Промовирани огласи »

Се што ве интересира за приватизацијата проверете онлајн

Проверете од дома или од канцеларија🙂

Почнувајќи од денеска, граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат онлајн за она што ги интересира за приватизацијата. 

Тоа можат да го сторат на порталот privatizacija.finance.gov.mk. Таму ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР). Министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УИПР, Шасине Касами денеска ја презентираа оваа платформа. Тевдовски вели дека нема веќе предмети во фиока. 

„Направивме системско решение, платформа privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите ќе можат од својот дом или канцеларии, преку компјутер да ja следат постапката за приватизација во Управата за имотно-правни работи. Ова значи дека граѓаните и фирмите ќе имаат постојано увид во која фаза е нивниот предмет - од прием на барањето за приватизација, преку обработка на предметот и решавање на истиот - до архивирање“ - рече Тевдовски.

Тој објасни дека придобивките од ваквиот пристап е дека граѓаните и фирмите добиваат нова и подобра услуга од Управата, ќе се подобри ефикасноста на Управата и ќе се изврши дигитализација на процесите.

Касами изјави дека платформата privatizacija.finance.gov.mk е само еден од чекорите кои ги Управата за ефикасна, модерна и ориентирана кон граѓаните и фирмите Управа за имотно правни работи.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница.

На подготвителната седница на РКЕ ќе се разгледува Предлог-текст на правила за пазар на природен гас. 

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи. Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истекува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената, пренесе Плусинфо.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

Промовирани огласи »

Нов забавен парк во Скопје со адреналински атракции

Возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови - уште едно место за забава и дружење.

На улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“ е лоциран новиот забавен адреналински парк „Мега“.

Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити. 

Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17:00-00:00, во петок до 01:00, сабота и недела од 10:00-01:00.

Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.

Промовирани огласи »

Иако економската криза е најголемиот загушувач на средната класа, сепак во светски рамки таа е во благ пораст. Во моментов, речиси две милијарди лица на земјината топка уживаат во благодетите на средната класа, за десетина години оваа бројка ќе се искачи на 3,2 милијарди лица, а во 2030 година ќе има 4,9 милијарди средно богати лица.

Според критериумот на ОЕЦД, за да се биде дел од средниот слој, дневната потрошувачка треба да изнесува меѓу 460 и 4.600 денари, или од 7,4 до 74,4 евра. За 4-члено семејство да го премине прагот и да стане дел од средната класа, минимално дневно му се потребни 29,6 евра, а месечно 888 евра, или 54.878 денари.

Колку македонски граѓани, односно интелектуалци, професори, лекари, правници, банкари... се дел од средниот слој. Колку од нив имаат семеен месечен приход од минимум околу 1.000 евра. Според Државниот завод за статистика, во земјава работат околу 680.000 лица, а токму тие со своите плати треба да му го овозможат стандардот на семејството.

Статистиката утврдила дека најмногу или 19,6% од вработените имаат примања од 10.000 до 12.000 денари. Процентот на лицата што земаат плата од 12.001 до 14.000 денари е 9,4%, од 14.001 до 16.000 се 8,7%, од 16.001 до 18.000 денари се 6,6%, од 18.001 до 20.000 денари се 7,1%, од 20.001 до 25.000 се 15,5%, од 25.001 до 30.000 примаат 6,9%, а од 30.001 до 35.000 се 3,9%. Статистиката утврдила дека 6,4% од вработените се со плата од над 35.000 денари.

Јазот меѓу богатите и сиромашните граѓани се продлабочува и тој се повеќе наликува на пирамида каде на основата се сиромашните граѓани, а на врвот најбогатите.  Дали средната класа во Македонија постепено ја снемува и доколку ја има, оди ли таа на опера и балет, или ја снемува како што одовде усчезнуваа - операта и балетот. Просечниот македонски граѓанин дури 39% од неговите месечни приходи ги троши на храна и основни животни намирници, 5,9% на облека, додека 11,6% одвојува за комуналии. Македонецот се грижи и за неговото здравје и одвојува околу 3,6% од својата плата, за сообраќај нешто повеќе од 5,9%, а за покуќнина 4,9%.

Трендот на губење на средниот слој е присутен и во земјите од ЕУ. Средната класа во Германија во моментов е застапена со 58%, иако пред десетина години бројката достигнувала 65%. Во Хрватска која на први јули годинава станува дел од ЕУ, само 25% од населението се дел од овој слој, или еден милион од вкупно 4 милиони жители на оваа земја. Во Србија и Бугарија, пак, една петтина од населението е дел од средната класа, а останатите едвај успеваат да ги подмират комуналните трошоци. - Средната класа не може да си купи ниту половен автомобил.

На годишен одмор оди само ако плати на рати, а се почесто купува животни намирници кои се егзистенцијални, а се почесто се откажува од користење на разни услуги - вели српскиот економистот Мирослав Здравковиќ . За професорот Татјана Стојаноска од Институтот за социологија, средната класа е столбот на секое општество, но и рамнотежа, посебно за општествата што настојуваат по сите општествени параметри да се развиваат и унапредуваат.

Таа деновиве за јавноста кажа дека најголемиот процент од граѓаните во современите општества се дел од средниот слој. -За Македонија специфично е, посебно кога се говори за раслојувањето, големата и остра дискрепанца која се јавува помеѓу слоевите.

Од осамостојувањето на државата до денес, транзицијата која за жал ја боледуваме повеќе од дваесет години, придонесе да се раслои средниот слој и полека да почне да исчезнува, при што поголемиот дел од луѓето кои припаѓале по сите белези на него се придвижуваат во надолна линија, а мал дел се искачуваат нагоре и си овозможуваат луксузни добра. За една држава да биде стабилна, носечки столб е средниот слој, кој за жал кај нас полека се тенчи и сето тоа доведува до огромни разлики помеѓу малиот процент на богати граѓани и големиот процент на сиромашни - смета Стојаноска.

Американски сон

Околу 80% од населението на САД е средна класа и сонува еден ден да биде на врвот. Американскиот претседател Барак Обама, деновиве посочи дека директорот на Епл е најдобар пример за остварување на американскиот сон. За Обама најголемата сила на САД отсекогаш била нејзината средна класа во експанзија, каде што секој може да се стреми кон остварување на американскиот сон. Според него, тоа е цел што треба да се остварува со истакнување на личности како што е Џобс кои развиле дури два-три револуционерни производи, врз основа на што се очекува да стекнат капитал. Спротивно од САД, многу европски држави како Шпанија, Италија и Грција каде драстично се намалува средната класа не можат да го доживеат американскиот сон.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »