Сите оние кои немаат „СКОПСКА„ картичка за возење во автобусите на ЈСП , од денес ќе може си купат билет за едно возење.

За 50 денари билет, ЈСП го врати хартиениот билет за едно возење во скопските автобуси, а истиот ќе може да се купи и во автобус и на билетарница.
Билетите се приспособени да може да се употребуваат на постоечките валидатори.
Се очекува враќањето во употреба на билетот за една употреба најмногу корист ќе имаат граѓаните од внатрешноста но и туристите кои досега не можеа да ги користат услугите на автобусите во главниот град .