Секој полнолетен граѓанин во Србија ќе добие по 100 евра помош од државата.

Ова ќе важи без оглед дали некој е вработен, невработен или пензионер. За ова ќе бидат издвоени 520 милиони евра од буџетот на државата.
Претседателот Александар Вучиќ ги претстави економските мерки за помош на економијата.
Србија сака да им помогне да своите граѓани полесно да ја надминат корона кризата.
За фирмите кои нема да отпуштат повеќе од 10 проценти од вработените, ќе има економска помош.
Понатаму, на секој фризер, чевлар, пекар, на сите вработени во нивните компании, државата ќе им исплати минимална плата. Фризерот не може во овој момент да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен.
Вучиќ синоќа додаде дека ако однесувањето на граѓаните не се промени, тој ќе биде подготвен следната недела да предложи воведување на 24-часовен полициски час.