже својата солидарност, во кои се бара самата апликација да му даде можност на граѓанинот доколку сака овие средства да ги донира во солидарен фонд. Ќе ја разгледаме и таа опција, посочи Ангеловска.

Мерката МојДДВ почна од 1 јули 2019. Досега кон граѓаните е направен поврат на средства за првото тримесечје од јули до септември и за второто од октомври до декември. Вчера заврши третото тримесечје што го опфаќа периодот јануари-март.

Тагови: Мој ДДВ

Промовирани огласи »

Веќе станува нормална пракса многу македонски компании од практичен аспект да се одлучуваат за полиберални правила за начинот на работата и даваат поголема слобода за изборот на локацијата на своите вработени за извршување на обврските. Сепак најважната  цел за секоја компанија е работата да биде завршена.

Како што нашата земја се соочува со епидемијата од коронавирусот, многу работодавци им овозможија на своите вработени, со брз интернет, современа технологија – паметни телефони, компјутери или таблети да го претворат својот дом во свое работно место.Така што бројот на лица кои работат од дома во последните недели дефинитивно се зголеми и стана значително поголем.

Дигиталните номади одамна се навикнати на таков животен стил, меѓутоа, што е со овие кои прв пат се среќаваат со овој предизвик? Еве неколку совети како и со работа од дома да бидете продуктивни, ефикасни и релаксирани, колку што е можно повеќе.

1. Обидете се да го организирате својот ритам и околината што е можно поприближно до канцелариските услови. Отстранете сè што може да ви го одземe вниманието. Знаеме дека моментално сè е поинтересно од извештаите кои треба да ги испратите, но во текот на работните часови откажете се од гледање телевизија, миење садови или бришење прашина.

2. Поставете приоритети – на тој начин ќе бидете попродуктивни и, во крајна линија, ќе заштедите време. Многубројните истражувања покажуваат дека ефiкасноста на работата се намалува кога се работат повеќе работи одеднаш.

3. Иако работата во кревет може да делува како одлична опција, препорачливо е да се избегнува. Читање или одговарање на мејлови, или пишување некој текст додека лежите во кревет доведува до тоа да работите со бавно темпо, а може да биде и многу лесно за да заспиете. Лежечката положба му испраќа сигнал на мозокот дека е време за опуштање и дека нема потреба од висока концентрација и будност.Остатокот од организмот ги прати тие сигнали, поради кои станува многу тешко да се остане фокусиран и продуктивен.

4. Одберете кој дел од вашиот дом ќе биде ваша „канцеларија“ во текот на работното времеи таму вршете ја целосно работата. Ваше е да одберете дали тоа ќе биде масата на терасата, трпезаријата или работната маса – она што е важно е да ви биде удобно и да имате целосен мир во кој ќе можете на најдобар начин да ги вршите работните задачи.

5. Кога секојдневно користите интернет, праќате десеттина мејлови и пристапувате до многу веб-страници за да добиете информации, безбедноста на вашите уреди и податоците што ги чувате во нив, може да бидат загрозени. Затоа е важно да го обезбедите уредот со софтвер за безбедносно решение,како што е Samsung Knox – платформата која нуди заштита на повеќе нивоа. Од моментот кога е вклучен уредот, Knox постојано е во служба за заштита на идентитетот, како и личните и службените податоци кои се чуваат на него. Knox обезбедува двојна заштита – од самата композиција на чипот во уредот, па сè до инсталираните програми и оперативниот систем.Второто ниво на заштита е апликацијата Secure Folder во која може да се чува сè што вие сакате, само за вашите очи и само вие како корисник имате пристап до „вашата скриена кутија“.

6. Не заборавајте на физичката активност! Како што е препорачливо во текот на работното време да станете и да прошетате од време на време во канцеларијата, истото важи и за работата од дома.Направете пауза, оптегнете ги нозете, направете кратки вежби или добро истегнете се.Ова е особено важно со оглед на фактот дека столчињата што ги користиме дома не се дизајнирани за целодневна работа.

7. Дополнителен предизвик кога работите од дома е соодветната организација на оброците. Планиравте да направите кратка пауза во текот на работното време за да подготвите нешто за ручек, но потоа излезе првото, па второто итно барање, а потоа и молба за помош од колега и останавте повторно гладни... Ова е можно решение – навечер подгответе ја храната за утре! Од една страна, ќе бидете сигурни дека ниту вашата работа, ниту стомакот нема да ви страдат. Од друга страна, ќе се забавувате и ќе ја пуштите вашата фантазија со комбинирање на вашите омилени вкусови и состојки.

И на крај, не плашете се од работа од дома. Помислете на ова дека е период во кој ќе можете да поминете подолго време со семејството и вашето домашно милениче. Впрочем, никогаш не било полесно по работа да го пуштите вашиот омилен филм или серија и да уживате во заслужениот одмор!

Промовирани огласи »

Грејс периодот од шест месеци кои граѓаните ќе го добијат за исплата на ратите на кредитите ќе значи и обврска за плаќање на камати за тие месеци кои ќе се вметнат во ратата по истекот на грејс периодот. Народски кажано, одложувањето на плаќање на кредитите ќе дојде по своја наплата кога по изминувањето на грејс периодот ќе треба да се плати двојно поголема камата за тие месеци. Најголем дел од корисниците на банкарските услуги тоа не го знаат, радувајќи се дека банките ќе ги „одморат“ од наплата на обврските.

Со промената во Одлуката за методологијата за управување со кредитен ризик, Народната Банка создава законска основа за превземање на активности за одложување на отплатите и репрограмирање на кредитите од страна на банките. Останува секоја банка индивидуално да одлучи дали и под какви услови ќе се пролонгира отплатата на кредитот, репрограмот, колкав би сил грејс периодот и колкава ќе биде висината на каматната стапка. Во суштина граѓаните треба да знаат дека станува збор за одлагање, а не за ослободување од обврските. Тоа значи дека се претпоставува дека по надминување на кризата, граѓаните ќе имаат доволно средства да ги исплатат претходните обврски, јас лично би бил изненаден доколку банките решат да не пресметуваат камата за грејс периодот – вели за Република, поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски.

Според него секогаш постои можност за промовирање на модели кои што ќе го олеснат плаќањето на обврските на граѓаните, но се разбира за изнаоѓањето на такви решенија неопходни се соодветно знаење и иновативност во примена на модели кои што би се прилагодиле на условите и околностите на земјата.

Сепак неопходно е и државата да располага со доволно финансиски средства или да има достапност до финансики средства кои што би ги позајмувала под поволни услови. На пример може да се креира Инструмент по примерот на Гарантен фонд за корпоративниот сектор присутен во голем број земји во светот, со тоа што истиот би бил наменет ислучиво за олеснување на плажањето по основ на кредитите на населението, пред се на оние кои што се сериозно погодени од кризата со вирусот – Ковид 19 – објаснува Миноски.

Според него ставањето во втор план на интересите на банките, кои не се откажуваат од својот профит и најавуваат дека  ќе исплаќаат дивиденди, после интересите на граѓаните е прашање на нивната општествена одговорнот и етика.

Пред извесно време пишував на тема Економијата и етика и колку е битно да се однесуваме општестевно одговорно и етички во услови на криза, укажувајќи дека тие што профитирале во добри времиња треба да се однесуваат одговорно во услови на криза и да покажат доблест и етичност и да превземат поголем товар од кризата. Затоа што кризата ќе помине меѓутоа начинот на кои што фирмите и поединците се однесувале ќе влијае и на начинот како во иднина јавноста ќе ги перцепира. Банките се во приватна сопственост и нивните сопственици можат да носат самостојно одлуки, ние можеме да се повикуваме единствено на општествена одговорност и етика, доколку државата не одлучи со закон да превзема некакви мерки.

И техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашната емисија Топ тема на телевизија Телма потврди дека, граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите.

Ние можеме сега да побараме се да се одложи, во функција на некаква помош, но мораме да водиме сметка особено за банкарскиот систем или сектор и мораме да направиме се за истиот да го одржиме таков – посочи Спасовски.

Тој тврди дека решиле да помогнат секоја од банките да изврши одлагање на обврските за три до шест месеци, но дека не е предвидено да се стопира каматата, бидејќи во предвид треба да се има дека треба да се одржува и ликвидноста на банките.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »