Поевтини бензинот, поскапе дизелот. Драстична разлика или ценовни шокови на горивата нема, како и што препорача Регулатораната комисија за енергетика. Бензинските што ги посетивме се со идентични суми како и другите. Бензинот еуросупер 95 чини 71 денар, додека еуросупер 98 е два денари поскап. Дизелот вреди 64 денари по литар.

На повеќето бензински пумпи коишто ги посети екипата 1ТВ, дизелот е поскап за половина денар. Голем дел од купувачите на горивата за иста сума точат гориво. Така што, ако еден возач за 500 денари плати дизел, ќе вози 7,8 литри.
Цените за кои нафтените компании се решија се по методолигијата којашто се преиминуваше. За економскиот вицепремиер Кочо Анѓушев, има коректен пристап бидејќи не се зголемени цените на горивата, иако пазарот е либерален. Државата, ветува Анѓушев ќе постави највисок праг сума за продажба на горивата, за да се заштитат граѓаните од евентуално монополско здружување.
„Компаниите коректно го поставија своите центи. Ние како влада им сме благодарни, видовме дека имаат чувство за пазарот. Оттука и ние како Влада нема да бидеме ригорозни во регулирање пазарот, ќе оставиме колку што може тој да биде либерален. Но, мораме да го кажеме и фактот дека во моментот 80% од продажбата на големо на нафтени деривати на нашата држава се одвива во Окта којшто главен тровец на големо во државата и сега тука би требало да пристапиме со внимание како не би на крај цената ја платат граѓаните на нашата држава“, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
До нов закон, секој понеделник со цените на горивата можат да си „играат“ самите нафтени компании. Граѓаните на бензинска ќе одат со калкулатор.