Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче предложи затворање на градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена. Тој ќе го достави предлогот до Владата, која ќе одлучува на денешната седница и ќе ја објави одлуката во текот на денот.

Исто така, се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, како и сите културни и спортски настани. Во соопштението уште се наведува и повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз.

Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.

Промовирани огласи »

Секој кој подигнува пари од банкомат мора да плати одреден надоместок, дури и на банката во којашто нема сопствена сметка. Потрошувачите вообичаено не се ни свесни за тоа, бидејќи банките меѓу себе ги регулираат овие надоместоци. Во зависност од договорот, потрошувачите ги сносат трошоците преку надомест за одржување на сметката.

Надоместок мора да се плати и при подигнување пари од банкомат во странство. Износот на тој надоместок се разликува, покажува истражувањето на Виенската комора, спроведено во септември и октомври минатата година, пренесува Indikator.ba.

Подигнувањето пари во Германија може да биде најскапо. На потрошувачите им се наплаќаат меѓу 1,95 и 6,50 евра. На Малта и во Холандија надоместокот е пет евра, а во Словенија четири. Австрија за оваа услуга наплаќа меѓу две и четири евра, додека најнизок надоместок се плаќа во Шпанија, 1,25 евра, но и таму може да се зголемат до четири евра.

“Пристапот до сопствените пари мора да биде бесплатен, бидејќи секако плаќаме доволно за сметката. Надоместоците за банкоматите се опфатени, во зависност од пакетот за тековна сметка, со тримесечен надомест за управување со сметката“, вели Габриел Згубич, од Виенската комора.

Надоместоците за банкомати веќе беа случај во Уставниот суд во Австрија. Во 2018-та година, судот одлучи дека наплатувањето на надоместоци за повлекување од банките е неуставно.

Промовирани огласи »

Елон Маск е познат по тоа што поставува тешки цели. Сепак, на крајот на февруари, се покажа дека шефот на Tesla и SpaceX им наредил на сите вработени во компанијата за вселенска технологија во една од фабриките да се состанат во еден часот наутро во недела. Во раните утрински часови, според CNBC, тој сакал да открие од неговиот тим зошто фабриката не работи деноноќно за да се изградат вселенски летала и ракети.

Инженерскиот тим соопштил дека е потребно повеќе луѓе да работат на вакви смени. Како резултат на тоа, SpaceX ангажирал 252 нови вработени во рок од 48 часа, удвојувајќи ја својата работна сила во таа фабрика.

Случајот покажува многу за тоа како е да се работи за Маск.

Претседателот на SpaceX, Гвен Шотвел, се приклучила на компанијата во 2002 година како вработена број 7. Деценија и половина подоцна, таа вели дека сè уште сака да работи за Маск. Но, исто така,таа признава дека тој е доста интензивен.

„Нема сомнение дека Елон е многу агресивен во врска со неговиот тајминг, но искрено, тоа нè тера да ги правиме работите подобро и побрзо“, рече Шотвел во разговорот за ТЕД за 2018 година.

„Мислам дека целото време и сите пари во светот не се најдоброто решение и затоа да се изврши притисок врз тимот да се движи брзо е навистина важно“, додава таа.

Шотвел рече дека морала да научи да слуша и да размислува пред да ги одбие смелите цели на Маск.

„На прво место, кога Елон кажува нешто, мора веднаш да направите пауза и да не викнете: „Па, тоа е невозможно“ или „Нема шанси да го сториме тоа. Не знаеме како“. Ја затворате устата и размислувате за тоа и наоѓате начини како да го направите“, вели Шотвел.

Макс Кодак, извршен директор на Neuralink, каде што Маск работи на изградба на интерфејс замозок, за да ги поврзе луѓето со компјутерите, имал слично искуство.

„Елон го има овој неверојатен оптимизам, со кој ќе ги пробие овие имагинарни ограничувања и ќе ви покаже дека е можно многу повеќе отколку што навистина мислите денес“, рече Кодак во академијата за науки на Калифорнија во 2019 година.

Во твит, во кој регрутира вработени да работат за неговите компании, самиот Маск признава дека може да биде тешко да се работи со него.

„Има многу полесни места за работа, но никој досега не го сменил светот, работејќи 40 часа неделно“, твитна Маск во ноември 2018 година.

„Но, ако го сакате она што го правите, тоа (претежно) не се чувствува како работа“, додава тој.

Промовирани огласи »

Погледнете ги новите работни места на KARIERA.mk и аплицирајте!

Над 300 нови работни места!

B watch 1920 со својата 100 годишна традиција на пазарот во Македонија, се докажа како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници, накит и очила за сонце од светски познати брендови, има потреба од АГЕНТ ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/IQPHQN0n9EmJajDZa_yrjA/agent-za-golemoprodazhba

Брико Македонија е во потрага по ПРОДАВАЧИ И КАСИЕРИ: https://kariera.mk/job/PsfVbBse0kGx23vwV6WgVw/prodavachi-i-kasieri

Eрак Груп е компанија со долгогодишно и меѓународно искуство во областа на транспорт,логистика,туризам и угостителство и го проширува својо тим со ВОЗАЧ НА АВТОБУС: https://kariera.mk/job/0IhUt4XI00O4FyMR0cLAnw/vozach-na-avtobus 

Бролинс АД, осигурително брокерско друштво има потреба од вработени во ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ во Скопје, Велес, Тетово, Гостивар, Струмица и Радовиш: https://kariera.mk/job/cBHiimDi706NIOXvj5pLvA/vraboteni-vo-prodazhba

Сетек со отворено работно место во Штип за РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/zFNlfUvLUkSKvFS1rV2Cnw/referenti-za-prodazhba-vo-shtip

Артигум Менаџмент има потреба од ПРОФЕСОРИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК: https://kariera.mk/job/yDqMxv1PNkGu2LKv0T_hMQ/profesori-po-germanski-jazik

Code Academy, академија со повеќе од 200 студенти во центарот на Скопје има потреба од СТУДЕНТСКИ КООРДИНАТОР: https://kariera.mk/job/U8LuFn0i_0q6HR_Osya2Kw/student-koordinator

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »