Промовирани огласи »

Дали Град Скопје ќе ја врши дистрибуцијата на парно од новата грејна сезона?

Сепак фирмата која беше формира за таа намена функционира, има 11 вработени кои примаат плата.

Дали Град Скопје ќе ја врши дистрибуцијата на парно од новата грејна сезона? Владата се уште нема одлука. Лани градоначалникот Шилегов иако на големо најавуваше дека оваа фунцкија ќе ја преземе Градот во тоа не упспеа. Но фирмата која беше формирана за таа намена функционира, има вработени кои земаат плата.

Дали од октомври скопјани ќе  добиваат греење од Град Скопје? Владата сеуште без одлука. Барањето за добивање на топловодната мрежа кое градските власти го испратиле до Владата уште во февруари, не е разгледано.

Надлежните велат дека одлуката допрва треба да ги пројде сите владини филтри па потоа да биде соопштено дали во новата грејна сезобна оваа функција ќе оди во рацете на Градот.

Минатата година градоначалникот Шилегов наголемо најавуваше дека град скопје оваа грејна сезона ќе  ја врши дистрибуцијата, но не успеа во тоа. Сепак фирмата која беше формира за таа намена функционира, има 11 вработени кои примаат плата.  Од градот објаснија дека овие лица главно  работат на документацијата за добивање на лиценца за преземање на толоводната мрежа и на идејни решенија за изградба на гасоводна, во деловите од општините кои не се опфатени со топловодна мрежа.

Експертите неколку пати предупредија дека ако мрежата одите ка градот може да дојде до поскапување на парното

Град Скопје пак се одлучи на овој чекор со образложение дека со новиот закон за енергерика една иста компанија не може да врши производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Инаку лиценцата на БЕГ за дистрибуција со топлинска енергија е со рок од 35 години.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

20 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на своите деца

11 од нив завршиле на суд а останатите платиле парична казна која се движи од 300 до 650 евра.

Годинава 20 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на своите деца.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека 11 од нив завршиле на суд а останатите платиле парична казна која се движи од 300 до 650 евра. 

Во земјата се уште е на сила забраната за прием на деца во градинки а министерот за здравство најави дека нема да дозволи во мај да бидат запишани првачиња кои не се вакцинирани. За разлика од кај нас, во соседна Србија размислуваат за ригорозни мерки во делот на вакцинација. Министри и политичари дебатираат дали треба да одземаат родителски права доколку децата не ги примиле неопходните вакцини. Имаат дури и случаи во здравствени установи каде матични педијатри ги враќаат картоните на невакцинираните пациенти.

Промовирани огласи »

Дали некогаш сте слушнале за наука на наука?

Предметот се однесува на проучување на сите аспекти на науката и на тоа како тоа влијае на општеството.

Една тема под Наука на наука се однесува на моралните прашања на вештачката интелигенција.

Постојат четири главни начини на кои вештачката интелегенција го допира нашиот живот: процес на пребарување, мотор за препораки, кредитен систем и колаборативно филтрирање.

Некои големи компании во Соединетите Американски Држави почнаа да ја користат вештачката интелегенција за да го подобрат нивниот процес на вработување. Машините ги заменуваат луѓето дури и за читање апликации за работа.

За да ги зголемат шансите да ја добијат работата, апликантите можеби прво треба да размислат за тоа како да ги задоволат овие роботски работодавци.

Еве неколку совети:

Алгоритмите обично се фокусираат на барањата на работата што е понудена. Тие само се заинтересирани да знаат до кој степен вашите професионални вештини се совпаѓаат со позицијата.

Не грижете се за тоа што типовите на фонт да ги користите за вашата биографија и нешто слично; Роботите не се грижат.
Иновативните, но ретко користените наслови најверојатно ќе бидат игнорирани од машините.

Апликантите треба да ги истакнат своите искуства во последните три до пет години. Резиме со опишување на искуствата во текот на последните две децении нема да биде потребно.

Машините ќе бидат помалку простувачки кога станува збор за правописни или граматички грешки.

Промовирани огласи »

Април и мај полни со неработни денови - следи продолжен викенд

За кратко ќе имаме продолжен викенд.

Оваа година губиме неработни денови, но иста така и за возврат на тоа добиваме неколку споени викенди.

Еден од изгубените празници беше Бадник.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

  •  29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (среда), Ден на трудот,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  •  4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  •  11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  •  23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  •  8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
  •  26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  •  22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  •  1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  •  22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  •  27 јануари (недела), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  •  23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »