Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,42 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 02 март годинава.

Од вечерва на полноќ 00:01 часот на 10.03.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2 денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари за литар за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 64 денари за лиртар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажните цени наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 1,50денари за литари ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и 43,50 ден/лит за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 ден/кг и ќе изнесува 28,895 ден/кг.

Од вечерва на полноќ 00:01 часотна10.03.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 62,00(денари/литар),моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 64,00(денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,50(денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 43,50(денари/литар) и мазут М-1 НС 28,895(денари/килограм).

„Клучните фактори што влијаатна крајната ценасогласно Методологијата за формирањена цените е курсот на денарот во однос на долароти референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалувањеи тоакај бензинот во просек за околу 6,30%, кај дизелот намалување е во просек за околу 3,24%, кај екстра лесното масло има намалувањево просек за околу 3,55% мазутот е намаленво просек за околу 4,23%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за 2%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри иизвршено есоодветно прилагодување.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на10.03.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Две третини од граѓаните бараат забрана за обложувалници во населени места, покажуваат резултатите од најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Во анкетата 77,7 проценти од испитаниците рекле дека треба да се ограничи бројот на казина и спортски обложувалници, додека 14,8 проценти не се согласуваат со тоа. Седумдесет и девет проценти од граѓаните сметаат дека треба да се забрани отворање на казина во населени места додека 14 проценти се против. Според 69,5 проценти од анкетираните дека треба да се забрани отворање на спортски обложувалници во населени места, а со тоа не се согласуваат 22,2 проценти. . Со став дека казината и обложувалниците треба целосно да се забранат се 48,2 проценти, додека 39,2 проценти не се согласуваат со тоа.
Седумдесет и пет проценти од анкетираните се согласуваат дека казината и спортските обложувалници треба да плаќаат повисок данок, додека 12,3 проценти не се согласуваат со тоа. Само 22,1 процент од граѓаните во анкетата рекле дека одат во спортски обложувалници, а две третини, или 75,9 проценти велат дека не се обложуваат во спортски обложувалници. Очекувано, поголем број од оние кои одат во обложувалниците се мажи. Па така, 34,5 проценти од мажите велат дека се обложуваат, додека тоа велат дека го прават само 9,8 проценти жени. Во анкетата 63,8 проценти од мажите и 88 проценти од жените одговориле дека не посетуваат спортски обложувалници. Близу половина од оние кои се обложуваат или 46,7 проценти тврдат дека трошат до 500 денари месечно.

Во обложувалниците месечно трошат меѓу 500 и 1.000 денари 37,7 проценти од анкетираните, седум проценти трошат од 1.000 до 5.000 денари месечно, додека 2,9 проценти над 5.000 денари секој месец. Повеќе од половина од анкетираните или 52 проценти се на ставот дека државата не треба да организира игри на среќа, а 38,1 процент немаат против државата да организира вакви игри. Сепак, 76,4 проценти од анкетираните велат дека државата не треба да набавува апарати за игри на среќа, додека само 10,4 проценти сметаат дека државата треба да инвестира во овој бизнис.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1 104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус три проценти.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена од корона вирусот.

Пациентката е жена лекар, која допатувала од Италија, директорка на Клиниката за кожни болести, изминатите 5 работни дена одела редовно на работа. Нејзината состојба е иста како и на двајцата сопружници, стабилна, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана. Во текот на денот ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница.

Целата екипа на Институтот од јавно здравје прави проверка на сите кои соработувале со неа, вработени и пациенти. Можно е одделот целосно да биде затворен. Пациентите коиѓто се хоспитализирани исто така.

Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно. Не може да се затворат границите, тоа е невозможно. Потенцирам, секој којшто доаѓа од ризичен регион, доколку на граница нема симптоми, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штити своето здравје и здравјето на населението. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје, кажа Филипче.

Промовирани огласи »

Wizz Air, Најзелената авиокомпанија во Европа и најголемиот ниско-буџетен превозник во Централна и Источна Европа, денеска објави дека рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот. 

Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април.  

Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.  

Од виокомпанијата  посочуваат дека може да ги информираат само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата. Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции - вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети. 

Тагови: Wizz Air авио сообраќај

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »