Промовирани огласи »

ЕУ го укинува зимското сметање на времето

Комисијата предложи земјите членки да се откажат од преминот од зимско кон летно сметање на времето по онлајн анкета во целата ЕУ, според која 84-проценти од испитаниците ја поддржаа идејата.

Одлуката да се укине промената во сметањето на времето во ЕУ можеби ќе се случи до 2021 година, изјави денеска австрискиот министер за транспорт Норберт Хофер.

Почетниот датум, кој е за две години подоцна од предлогот во септември на Европската комисија, ќе им даде повеќе време на земјите членки да се подготват, изјави Хофер, чија земја моментално претседава со ЕУ.

Забрзаниот распоред, предложен од Еврокомисијата, беше доведен во прашање уште во октомври, затоа што некои земји членки предупредија дека нема да можат да ги преземат потребните мерки за да се прилагодат во области како, на пример, воздушниот транспорт.

Ако инсистираме да ја направиме промената веднаш, тоа ќе го поткопа предлогот на Комисијата. Воопшто нема да можеме да ја прекинеме праксата за смена на часовното време, рече Хофер пред почетокот на состанокот на министрите за транспорт од ЕУ.

Комисијата предложи земјите членки да се откажат од преминот од зимско кон летно сметање на времето по онлајн анкета во целата ЕУ, според која 84-проценти од испитаниците ја поддржаа идејата.

За таква промена, сепак, конечната реформа ќе мора да ја одобрат земјите-членки и Европскиот парламент. Потоа земјите-членки сами ќе одлучат дали ќе останат на летно сметање на времето, или ќе го задржат стандардно време во текот на целата година.

Промовирани огласи »

Анкетата на Телма и МЦМС покажа дека 44.6% од граѓаните рекле дека прогресивниот данок не е добра реформа, дека за 33.5% е добра, а 20.9% одговориле дека не знаат. 

Има и поддржувачи на СДСМ кои не се согласуваат со прогресивниот данок.

75.2% сметаат дека властите не преземаат мерки за да се реши загадувањето. 

Промовирани огласи »

Работен ден од четири часа, дали е ова можно?

Дали ова ќе стартува на Балканот?😄

Стручњаците сметаат дека еден работник дневно е продуктивен 4 до 5 часа. 

Оној модел со 8 часа работа, 8 часа за себе и семејството, и 8 часа за спиење е наминат. 

Се смета дека по 4-5 часа луѓето губат концентрација, а доколку се скрати работното време од 8 часа, тие ќе бидат помотивирани и покреативни. 

Со дополнителни часови не се подобрува продуктивноста. Дополнително, со 4 часа работно време, ќе се зголеми вработеноста. 

Но, работодавците во регионот не можат да размислуваат на оваа тема. Од соседна Србија работодавци велат дека за 30 до 50 години тие нема да можат да прават такви експерименти. 

Промовирани огласи »

Во 2020 година државата на граѓаните ќе им враќа по 500 евра

„Повеќе пари кај граѓаните“ ќе овозможи поврат на ДДВ на граѓаните при купување на стока од широка потрошувачка.

Од идната година Владата планира да воведе нов систем таканаречен „Повеќе пари кај граѓаните“ со кои ќе се овозможи поврат на ДДВ на граѓаните при купување на стока од широка потрошувачка.

Премиерот на Владата на РМ, Зоран Заев, на оваа тема најави дека проектот за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ за потрошувачка до 30.000 денари, кој требаше да стартува од 1 февруари 2019 година, ќе започне да се реализира од 1 јули 2019 година. Првите шест месеци од проектот ќе биде експериментален, а реално тој би стартувал од 1 јануари 2020 година.

Пилот-проектот е замислен да биде наменет за посиромашните граѓани во државата и затоа нема да се однесува за купување на луксузни производи. Првично тој треба да стартува во неколку општини во земјава, но засега не се открива кои ќе бидат тие.

Оваа новина за граѓаните Заев ја најавуваше уште во неговата предизборка кампања, но таа повеќе од година и пол доцни.

Повратот на ДДВ на граѓаните не е новина и тој е практикуван во повеќе европски држави и искуството покажало дека дава добри резултати.

Според премиерот оваа одлука е донесена бидејќи смета дека не е фер некој побогат со големи примања да добие многу поголем поврат од некој со мали приходи.

– Првите 6 месеци ќе бидат ексериментални за да може да ги провериме резултатите, така што ако е се во ред ќе стартуваме од први јануари 2020 – вели Заев и дополни дека експериментот ќе се однесува на сите граѓани кои се приматели на социјална помош, кои што имаат еден вработен во семејството за да може државата внимателно да го постави како е најдобро за оваа категорија на население.

Во Македонија ДДВ од 18 проценти плаќа секој граѓанин при секое пазарување. Поволностите на проектот можат да се согледаат преку еден практичен пример. Така ако сметката е 1.000 денари, тогаш на државата и се плаќа ДДВ од 180 денари. Со поврат на данокот, купувачот треба да добие назад 15 проценти од таа сума, односно 27 денари.

Проценките на Заев се дека на овој начин поголемите потрошувачи на годишно ниво би можеле да имаат поврат на ДДВ и до 30.000 денари, сума која е во висина на една солидна плата за македонски услови.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »