Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Советник за буџетски и финансиски анализи, Посебна организациона единица, Одделение - Парламентарна буџетска канцеларија (ПБК) - Собрание на Република Северна Македонија

Помлад соработник за комуникација со медиуми, Одделение за комуникација со медиуми, Сектор за односи со јавноста - Собрание на Република Северна Македонија

Помлад соработник за социјални медиуми, Одделение за информирање на јавноста, Сектор за односи со јавноста - Собрание на Република Северна Македонија

Соработник за информирање на јавноста на албански јазик, Одделение за информирање на јавноста, Сектор за односи со јавноста - Собрание на Република Северна Македонија

Помлад соработник за канцелариски и архивски работи, Одделение за канцелариско и архивско работење - Писарница, Сектор за административни работи

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Вработување во TBM Group, B watch 1920, Intimissimi!

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

UNIBANK INVITATIONAL 2025 – Повеќе од турнир, јубилејна прослава на лојалноста и спортот

Погледнете што се случи на UNIBANK INVITATIONAL 2025

Во сабота на 14 јуни, во атмосфера исполнета со натпреварувачки дух, забава и спортски ентузијазам, УНИБанка го затвори петтиот по ред, јубилеен тениски турнир „UNIBANK INVITATIONAL 2025“, организиран во партнерство со тенискиот клуб АБЦ Мондано.

Овој традиционален настан уште еднаш го потврди пристапот на Банката кон градење силни односи со клиентите преку спорт, дружење и заеднички вредности. Со учество на клиенти, партнери и вработени, турнирот беше исполнет со емоции, натпревари и незаборавни моменти.

Турнирот започна на 9 јуни, а финалните мечеви се одржаа пред повеќе од 200 гости кои со воодушевување ги следеа завршниците. Меѓу присутните беше и г-дин Александар Ивановски, Претседател на Тениската Федерација на Р.Македонија, каде УНИБанка е генерален спонзор. Натпреварите ги следеа и официјални судии и делегат кој се погрижи за регуларноста.

Во женската конкуренција од 16 натпреварувачки, првото место го освои Ана Балевска, победувајќи ја Софка Камилоска.

Кај мажите, Боро Андов триумфираше во силна конкуренција од 42 натпреварувачи, совладувајќи го Дарко Малетиќ во финалето. И машките и женските финалисти беа наградени со инвестициско злато од 5, односно 2 грама.

Со овие спортски денови покажавме дека Банката се грижи за своите клиенти и преку дружења надвор од деловните рамки, а посветеноста кон иновации, транспарентност и градење долгорочни односи со клиентите остануваат наша трајна определба.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Вработување во DOUBLE TREE BY HILTON!

Погледнете ги сите огласи за вработување во DOUBLE TREE BY HILTON!

DOUBLE TREE BY HILTON со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички и историски знаменитости, се на 10 минути возење додека меѓународниот аеродром во Скопје е оддалечен само 20 минути. Хотелот нуди флексибилен функционален простор 22.000 квадратни метри, вклучувајќи елегантна балска сала со природно светло, простории за состаноци и сала за состаноци.

Моментално вработува: 

Слаткар/ка
СПА Терапевт
Рецепционер/ка
Собар/ка

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Double Tree by Hilton Skopje

Промовирани огласи »

Студија покажува дека луѓето стареат побрзо двапати во својот живот

Ново истражување открива дека луѓето доживуваат забрзано стареење двапати во својот живот. Овие драматични промени може да имаат значајни последици врз здравјето.

Ново истражување покажува дека процесот на стареење кај луѓето не е секогаш постепен. Според оваа студија, луѓето доживуваат драматични промени во два одредени периоди од животот, еден на возраст од околу 44 години и другиот на 60-годишна возраст.

Истражувањето, кое го предводи генетичарот Мајкл Снајдер од Универзитетот Станфорд, укажува дека овие периоди се поврзуваат со значителни молекуларни промени. Тимот следел група од 108 лица, собирајќи биолошки примероци во текот на неколку години, за да ги анализира промените на биомолекулите, вклучувајќи РНК, протеини и липиди. Откриено е дека околу 81 процент од молекулите покажале промени во овие критични години.

Додека средината на четириесеттите е поврзана со метаболизмот на липиди и кардиоваскуларни болести, почетокот на шеесеттите е асоциран со промени во метаболизмот на јаглехидрати и функција на бубрезите. Водечкиот научник Џиаотaо Шен од Nanyang Technological University објасни дека иако менопаузата може да влијае на жените, други фактори исто така играат значајна улога во оваа биолошка трансформација кај сите луѓе.

Студија покажува дека луѓето стареат побрзо двапати во својот живот

Тагови: здравје пензија пензионери семејство

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »