Промовирани огласи »

На денешната прес конференција министерот за здраство Венко Филипче рече дека кафаните, рестораните и кафулињата, како и казината ќе работат со скратено работно време.

Со оглед дека кафеаните и кафулињата се преполни и во текот на денот, но и навечер се воведува ваква мерка.

- Од овој момент Министерот за Здравство објави дека се воведува забрана за сите јавни собири, забрана за работа на кино салите, театарски претстави, концерти, теретани… Исто така кафулињата, рестораните и казината треба да работат со скратено работно време- рече министерот Филипче.

Промовирани огласи »

Во Албанија регистрирана е првата жртва заразена од новиот коронавирус. Станува збор за 73-годишна жена од Драч, која починала од сериозни компликации, бидејќи боледувала и од други срцеви и белодробни болести.

– Седумдесет и три годишна пациентка со потврден Ковид -19 почина во 12:57 часот од сериозни компликации како резултат на неколку истовремени срцеви и белодробни заболувања. Боледуваше од други истовремени заболувања: хронична срцева инсуфициенција, СПОК, Nyha III, атријална фибрилација, хипертиреиза, соопшти Министерството за здравство.

Починатата жена пред 15 дена се вратила од Италија, а беше хоспитализирана во болницата во Драч на 3 март.

Во Албанија, според Министерството, досега регистрирани се 12 случаи со коронавирус, вклучувајќи ја и починатата жена од Драч.

Промовирани огласи »

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) апелира работодавачите во целост да ја почитуваат препораката за ослободување од работа на еден од родителите, а работниците да пријават во Државниот инспекторат за труд доколку се соочат со непочитување на препораката.

–  Бидејќи до КСС почнаа да пристигнуваат известувања дека некои од работодавачите од приватниот сектор не сакаат да ја почитуваат мерката која е казнива со Кривичниот законик, апелираме оваа мерка да се почитува во целост од страна на работодавачите, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Апелираме до сите работници кои ќе се соочат со непочитување на мерката од страна на работодавачите да пријават до Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31, а надлежните институции соодветно да реагираат, се наведува во соопштението од КСС.

Оттаму најавуваат дека ќе ги пријават сите случаи доколку добијат информација за непочитување на препораката.

Согласно најновите мерки што ги објави Владата во врска со коронавирусот, од работа треба да биде ослободен еден од родителите кои имаат деца до 10 години, а за тоа родителот треба да достави потврда од градинката или основните училишта. Од работни обврски се ослободуваат и родителите кои имаат деца со попреченост.

Од КСС апелираат до сите граѓани да се грижат за своето и јавното здравје и да ги почитуваат препораките.

Промовирани огласи »

Од утре нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно. Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот – информираа од ЈСП.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »