Промовирани огласи »

Големо поскапување: Возачите од денеска ќе точат горива по овие цени

Поскапувањето на цената на нафтата на светските пазари се одрази врз нафтените деривати во Македонија.

Поскапувањето на цената на нафтата на светските пазари се одрази врз нафтените деривати во Македонија па затоа од денеска возачите ќе полнат резервоари по цени кои бележат скок.

Согласно новата одлука на РКЕ која стапи по полноќ бензинот „супер-98“ поскапува за три денари и ќе се точи по 70,5 денари за литар.

2,5 денари поскапува и „Супер-95“ кој ќе чини 68,5 денари.

Не останува имун на поскапувањето и дизелот, кој бележи раст на цената од половина денари и ќе се продава за 61 денар.

Овие цени важат во следните две недели.

Промовирани огласи »

Оние кои се во странство, а не се одјавиле – дома ги чека казна од 500 евра

Државата ќе собира пари од казни од иселените

Сите што  заминале во странство на подолго од три  месеци, а претходно  не пополниле  соодветна пријава во полицијата  се потенцијални  жртви за казна. За полицијата ова е прекршок  кој во зависност од повеќе околности  таа  може да го  наплати  од  100  до 500 евра.

Најголемиот дел од  граѓаните за оваа законска  обврска не знаат,  па оттука и потенцијалната опасност сите да платат дебели казни.Во целата оваа работа главен проблем е неинформираноста .

На прашањето , знаете ли дека при  заминување во странство  подолго од  три месеци треба да се одјавите,  а потоа да се пријавите во полиција, повеќето граѓани одговорија со не и не знам.

Од овие причини и  никој  не знае колку точно досега од државата се иселиле, но фактот што на оваа тема се зборува сé почесто е првата опомена  дека  државата  ќе почне и со пребројување на исленните, но и со собирање на нивните пари.

Во принцип, одјавувањето трае само неколку минути  зашто потребно е да се пополни само еденлист. Во него се содржан  основните  податоци  за времето на излегување и враќање во државата.

Идентично е и со пријавување при враќање  во државата  со што се елиминира  ризикот од  споменатите  казни. Секако, обврската за пријавување и одјавување важи и за децата кои патуваат со вас  зашто казната   ја плаќаат кој друг ако не  родителите.

Оние кои се во странство, а не се одјавиле – дома ги чека казна од 500 евра

Промовирани огласи »

„Филип Втори“ арената ќе биде преименувана во „Тоше Проески“?

Арената „Филип Втори“ од утре се преименува во „Тоше Проески“?

Националната арена „Филип Втори“ ќе биде преименувана и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално потврдија од Владата за Плусинфо. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), информираа дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за тоа како ќе биде преименувана Арената ќе се одлучува на Илинденска.

АДСДП до Владата на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и  ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект – велат за Плусинфо од АДСДП.

Промовирани огласи »

Нова адреналинска забава за скопјани: Зиплајн од Кале до парк

Со 4,9 милиони денари ќе се гради зип – лајнот на Кале.

Град Скопје  објави тендер за избор на компанија што ќе го проектира, набави и гради зип – лајнот на Скопското Кале.

Оваа надворешна содржина за спортување ќе има почетна станица под Музејот на современа уметност, ќе оди преку реката Вардар и ќе завршува на кејот во близина на фудбалскиот стадион. Проектот е во вредност од 4,9 милиони денари.

Зип – лајнот е предвидено да се изгради во рок од 180 дена по потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач.

Заинтересираните компании ќе имаат рок до 18 април за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка, по што ќе се избере изведувачот на проектот. Зип – лајнот ќе им овозможи на граѓаните да се бават со нова спортско – рекреативна содржина, но и ќе се овозможи развој на алтернативниот туризам во Скопје.

Од Град Скопје велат дека ја разгледуваат можност за изградба на уште една жичница која е предвидено да биде сместена кај кањонот Матка, но заради административните пречки кои предвидуваат вклучување на повеќе институции, за реализацијата на овој проект ќе биде потребен подолг временски период.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »