Промовирани огласи »

„Филип Втори“ арената ќе биде преименувана во „Тоше Проески“?

Арената „Филип Втори“ од утре се преименува во „Тоше Проески“?

Националната арена „Филип Втори“ ќе биде преименувана и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално потврдија од Владата за Плусинфо. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), информираа дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за тоа како ќе биде преименувана Арената ќе се одлучува на Илинденска.

АДСДП до Владата на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и  ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект – велат за Плусинфо од АДСДП.

Промовирани огласи »

Нова адреналинска забава за скопјани: Зиплајн од Кале до парк

Со 4,9 милиони денари ќе се гради зип – лајнот на Кале.

Град Скопје  објави тендер за избор на компанија што ќе го проектира, набави и гради зип – лајнот на Скопското Кале.

Оваа надворешна содржина за спортување ќе има почетна станица под Музејот на современа уметност, ќе оди преку реката Вардар и ќе завршува на кејот во близина на фудбалскиот стадион. Проектот е во вредност од 4,9 милиони денари.

Зип – лајнот е предвидено да се изгради во рок од 180 дена по потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач.

Заинтересираните компании ќе имаат рок до 18 април за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка, по што ќе се избере изведувачот на проектот. Зип – лајнот ќе им овозможи на граѓаните да се бават со нова спортско – рекреативна содржина, но и ќе се овозможи развој на алтернативниот туризам во Скопје.

Од Град Скопје велат дека ја разгледуваат можност за изградба на уште една жичница која е предвидено да биде сместена кај кањонот Матка, но заради административните пречки кои предвидуваат вклучување на повеќе институции, за реализацијата на овој проект ќе биде потребен подолг временски период.

Промовирани огласи »

УЈП почнува со доставување на претпополнетите годишни даночни пријави

Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава.

Управата за јавни приходи од денеска ќе почне да ги доставува претпополетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година.

Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.

Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава. До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена во текот на минатата година, граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава.

Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Автопатот Миладиновци-Штип останува затворен до средината на мај

Датумот за негово пуштање неколку пати досега беше преместуван.

Иако е готов автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба кон средината на мај. Датумот за негово пуштање неколку пати досега беше преместуван поради тоа што не биле предвидени пристапни патишта за околните населени места.

Директорот на ЈП за државни патишта вели дека безбедноста на граѓаните е најважна и затоа не се брза со негово пуштање.

Во проектот немаше патишта кои што се сервисирани за локалното население од околината. Тоа е делот веднаш спроти Свети Николе каде што има над 50 куќи кои што никако не биле опфатени, а претходно излегувале директно на патот. Никако не биле опфатени како да одат сега до Свети Николе. Ние го видовме тоа, се проектираше надпатникот и тој е готов. Сега останува за странично да се поврзе и да се спои со тие населени места, рече Директорот на ЈП Државни патишта Зоран Китанов.

Претпријатието има раст на реализацијата на капиталните проекти, но и на наплатата на патарините е зголемена за над 6 отсто. Односно, од 1 јануари досега прибрани се 7,7 милиони евра.  Раст за 68 проценти се бележи и во делот на експропријација.

Во првиот квартал од 2019 година реализиравме 48 милиони евра капитални инвестиции само преку нашиот буџет, односно буџетот на ЈПДП, за разлика од 15,3 милиони евра реализирани инвестиции во истиот квартал од 2018 година. Тоа значи дека за 3 пати повеќе или за преку 200 проценти зголемување на реализација на проектите во првиот квартал од оваа година, во споредба со првиот квартал од 2018 година, рече Китанов.

Реализацијата на капиталните проекти од државни пари годинава почна полошо од лани. Во првите два месеци реализирани се 3,53 отсто. Односно, потрешени се само 15 од скоро 420 милиони евра. Сепак, министерот за транспорт уверува дека реализацијата преку ЈПДП ќе придонесе за поголема реализација на капиталните. Временските услови дозволија градежната сезона да почне. Според Сугарески, веќе интензивно се работи на патишта ширум целата земја. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »