Промовирани огласи »

Бројот на исклучени домаќинства поради ненавремено платени фактури за потрошена електрична енергија во 2018 изнесувал 73.727 прекини на снабдувањето. Бројот е намален за 5,37 отсто во однос на една година претходно, но тој и понатаму е огромен.

Вкупниот број на телефонски јавувања во Центарот за односи со корисници на ЕВН Македонија во 2018 година изнесува 539.288 што споредено со 2017 година (624.614 телефонски јавувања), има намалување од 13,66 отсто. Слична корелација се гледа и кај бројот на пристигнати поплаки по електронска пошта, каде што во 2018 година овој број изнесува 52.107, што споредено со 2017 година (55.570 поплаки по електронска пошта) претставува намалување од 6,23 проценти.

Во однос на приговорите за снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи во 2018 година, пристигнати се вкупно 34.040, од кои одобрени се 27.352 приговори, додека 6.822 се одбиени. Просечно време на одговор по приговор во 2018 година изнесува 48 дена.

Промовирани огласи »

Се што ве интересира за приватизацијата проверете онлајн

Проверете од дома или од канцеларија🙂

Почнувајќи од денеска, граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат онлајн за она што ги интересира за приватизацијата. 

Тоа можат да го сторат на порталот privatizacija.finance.gov.mk. Таму ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР). Министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УИПР, Шасине Касами денеска ја презентираа оваа платформа. Тевдовски вели дека нема веќе предмети во фиока. 

„Направивме системско решение, платформа privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите ќе можат од својот дом или канцеларии, преку компјутер да ja следат постапката за приватизација во Управата за имотно-правни работи. Ова значи дека граѓаните и фирмите ќе имаат постојано увид во која фаза е нивниот предмет - од прием на барањето за приватизација, преку обработка на предметот и решавање на истиот - до архивирање“ - рече Тевдовски.

Тој објасни дека придобивките од ваквиот пристап е дека граѓаните и фирмите добиваат нова и подобра услуга од Управата, ќе се подобри ефикасноста на Управата и ќе се изврши дигитализација на процесите.

Касами изјави дека платформата privatizacija.finance.gov.mk е само еден од чекорите кои ги Управата за ефикасна, модерна и ориентирана кон граѓаните и фирмите Управа за имотно правни работи.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница.

На подготвителната седница на РКЕ ќе се разгледува Предлог-текст на правила за пазар на природен гас. 

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи. Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истекува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената, пренесе Плусинфо.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

Промовирани огласи »

Нов забавен парк во Скопје со адреналински атракции

Возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови - уште едно место за забава и дружење.

На улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“ е лоциран новиот забавен адреналински парк „Мега“.

Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити. 

Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17:00-00:00, во петок до 01:00, сабота и недела од 10:00-01:00.

Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »