Промовирани огласи »

HAPPY WEEK акција во „Нептун" со големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи! Од 15-22 април, потрошувачите ќе можат да го купат било кој производ од асортиманот на Нептун по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба.

Во неделата на големи попусти и рати без камата клиентите можат да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, електрични тротинети, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta.

Целокупната понуда за “Happy week”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

Дополнително, „Нептун" нуди и широка палета на услуги на своите клиенти како лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба и најновиот продукт кобрендирана кредитна и кешбек haPPy MasterCard. Со ова, потрошувачите во Нептун добиваат најдобро можно купувачко искуство преку одбрана селекција на производи со докажан квалитет и услуги кои креираат дополнителна вредност.

„Нептун" е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника, апарати за домаќинство, телевизори, компјутери, лаптопи, смартфони, производи за нега и убавина. „Нептун" е дел од групацијата „Балфин" која во Македонија е актуелна со изградбата на трговскиот центар “Ист Гејт”.

Промовирани огласи »

Креативен лидер ќе го охрабри неговиот персонал да размислува надвор од кутијата, и никогаш нема да отпушти дива идеја.

Како и сè, ако некој лидер сака да ја поттикне креативноста на работното место, континуално треба да работи на тоа.

Креативните водачи ги поттикнуваат иновациите и ги избегнуваат ограничувањата или границите на креативноста.

Еве неколку навики на лидери кои ќе помогнат да се развие креативна работна сила:

  • Поттикнување на теренски патувања
  • Дајте време на вработените да бидат креативни
  • Не ставајте граници на идеи
  • Бидете искрени
  • Охрабрете ги авантгардните идеи
  • Немојте да бидете стриктни во нивниот распоред

Kреативните лидери се вистински љубопитни. Тие читаат. Тие присуствуваат на културни настани. Тие наоѓаат убавина во природата и во уметноста.

Оваа потрага по знаење и инспирација е кој помага да се поттикне креативноста. Да се биде вистински љубопитен за светот дозволува повеќе можности да бидете креативни.

Промовирани огласи »

Во првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што е пораст од 7% споредено со истиот период во 2018 година.

Меѓународниот Аеродром Скопје опслужи 454.448 патници во првиот квартал од 2019 година, со 5,6% пораст на годишно ниво, додека на Аеродромот Св. Апостол Павле Охридопслжени беа 26.397 патници, што е 63,9% годишен пораст.

Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници наМеѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Скопскиот аеродром ја забележа очекуваната стапка на пораст од 5,6%, што ќе биде и повисока во вториот и третиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации, Баден-Баден и Бремен отворени во март оваа година, како и Ларнака и Турку, кои што ќе бидат отворени во јули 2019 година. На охридскиот аеродром забележавме неверојатен пораст во бројот на патници од 64%, како резултат на трите нови авиолинии отворени во последните 6 месеци – Виена во ноември 2018 година, Малме и Милано - во март 2019 година. Со дополнителните четири нови дестинации што ќе се отворат ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгарт и Дизелдорф, очекуваме да ја одржиме високата стапка на пораст на бројот на патници на аеродромот во Охрид, притоа постигнувајќи нови рекорди. ТАВ Македонија, заедно со сите владини тела во областа на воздухопловството, ќе продолжи да работи на развој на мрежата на авиолинии на двата аеродрома.Во исто време, задоволството на патниците ќе остане како еден од нашите врвни приоритети, со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според статистичките податоци за патнички сообраќај на ТАВ Македонија, од јануари до март 2019 година, најфреквентните дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје се: Истанбул со 10,9% пазарен удел, Цирих (7,5% пазарен удел), Базел (5,7% пазарен удел), Малме (4,9% пазарен удел), Виена (4,8% пазарен удел), Меминген (3,6% пазарен удел).   

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 67,4% пазарен удел, а потоа следуваат Turkish Airlines со 8,4%, Germania Flug со 4,8%, Austrian Airlines со 4,7%,  Edelweiss – 2,6%, Pegasus Airlines со 2,5%.

Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзува патниците со вкупно 42 редовни дестинации, до кои сообраќаат 13 авиокомпании.На Aеродромот Св. Апостол ПавлеОхрид во моментов 11 авиокомпании опслужуваат 5 редовни и 8 сезонски дестинации.

ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

Промовирани огласи »

Грантови на ФИТР и за приватни здравствени фондови

Иновативните компании со побрз раст на платите 👇

За 15 проценти побрз раст имаат иновативните од неиновативните компании, но имаат и побрз раст на платите.

Ова станува јасно од денешната инфо сесија одржана од страна на Фондот за иновации и Сојузот на стопански комори.

На оваа инфо сесија беше кажано дека и приватни здравствени установи ќе може да аплицираат за грантови од повиците на Фондот за микро, мали и средни претпријатија.

Иновативните компании се подобри и во однос на продуктивноста и конкурентноста а имаат и побрз раст на платите.

Вториот повик на ФИТР беше објавен неодамна а вкупниот износ на средствата од него се 5 милиони евра обезбедени од ФИТР и партнерот Светска банка.

Ако имате иновативна идеја или производ имајте на ум дека повикот е отворен до 15 мај.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »