Промовирани огласи »

Најмладиот милионер во Македонија има 15 години

Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.

Петнаесетгодишник е најмладиот милионер во земјава за 2017 година. Тој остварил доход од над 16.339 евра, а исто толку остварил и најстариот милионер кој има 98 години, во категорија заработка до милион денари.

Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.

Дваесетгодишник, пак, е најмлад милионер кој остварил приход од над 162.600 евра колку што остварил приход и најстариот во категоријата заработка до 10 милиони денари, кој има 86 години.

Ова го соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес конференција на која ги презентира податоците за остварени највисоки приходи во 2017 година.

Промовирани огласи »

Европскиот парламент гласаше против планот за укинување на зимското и летното сметање на времето

Земјите што планираат да останат на летното сметање на времето би требало стрелките на часовникот да ги поместат последен пат во март 2021, а оние што ќе го одберат зимското сметање ќе ги нагодат своите часовници последен пат во октомври 2021, јавуваат аг

Европскиот парламент гласаше за укинување на летното и зимското сметање на времето. Изгласано е од 2021 да се укине поместувањето на часовникот, кое со децении се случуваше двапати годишно, во март и во октомври.

Земјите што планираат да останат на летното сметање на времето би требало стрелките на часовникот да ги поместат последен пат во март 2021, а оние што ќе го одберат зимското сметање ќе ги нагодат своите часовници последен пат во октомври 2021, јавуваат агенциите.

Голем број држави ја вовеле промената на времето двапати годишно за време на нафтената криза во седумдесеттите, како обид за заштедување енергија.

Од 1996 сите земји-членки на ЕУ истовремено го менуваат своето време.

Одлуката сега оди пред парламентите на земјите-членки на ЕУ.

Промовирани огласи »

Промена на сопственото име - на овој чекор годишно во Македонија се одлучуваат неколку стотици граѓани

Кој не си е задоволен со своето име или презиме и сака да го промени, тој може да го стори тоа едноставно, со поднесување неколку документи и трошок не повисок од околу 300 денари .

Секој македонски државјанин кој не си е задоволен со своето име или презиме и сака да го промени во друго, тој може да го стори тоа едноставно, со поднесување неколку документи и трошок не повисок од околу 300 денари за потребните барања, заедно со административните такси.

Оваа цена е за оние кои поднесуваат барања кои се во редовна постапка. За оние кои тоа го сакаат по брза постапка или институциите на системот им го наложуваат тоа, цената не е драстично поголема.

Законот за промена на лично име, меѓу другото, дозволува промена на сопственото име дури и безброј пати, се додека избраното име некого не го повредува.

На овој чекор годишно во Македонија се одлучуваат неколку стотици сограѓани.

Право на промена на лично име имаат сите постари од 15 години кои се способни за расудување, не се осудувани и против нив не се води кривична постапка.

Барањето се поднесува во матичните служби на Министерството за внатрешни работи, а потребна документација е лична карта, уверение од управа за приходи дека нема даночни долгови, извод од матична книга на родени, државјанство и уверение дека нема истрага против него.

Најчесто презимиња менуваат жените кои се разведуваат, но има случаи и поради промена на верата, националноста или за да се вклопи во околината. Исто така, на децата им ги сменуваат имињата поради утврдување или оспорување на мајчинство или татковство, како и по посвојување на деца, но во овие случаи можна е само промена на презимето, велат официјални извори.

Невообичаени и егзотични имиња бараат некои уметници, но тоа главно се стандардни имиња.

Промовирани огласи »

Иновативно решение за автоматизација на домот

Телекомуникациската компанија Vip со гордост ја најавува најновата услуга во своето портфолио базирана на вештачка интелигенција и го претставува Smart Home, паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел зголемување на удобно

Телекомуникациската компанија Vip со гордост ја најавува најновата услуга во своето портфолио базирана на вештачка интелигенција и го претставува Smart Home, паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел зголемување на удобноста во секојдневното живеење, сигурноста и безбедноста.

Најновото паметно решение, Vip Smart Home овозможува преку користење на едноставна апликација од смартфон, корисникот да управува со електричните уреди во домот и да провери дали е сè во ред во секое време, од кое било место.  

Vip Smart Home е достапен преку четири пакети: Vip Smart Home Basic, Vip Smart Home Protect, Vip Smart Home Comfort и Vip Smart Home Office. Со активација на еден од пакетите во  Vip Smart Home S тарифата со договор на 24 месеци во промотивниот период корисникот може да ја добие услугата без претплата.

“Во насока на обезбедување на дигитални, модерни решенија, достапни за сите, денеска ја лансираме новата услуга Vip Smart Home. Овој производ нуди висококавлитетни уреди, со што обезбедува доверливост на услугата, едноставно и интуитивно користење, како и пристапни цени. Vip Smart Home нуди голем број на можности за автоматизација на домот, за сите корисници кои сакаат да се чувствуваат безбедно и удобно во секое време од денот”, изјави Бисера Николова, раководител на одделот за резидентни корисници во Vip.  

Vip Smart Home се инсталира на многу лесен и едноставен начин и е достапен за сите корисници кои имаат интернет пришто автоматски се прилагодува на дневните рутини и навики,  функционира преку централната единица која ги поврзува паметните уреди со смартфон на корисникот и овозможува да ги управува сите уреди од било кое место.

Паметниот приклучок овозможува раководење со кој било електричен уред кој е со моќност до 2500 w преку смартфон или таблет, без разлика од местото на кое се наоѓа корисникот. Благодарение на сензорот кој функционира со магнет, корисникот секогаш знае дали вратите и прозорците во домот се затворени. Повеќенаменскиот сензор автоматски го детектира секое движење  и овозможува мерење на температура и интензитет на светлината, а внатрешната камера овозможува следење на случувањата во домот на корисникот како и снимање во радиус од 115 °, со можност за HD видео стриминг и ноќно снимање. Во комбинација со повеќенаменските сензори, камерата започнува со снимање штом се активира сензорот.

Паметната сијалица овозможува лесно контролирање на осветлувањето во домот и е дизајнирана за рачна и автоматска контрола на светлината. Со неа, лесно може да биде одреден тонот на бојата и интензитетот на светлината од каде било.

Повеќе информации можете да најдете на веб страницата www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Vip на 077 1234.

Тагови: автоматизација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »