Ако на состанокот имате нешто да кажете, да претставите некој проект или да поднесете извештај и да дадете некој предлог, имајте на ум дека тоа ви е шансата да се покажете. Дали знаете дека 93 % од комуникацијата помеѓу луѓето се одвива невербално. Секако дека треба да знаете што зборувате, но многу е поважно да изгледате, убедливо и допадливо.

Контакт со очите
Додека говорите, гледајте ги другите во очите, бидејќи вие им се обраќате на нив. Ако ги гледате соговорниците во очи, тоа значи дека ве интересира дека ги слушате, а со тоа и дека сте сериозни во она што го зборувате.
Бидете позитивни
Бидете ведри и позитивни, разменувајте позитивни коментари, покажете ведрина, ентузијазам… Започнете го состанокот со некоја интересна приказна, не мора да бидете многу духовити, смао бидете ведри и насмеани.
Бидете интерактивни
Ако сакакте размена на предлози, мислења и идеи, започнете први со вашите предлози и разгледувајте ги позитивните и негативните страни.

Сумирајте ги сите заклучоци на крајот
Кога состанокот ќе заврши, секогаш сумирајте ги сите точки на крајот за кои што сте зборувале и договорот кој што сте го постигнале. Се што е договорено на состанокот, треба да се реализира и да се знае дека станува збор за сериозност.
Ракувајте се
Многу е важно да се ракувате пред состанокот и на крајот од него. Внимателно ракувајте се и гледајте го соговорникот во очи и најсмевнете се.
Кратко и јасно
Сите ќе ви бидат благодарни на заштедувањето на времето, нема потреба состаноците да траат долго. Држете се до темата, спречете ја дигресијата и зборувајте за суштинските работи. Ако сите се фокусирани и се држат до темата, состанокот може да трае и до 15 минути.
Внимавајте на совјот изглед
Кога зборувате сите вас ве гледаат и затоа се препорачува да изгледате модерно и културно. Лидерите и менаџерите водат внимание на се што е кажано.
зменувајте позитивни коментари, покажете ведрина, ентузијазам… Започнете го состанокот со некоја интересна приказна, не мора да бидете многу духовити, смао бидете ведри и насмеани.
Бидете интерактивни
Ако сакакте размена на предлози, мислења и идеи, започнете први со вашите предлози и разгледувајте ги позитивните и негативните страни.