Многумина мислат дека огласите за работа каде „не се бара работно искуство“ се совршена стартна точка – лесен влез во работниот свет. Но реалноста често покажува поинаку: и тие позиции се исклучително конкурентни и понекогаш подеднакво тешки за добивање како и оние со барано искуство. Зошто е тоа така?
1. Голем број на апликанти
Огласите кои не бараат искуство автоматски привлекуваат најширок круг на кандидати – матуранти, студенти, лица кои се преквалификуваат, и луѓе кои долго време не работеле. Тоа значи огромна конкуренција и потреба да се истакнете дури и без искуство.
2. Работодавците сепак бараат нешто „друго“
Иако формално не се бара работно искуство, неформалното искуство или личните карактеристики (комуникациски вештини, тимска работа, иницијативност) играат клучна улога. Работодавачите често се водат според впечаток, став и желба за учење.
3. Слаб квалитет на апликации
Многу млади кандидати не знаат како да направат добро CV или мотивациско писмо – па дури и кога не се бара искуство, лошата презентација може веднаш да ве елиминира.
4. Некои позиции сепак подразбираат „скриени“ барања
Некои огласи иако велат „без искуство“, во реалноста бараат основно претходно знаење, познавање на алатки, или работа со клиенти. Тоа е „неспомнато искуство“ кое многу кандидати го немаат.
5. Културна усогласеност и личност
Кога искуството не е во игра, работодавачите се фокусираат на тоа дали кандидатот „одговара“ на тимот и фирмата. Тоа е субјективен критериум кој не секогаш може да се контролира, но сепак е пресуден.
Како да се истакнеш без искуство?
Подготви професионално CV со фокус на вештини, волонтерство и лични проекти
Напиши мотивациско писмо со јасна причина зошто аплицираш токму таму
Покажи желба за учење, ентузијазам и информираност за компанијата
Размисли за MojaKARIERA картичката – со неа твоето CV може да биде директно препорачано до компанијата која може да биде твоето идно работно место!
Константно се враќате исцрпени и нервозни од работа, прочитајте и за: Работа или „стрес фабрика“? Еве што навистина ве исцрпува секој ден
Тагови: HR совети за работа работно искуство