Промовирани огласи »

Најголемиот број на банки во Македонија, сите големи банки, постигнаа усогласеност, преку своите понуди да овозможат одлагање на отплатата на кредитните обврски до 6 месеци за кредитокорисниците – физички лица, најдоцна до 30 септември 2020 година, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

Би сакале да нагласиме дека сите овие мерки, кои вклучуваат одложување на отплатите на кредитите, се наменети за оние физички лица и компании кои навистина се во неможност во овој период да продолжат со измирување на своите обврски спрема банките и штедилниците и други доверители заради престанок со работа на компаниите, губење на работни места, намалување на плати..., соопшти МБА

Банките веќе започнаа со јавни објави за промени на договорните услови кои ќе се понудат на корисниците на кредитни производи во новонастанатите околности предизвикани од ширењето на ковид-19.

Промовирани огласи »

Регулаторна комисија за енергетика ја известува јавноста дека останува во сила препораката што пред две недели ја упатиле до компаниите кои што се вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги  поради состојбата со пандемијата КОВИД-19 да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија,  топлинска енергија и вода поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба.

„Практично со ова известување сакам да им соопштам на граѓаните да бидат сигурни дека нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила. Во исто време сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ кои  веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој период покажуваат солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Регулаторната комисија за енергетика е во разговори со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март, април и мај, се со цел да не им бидат на товар на потрошувачите. По постигнување на договор за конечниот модел ќе биде информирана јавноста.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Македонија, се уредува можноста даночните обврзници, покрај во хартиена форма, фактурите да ги издаваат и во електронска форма. Ова е со цел да се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето на хартија со цел намалување на ризикот од ширење на коронавирусот COVID-19.

Вршителот на промет, кој има право да издава фактура, треба да го извести примателот на прометот, преку електронска пошта, електронска порака и/или на друг начин дека за време на траењето на вонредната состојба, фактурите и другите документи од членот 53 став 2 од Законот за данокот на додадена вредност ќе ги издава во електронска форма. Вршителот на прометот кој нема да го извести примателот на прометот, ќе продолжи да издава фактури и други документи од членот 53 став 2 од ЗДДВ во хартиена форма.

Примателот на прометот во рок од 10 дена од приемот на известувањето има право да го извести издавачот на фактурата дека ја одбива електронската формата на достава. Ако по истекот на 10 дена од применото известување, примателот на прометот не ја одбие формата на достава, ќе се смета дека е согласен на електронската достава на фактури.

Фактурите издадени во електронска форма на примателот на фактурата му даваат право на одбивка на претходниот данок согласно со членовите 33, 34 и 34-а од Законот за данокот на додадена вредност, право на поделба на претходните даноци согласно со членот 36 од Законот за данокот на додадена вредност и право на исправка на одбивката на претходниот данок согласно со членот 37 од Законот за данокот на додадена вредност

Со фактурата издадена во електронска форма треба:

  • да биде обезбедена автентичноста на потеклото на фактурата на начин што примателот на фактурата може недвосмислено да утврди дека таа фактура е испратена од издавачот на фактурата,
  • да биде обезбеден интегритетот на содржината на фактурата на начин што применетата технологија и процедури да оневозможуваат промена на податоците во фактурата,
  • да биде обезбедена читливост на фактурата, односно визуелна и разбирлива слика на издадената фактура на компјутерскиот екран или други електронски уреди на еднаков начин како и на хартија.

Обврзниците кои што издаваат и примаат фактури во електронска форма се должни да ги исполнат евиденциските обврски согласно со членот 52 од ЗДДВ.

Промовирани огласи »

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија, а дизелот поскапе.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 1 денар за литар и изнесува 48,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтини за 1,5 денар на 50,5 денари за литар.

Цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денари на 46 и 35 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,153 денари и изнесува 18,891 денари за килограм.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »