Промовирани огласи »

Анкетата на Телма и МЦМС покажа дека 44.6% од граѓаните рекле дека прогресивниот данок не е добра реформа, дека за 33.5% е добра, а 20.9% одговориле дека не знаат. 

Има и поддржувачи на СДСМ кои не се согласуваат со прогресивниот данок.

75.2% сметаат дека властите не преземаат мерки за да се реши загадувањето. 

Промовирани огласи »

Работен ден од четири часа, дали е ова можно?

Дали ова ќе стартува на Балканот?😄

Стручњаците сметаат дека еден работник дневно е продуктивен 4 до 5 часа. 

Оној модел со 8 часа работа, 8 часа за себе и семејството, и 8 часа за спиење е наминат. 

Се смета дека по 4-5 часа луѓето губат концентрација, а доколку се скрати работното време од 8 часа, тие ќе бидат помотивирани и покреативни. 

Со дополнителни часови не се подобрува продуктивноста. Дополнително, со 4 часа работно време, ќе се зголеми вработеноста. 

Но, работодавците во регионот не можат да размислуваат на оваа тема. Од соседна Србија работодавци велат дека за 30 до 50 години тие нема да можат да прават такви експерименти. 

Промовирани огласи »

Во 2020 година државата на граѓаните ќе им враќа по 500 евра

„Повеќе пари кај граѓаните“ ќе овозможи поврат на ДДВ на граѓаните при купување на стока од широка потрошувачка.

Од идната година Владата планира да воведе нов систем таканаречен „Повеќе пари кај граѓаните“ со кои ќе се овозможи поврат на ДДВ на граѓаните при купување на стока од широка потрошувачка.

Премиерот на Владата на РМ, Зоран Заев, на оваа тема најави дека проектот за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ за потрошувачка до 30.000 денари, кој требаше да стартува од 1 февруари 2019 година, ќе започне да се реализира од 1 јули 2019 година. Првите шест месеци од проектот ќе биде експериментален, а реално тој би стартувал од 1 јануари 2020 година.

Пилот-проектот е замислен да биде наменет за посиромашните граѓани во државата и затоа нема да се однесува за купување на луксузни производи. Првично тој треба да стартува во неколку општини во земјава, но засега не се открива кои ќе бидат тие.

Оваа новина за граѓаните Заев ја најавуваше уште во неговата предизборка кампања, но таа повеќе од година и пол доцни.

Повратот на ДДВ на граѓаните не е новина и тој е практикуван во повеќе европски држави и искуството покажало дека дава добри резултати.

Според премиерот оваа одлука е донесена бидејќи смета дека не е фер некој побогат со големи примања да добие многу поголем поврат од некој со мали приходи.

– Првите 6 месеци ќе бидат ексериментални за да може да ги провериме резултатите, така што ако е се во ред ќе стартуваме од први јануари 2020 – вели Заев и дополни дека експериментот ќе се однесува на сите граѓани кои се приматели на социјална помош, кои што имаат еден вработен во семејството за да може државата внимателно да го постави како е најдобро за оваа категорија на население.

Во Македонија ДДВ од 18 проценти плаќа секој граѓанин при секое пазарување. Поволностите на проектот можат да се согледаат преку еден практичен пример. Така ако сметката е 1.000 денари, тогаш на државата и се плаќа ДДВ од 180 денари. Со поврат на данокот, купувачот треба да добие назад 15 проценти од таа сума, односно 27 денари.

Проценките на Заев се дека на овој начин поголемите потрошувачи на годишно ниво би можеле да имаат поврат на ДДВ и до 30.000 денари, сума која е во висина на една солидна плата за македонски услови.

Промовирани огласи »

Паркирањето во Центар двојно ќе поскапи во деновите со енормно загадување

Град Скопје се подготвува за прогласување на вонредни мерки.

Град Скопје планира да го поскапи паркирањето во центарот на Градот во случај на енормно загадување на воздухот во деновите кога ќе бидат прогласени вонредни мерки поради надминување на праговите на алармирање на ПМ10 честички.

На следната седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за измена на цената за час паркирање на јавните површини и паркиралишта со кои стопанисува “Градски паркинг”. Со оваа измена, градоначалникот на Град Скопје по прогласување вонредни и интервентни мерки во одредени денови има можност да даде предлог на одредени паркиралишта цената за паркирање двојно да се зголеми, само во тие денови. Во случај на енормно загадување на воздухот, ова би се применило во централното градско подрачје за да се стимулираат граѓаните кои патуваат во овој дел од градот да користат јавен превоз со цел намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалување на количината на издувни гасови од возилата кои го загадуваат воздухот – информираат градските власти.

Лани, само два пати Градот прогласи вонредни денови. Оттаму додаваат дека статистичките бројки покажуваат оти има напредок во однос на намалување на загаденоста на воздухот година по сите преземени мерки изминативе месеци.

Највисоко измерената вредност на концентрација на ПМ10 во периодот јануари-септември имаше во 2016 година – 560,3 микрограми на кубен метар, во 2017 година највисоко измерената вредност беше 380,2 мг/м3, додека оваа година највисоко измерена вредност е 334,9 мг/м3. Веруваме дека сите мерки за намалување на загадувањето што Градот ги презема изминатава година влијаат на намалување на концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот – велат од Град Скопје.

Во централното градско подрачје ЈП “Градски паркинг” стопанисува на околу 28 паркинзи на кои цената за час паркирање се движи од 25 до 100 денари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »