Промовирани огласи »

Работодавачот, кој користи редовно работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот. Од аспект на заштитата при работа, работата ноќе претставува тежок и неповолен услов за работа, и затоа тој претставува посебен услов за работа и како таков треба да биде утврден во договорот за вработување.

Работникот има посебни права кога работи ноќно време:
– Работникот кој работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа.

– Ако на работник заради ноќна работа според мислење на лекарската комисија заради таквото работење би можела да му се влоши здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира на соодветна работа дење.

– Работодавачот, на негов трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди:

1) подолг одмор;

2) соодветна храна;

3) стручно раководство на работниот, односно производниот процес и

4) лекарски прегледи, пред нивно ангажирање во ноќна работа и во редовни временски периоди утврдени со закон.

– Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците.

– Работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа.

– Работното време на работникот кој работи ноќе на работно место, каде што постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, не смее да трае повеќе од осум часа дневно.

Посебна заштита
Во контекст на правата на заштита при работата, работата ноќе се јавува и како услов за утврдување на правото на посебна заштита на одредени категории работници во текот на работата, пред се жените работници, повозрасните работници и работниците под 18 годишна возраст.

– Работничка од областа на индустријата и градежништвото не може да се распореди на работа ноќе ако работата во тоа време би оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден. Ова не се однесува на работничка која има посебни овластувања и одговорности или која врши работи на здравствена, социјална и друга заштита на работници.

– Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст не смее да работи ноќе меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. По исклучок може да се одреди работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст да работи ноќе во случај на виша сила, кога таквата работа трае определено време и мора веднаш да биде извршена, а полнолетните работници не се на располагање.

– На повозрасниот работник(од 57 години жени и 59 години мажи) работодавачот без согласност на работникот не смее да му одреди прекувремена или ноќна работа.

Казна
Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач – правно лице, ако ноќната работа ја организира спротивно на Законот за работни односи, односно не го извести инспекторот за воведување на ноќна работа;

Битен елемент во однос на погоре наведените права е да работникот претходно поднесе барање до работодавецот во врска со било кое право кога работникот работи ноќе. Доколку и во тој случај не се исполни правото се пристапува кон тужбено барање.

Тагови: годишен одмор

Промовирани огласи »

Најостри мерки за непочитување на препораките и загрозување на јавното здравје на граѓаните, ќе има за сите .

-Таа сега е на лекување, практично ќе биде затворен целиот оддел а ќе бидат преземени мерки против сите за кои што ќе биде утврдено дека направиле нешто што го загрозува јавното здравје и тука јасно ја упатувам таа порака дека сите препораки кои што ние ги дадовме, ги предложивме, Владата ги усвои и понатаму ги предложи како одлука на Влада, мерки со кои што сме во предност во целиот регион, ние тоа го направивме многу, многу рано, апелиравме за немање масовни јавни собири на кои се очекуваат гости од странство, автоизолација после доаѓање од ризичните региони, добро спроведување на веќе препорачаната мерка со здравствен надзор и самоизолација, рече министерот Филипче запрашан дали ќе се преземат некакви мерки против Директорката за која јавноста денеска е информирана дека е позитивна на коронавирусот по  враќањето од Италија пред неколку дена.

Филипче кажа дека секаде каде ќе биде виден прекршок, ќе преземат најостри мерки на санкционирање.

-Во однос на конкретниот случај и со оглед на тоа што сега новозаразената ќе биде хоспитализирана, сите други ќе бидат во домашна изолација, и колеги и колешки, вработени и пациенти на таа клиника , морам да кажам дека сум максимално разочаран, посочи министерот Филипче.

Промовирани огласи »

Синоќа беше промовирана песната која ќе ја преставува нашата земја на овогодинашното издание на песна за Евровизија 2020 година што ќе се одржи во Ротердам, Холандија.

Васил Гавранлиев со песната “YOU”, ќе ја преставува нашата земја. Ќе пее во првата полуфинална вечер на 12. мај под редно место број 5.

Финалето ќе биде на 16. мај.

Видео: Промовирана песната со која Васил Гарванлиев ќе настапи на „Евровизија“

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,42 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 02 март годинава.

Од вечерва на полноќ 00:01 часот на 10.03.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2 денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари за литар за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 64 денари за лиртар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажните цени наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 1,50денари за литари ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и 43,50 ден/лит за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 ден/кг и ќе изнесува 28,895 ден/кг.

Од вечерва на полноќ 00:01 часотна10.03.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 62,00(денари/литар),моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 64,00(денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,50(денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 43,50(денари/литар) и мазут М-1 НС 28,895(денари/килограм).

„Клучните фактори што влијаатна крајната ценасогласно Методологијата за формирањена цените е курсот на денарот во однос на долароти референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалувањеи тоакај бензинот во просек за околу 6,30%, кај дизелот намалување е во просек за околу 3,24%, кај екстра лесното масло има намалувањево просек за околу 3,55% мазутот е намаленво просек за околу 4,23%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за 2%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри иизвршено есоодветно прилагодување.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на10.03.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »