Промовирани огласи »

Во тек е подготовка на документ за стекнување статус Национален парк за Шар Планина. 

Oва е соопштено по 15-та седница на Владата. 

Владата денеска ја разгледа и усвои информација за статус на прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк и му препорача на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го издвои како посебна иницијатива предлогот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел од информативен карактер, соопштија од Владата. 

Согласно информацијата на МЖСПП, Владата им препорача на сите сектори вклучени во подготовката за определување на статусот национален парк (економија, шумарство, ловство, енергетика, транспорт, одбрана, туризам и др.), во рок од 15 дена да го достават своето мислење, по што МЖСПП ќе достави усогласен предлог до Владата на Република Северна Македонија за донесување Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Шар Планина во категоријата национален парк.

Промовирани огласи »

Со оглед дека се прекинува работата на градинките и училиштата, министерот Венко Филипче најави дека на еден родител на дете до 10 годишна возраст, ќе му биде дозволено отсуство од работното место, и тоа ќе биде платено.

„ За 1 родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство во тек на следните 14 дена и во приватниот и во државниот сектор. Притоа, апелираме да нема собири во игротеки, како што беше случај со морбилите, туку да се избегнуваат собири. Затоа што оваа мерка би немала ефект“, рече Филипче.

Промовирани огласи »

„Lucky days” во НЕПТУН од 10-12 март – Пристигнаа најголемите попусти!

„Lucky days” во НЕПТУН од 10-12 март – Пристигнаа најголемите попусти!

„Lucky days” од 10-12 март во „Нептун” - продажна акција со најголеми попусти! Овие “Среќни денови” потрошувачите ќе може да купуваат производи со најголеми попусти и до 60 рати со haPPy инстант кредитот.

Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овие 3 среќни денови!

„Нептун” има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. Целокупната понуда за “Lucky Days”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/

„Нептун” најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава”.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче предложи затворање на градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена. Тој ќе го достави предлогот до Владата, која ќе одлучува на денешната седница и ќе ја објави одлуката во текот на денот.

Исто така, се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, како и сите културни и спортски настани. Во соопштението уште се наведува и повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз.

Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »