Промовирани огласи »

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија, а дизелот поскапе.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 1 денар за литар и изнесува 48,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтини за 1,5 денар на 50,5 денари за литар.

Цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денари на 46 и 35 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,153 денари и изнесува 18,891 денари за килограм.

Промовирани огласи »

Влада бара вработените  лица кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа.

Владата на својата 31-ва седница го разгледа барањето на Министерството за труд и социјална политика и донесе заклучок со која се задолжуваат сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, вработените  лица во овие институции кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности.



Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните претпријатија основани од општините овие лица и во овие институции да бидат ослободени од должноста на доаѓаат на работното мести и од работните активности, информираат од Владата.

Истата мерка Владата им препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор.

Промовирани огласи »

Нискобуџетната авиокопанија Виз Ер, како резултат на пролонгираните забрани за патување на сите летови од и до Република Северна Македонија, ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 30 април.

Компанијата денеска соопшти дека патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.  Сто и  дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница ја измени уредбата за ограничување на движењето за време додека трае епидемијата на корона вирусот, со што им овозможи на љубителите на домашните миленици тие да можат да ги изнесат надвор со цел да ги извршат физиолошките потреби додека трае полицискиот час.

За време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, гласи одлуката на Владата.

Тоа значи дека во сабота и недела за љубитрелите на миленици останува да важи ограничувањето на движење од 16.00 до 20.00 часот и од 20.30 до 05.00 часот утредента.

Во моментов Владата на седницата размислува за уште еден сет на мерки за ограничување, а за утре се најавени економските мерки.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »