Промовирани огласи »

За две возила да се плаќа поскапа регистрација, а за два стана – повисок данок, предлага Илиоски

Оној кој има две возила да плаќа поскапа регистрација, а оној кој има два стана – повисок данок, предлага Илиоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, предложи нови мерки како би се зголемиле приходите во буџетот, а при тоа даночниот систем да биде поправеден. Наместо прогресивен данок, Илиоски предлага граѓаните кои имаат две возила да плаќаат поскапа регистрација за второто, а оние кои имаат два стана да плаќаат повисока даночна стапка за вториот.

Неколку пати имам кажано од ова говорница, бидејќи ова влада не знае ништо да сработи, се што прави прави популизам. Ова е класичен популизам, богати да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку. Па и сега господине министре богатите плаќаат повеќе. Тој што зема 60 илјади денари плата, ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 6000 денари данок, тој што зема 20 илјади плата ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 2000 денари – рече Илиоски обраќајки му се на министерот за финансии на денешната комисиска расправа за финансирање и буџет.

Според него постои друг начин за полнење на буџетската каса, додавајќи дека владата може да оди со кратење на непродуктивни расходи.

Доколку сакате да воведете правилен данок, воведете данок на богатство, данок на имот. Оној кој има две коли да плаќа поскапа регистрација за втората, а оној кој има два стана да плаќа повисока даночна стапка. Тоа е разлика меѓу богати и сиромашни, да најдеш начин од богатите бидејќи имаат повеќе да земеш да прибереш повеќе средства во буџетот на државата. А ова не е данок со кој што праведно ќе земете од богатите, ова е данок со кој што успешните кои што живеат од плата, живеат од својот труд и личен доход, ќе ги мотивирате да најдат начин да го изиграат данокот и да плаќаат помалку. Само тоа ќе го постигнете – изјави тој.

Промовирани огласи »

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, им порача на македонските газди да размислуваат патриотски а не да се жапат од воведувањето на прогресивниот данок и другите фискални мерки. Според неат, оној што ја сака Македонија треба и да ги плаќа зголемените даноци.

Во делот на прагот, односно во делот на стапката навистина има одредени дисбаланси и тоа е нивното размислување, и дека луѓето кои ќе бидат подложни на ова оданочување, ќе ги вадат парите надвор од нашата држава. Јас сметам дека оној што си ја сака сопствената држава, треба да придонесува во неа, а не да ги бараме оние законски шеми и дупки, за да успееме парите да ги вадиме надвор - рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Директорката на УЈП се сретна со битолската бизнис заедница, беа  презентирани можностите за помагање на спортот со сите даночни олеснувања што ќе следат во реформата од почетокот на наредната година преку делот на ваучер- системот.

На истата средба бизнисмените и се пожалија дека шрогресивното оданочување може да ја зголеми зоната на сива економија, а кај успешните компании со високи плати, ќе ги зголеми финансиските оптоварувања. 

Промовирани огласи »

Поскапува лебот, ова се новите цени…

Ќе јадеме поскап леб

Oд 15 на 18 денари или за 20%  е зголемена цената на некои видови леб. Причината за ваквиот потег, според мелничарите, е поскапувањето на пченицата и брашното од жетвата досега за 40 проценти.

Министерството за земјоделство не е контактирано во врска со поскапувањето. Како што изјави за МИА министерот за земјоделство Љупчо Николовски, состојбата ќе се следи и ако дојде до драстично зголемување на цените и на другите видови леб ќе се интервенира преку Агенцијата за стоковни резерви.

Како што нѐ известија денеска претставниците од мелничко-пекарската индустрија, ова зголемување е поради растот на цената на брашното и цената на пченицата која е берзански производ. Министерството ќе ја следи состојбата и ако дојде до драстично зголемување на цените и на другите видови леб што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, ќе се интервенира преку Агенцијата за стоковни резерви која во ек на жетвата направи јавна набавка на 13.000 тони пченица, истакна Николовски.

Горан Малишиќ, пак, од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија објаснува дека поскапувањето на лебот е индивидуална одлука на некои мелничари, поради што не се знае дали и други ќе направат ваков чекор.

Негов став е дека последниве година – две во Македонија имаше многу евтин леб, од 13 до 15 денари.

Промовирани огласи »

Има само седум години, а 22 милиони долари на сметка: Како малиот Рајан прави пари на јутјуб?!

Како осумгодишниот Рајан преку YouTube заработи 22 милиони долари за една година

Навидум е обично момче кое како и секое друго седумгодишно дете сака да си игра со играчки, но она што е фасцинантно за него е фактот што тој на својата сметка има 22 милиони долари.

Ако се прашувате како ова е одговорот – кој ве упатуваме да го прочитате на ХАШТАГ.МК ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »