Промовирани огласи »

Vip со атрактивна новогодишна промоција

Vip ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција.

Vip ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2019 година со неограничена комуникација, нови смарт телефони и ТВ уреди по најповолни цени.

Со новогодишната промоција, сите корисници кои ќе ја изберат постпејд тарифата во мобилната телефонија,  Vip Neo M  добиваат зголемен 4G интернет од 15GB, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи и можност да ја започнат новата година со нов смарт телефон по супер цена. Имено, сите нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат Samsung Galaxy Ј6 2018 и тоа со месечна рата од 209 денари или Honor 7S за 0 денари.

Vip подготви изненадување и за корисниците на Vip Комбо. Со избор на Vip Combo Neo 4M, корисниците имаат уникатната можност да добијат Full HD ТВ уред за 0 денари - TESLA 49S317BF со екран 49”. Покрај ова корисниците добиваат 2 ТВ-приклучоци, до 130 ТВ канали (до 20HD), неограничен интернет, бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон фиксни мрежи и две Vip Neo M мобилни линии, секоја со 15GB мобилен интернет.

“Празниците се за големи желби. Оваа година со цел да придонесеме за уште поопуштена празнична атмосфера креиравме понуда која на сите корисници ќе им донесе безгрижна и неограничена комуникација и можност да добијат атрактивни смартфони по најповолни цени. Како компанија која нуди конвергентни услуги ја збогатуваме понудата со која корисниците можат да ги комбинираат мобилните и фиксните услуги и покрај неограничената комуникација и ТВ содржини ја добиваат можноста да добијат ТВ уред за 0 денари. Убедени сме дека оваа најнова промоција на Вип ќе придонесе за многу забава во семејствата на корисниците и сето тоа по најповолни услови за нивните домашни буџети“, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Вип.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.vip.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.

Промовирани огласи »

ЕУ го укинува зимското сметање на времето

Комисијата предложи земјите членки да се откажат од преминот од зимско кон летно сметање на времето по онлајн анкета во целата ЕУ, според која 84-проценти од испитаниците ја поддржаа идејата.

Одлуката да се укине промената во сметањето на времето во ЕУ можеби ќе се случи до 2021 година, изјави денеска австрискиот министер за транспорт Норберт Хофер.

Почетниот датум, кој е за две години подоцна од предлогот во септември на Европската комисија, ќе им даде повеќе време на земјите членки да се подготват, изјави Хофер, чија земја моментално претседава со ЕУ.

Забрзаниот распоред, предложен од Еврокомисијата, беше доведен во прашање уште во октомври, затоа што некои земји членки предупредија дека нема да можат да ги преземат потребните мерки за да се прилагодат во области како, на пример, воздушниот транспорт.

Ако инсистираме да ја направиме промената веднаш, тоа ќе го поткопа предлогот на Комисијата. Воопшто нема да можеме да ја прекинеме праксата за смена на часовното време, рече Хофер пред почетокот на состанокот на министрите за транспорт од ЕУ.

Комисијата предложи земјите членки да се откажат од преминот од зимско кон летно сметање на времето по онлајн анкета во целата ЕУ, според која 84-проценти од испитаниците ја поддржаа идејата.

За таква промена, сепак, конечната реформа ќе мора да ја одобрат земјите-членки и Европскиот парламент. Потоа земјите-членки сами ќе одлучат дали ќе останат на летно сметање на времето, или ќе го задржат стандардно време во текот на целата година.

Промовирани огласи »

Анкетата на Телма и МЦМС покажа дека 44.6% од граѓаните рекле дека прогресивниот данок не е добра реформа, дека за 33.5% е добра, а 20.9% одговориле дека не знаат. 

Има и поддржувачи на СДСМ кои не се согласуваат со прогресивниот данок.

75.2% сметаат дека властите не преземаат мерки за да се реши загадувањето. 

Промовирани огласи »

Работен ден од четири часа, дали е ова можно?

Дали ова ќе стартува на Балканот?😄

Стручњаците сметаат дека еден работник дневно е продуктивен 4 до 5 часа. 

Оној модел со 8 часа работа, 8 часа за себе и семејството, и 8 часа за спиење е наминат. 

Се смета дека по 4-5 часа луѓето губат концентрација, а доколку се скрати работното време од 8 часа, тие ќе бидат помотивирани и покреативни. 

Со дополнителни часови не се подобрува продуктивноста. Дополнително, со 4 часа работно време, ќе се зголеми вработеноста. 

Но, работодавците во регионот не можат да размислуваат на оваа тема. Од соседна Србија работодавци велат дека за 30 до 50 години тие нема да можат да прават такви експерименти. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »