Промовирани огласи »

Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, вчера и официјално беа затворени.

Тоа значи дека кинеските власти ги затворија сите 16 привремени болници за заболените од коронавирусот во тој град во провинцијата Хубеи. Вкупно 49 пациенти излегоа од привремената болница во вторник околу 15:30 часот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како докторите го одбележуваат моментот кога се затвора последната привремена болница.

Тие еден по еден со насмевки на лицето ги вадеа заштитните маски, а некои и мафтаа кон камерата.

Кинеските власти ги преуредија јавните објекти како што се изложбените центри и спортски сали во 16 привремени болници. Тие служеа за изолација и лекување на пациентите заболени од коронавирусот. Во таквите центри лекарска помош добија 12 илјади луѓе

Докторите ги вадат маските во Вухан: Коронавирусот е победен!

.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19,  следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности, врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

  • Хронични респираторни заболувања
  • Тешки кардиоваскуларни заболувања
  • Дијабет ТИП 1
  • Малигни заболувања и
  • Имуно-компромитирачки состојби.

Во соопштение од МТСП стои дека за вработените лица во институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и отсуството за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.

„Овој заклучок се однесува и на самохраните родители.

За регулирање на отсуството, надлежните организациони единици за човечки ресурси во институции/фирми да побараат од овие лица да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство (потврда издадена од детската градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка, копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени, потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од сведителство).

Дополнително, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во институции /фирми да достават своја лична писмена изјава под морална, материјална и кривична одговорност дека во секое време ќе бидат достапни на работодавачот за вршење на службени работни задачи и обврски од својот дом, преку комуникација со електронска пошта или пак, во текот на денот во итни ситуации да бидат и физички на своето работно место, во период од два до три часа. Образецот за Изјава е во прилог на заклучоците.

Родителите на децата кои не посетуваат детска градинка или не се вклучени во институционално воспитно-образовни процеси не се ослободени од работа и извршување на работни активности.

Вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови да се изземат од сите заклучоци, мерки и препораки на Владата.

Повторно се укажува на потребата од почитување на препораките од страна на приватниот сектор во однос на сите донесени заклучоци, мерки и препораки од Владата за моменталната ситуација“ велат од МТСП.

Промовирани огласи »

На денешната прес конференција министерот за здраство Венко Филипче рече дека кафаните, рестораните и кафулињата, како и казината ќе работат со скратено работно време.

Со оглед дека кафеаните и кафулињата се преполни и во текот на денот, но и навечер се воведува ваква мерка.

- Од овој момент Министерот за Здравство објави дека се воведува забрана за сите јавни собири, забрана за работа на кино салите, театарски претстави, концерти, теретани… Исто така кафулињата, рестораните и казината треба да работат со скратено работно време- рече министерот Филипче.

Промовирани огласи »

Во Албанија регистрирана е првата жртва заразена од новиот коронавирус. Станува збор за 73-годишна жена од Драч, која починала од сериозни компликации, бидејќи боледувала и од други срцеви и белодробни болести.

– Седумдесет и три годишна пациентка со потврден Ковид -19 почина во 12:57 часот од сериозни компликации како резултат на неколку истовремени срцеви и белодробни заболувања. Боледуваше од други истовремени заболувања: хронична срцева инсуфициенција, СПОК, Nyha III, атријална фибрилација, хипертиреиза, соопшти Министерството за здравство.

Починатата жена пред 15 дена се вратила од Италија, а беше хоспитализирана во болницата во Драч на 3 март.

Во Албанија, според Министерството, досега регистрирани се 12 случаи со коронавирус, вклучувајќи ја и починатата жена од Драч.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »