Промовирани огласи »

По најавата за намалување на казните: Премиере доведи ги побргу извршителите во ред

Најмногу поплаки за извршителите и адвокатите, а не за прекршоците

Граѓаните побараа од премиерот Зоран Заев побргу да се истурка процедурата со новиот Закон за извршување, што веќе е во собраниска процедура, по синоќешната најава од страна на Владата дека ќе се намалат прекршочните казни за физичките и правните лица од максимални 1.000, односно 2.000 евра, на 250, односно 500 евра.

Следно што народот очекува е да се донесе Законот за извршителите на кои што Никола груевски им остави одврзани раце па тие преку разни трикови уништија стотици илјади семејства. Од 2.000 денари основен долг со нивните трикови долгот со креваа на 20.000 денари - му напиша Томе Симеонов на неговиот профил.

Во реакциите доминираат ваквиот тип на барања, а граѓаните сметаат дека кај прекршоците нема голем простор за манипулации и секој треба да си сноси одговорност за грешката.

Најголем проблем за правните лица се високите цени за нотарите, извршителите и адвокатите. За да едно лице приговори на нотарско решение мора да плати адвокат за приговорот. Таа одредба мора да се промени. Користењето на адвокат е право, не смее да биде обврска. На пример, мојот сопруг за да приговара на нотарско решение за сума од 700 денари, треба да покрие трошок од 1600 денари за адвокатот, и ако не добие треба да го покрие трошокот за адвокат на другата страна од 1600 денари. Ова нема логика. Треба да се стават под лупа сумите на адвокатската тарифа - пишува Андријана Богдановска. 

Со новиот Закон за извршители нотарската награда ќе изнесува 10% од главниот долг, но не повеќе од 500 денари. Наградата за извршител за долгови за комуналии не може да надмине 20% од главниот долг.

Промовирани огласи »

Измени во Законот за прекршоци, се намалуваат казните

За 75% се намалуваат казните за граѓаните- најмалата ќе биде 15 евра, а најголемата 250

Со предложените измени во Законот за прекршоци ќе се намалат казните за прекршоци за физичките лица и за компаниите. Казните за физичките лица ќе се намалат за 75 отсто, а за правните тоа намалување ќе биде и до 150 отсто. Ако досега казната за нерегистрирано возило изнесувала 500 евра, со новиот закон ќе изнесува 250 евра, за предизвикување бучава казната сега изнесува 450 евра. Со новиот закон сега казната нема да смее да надмине 250 евра, изјавија вчера премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска.

Според предложените владини измени минималната глоба за физичко лице ќе биде 15 евра, а максималната 250 наместо досегашните 1.000 евра. За правните лица, при одредување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, бројот на вработени и претходно санкционирање за исти или слични прекршоци.

Во законот се прави градација помеѓу мали, средни и големи претпријатија. Кај малите компании казните се намалуваат од 50 до 2.000 евра, а за средните и големите компании казните се намалуваат за два и пол пати, од 250 минимална до 10.000 максимална казна, кажа премиерот Заев.

Дескоска рече дека казнената политика нема да биде политика за полнење на буџетот, туку ќе биде насочена кон опомена на оние кои што згрешиле.

Околу 200 закони во кои е уредена висината на казната, ќе треба да се усогласат со Законот за прекршоци и нема да смеат да го надминат утврдениот минимум и максимум.  Ако досега казната за нерегистрирано возило изнесувала 500 евра, со новиот закон ќе изнесува 250 евра, казната за технички неисправно возило сега изнесува 400 евра, со новиот закон истата не смее да надминува 250 евра, за предизвикување бучава казната сега изнесува 450 евра, со новиот закон сега казната нема да смее да надмине 250 евра, рече Дескоска.

Сега акцентот ќе се стави на опомената и на она што често пати се случуваше, некогаш самата грешка што ќе биде увидена од страна на правните лица, често пати беше казнувана без оглед што самите ја увиделе грешката, пријавиле, значи направиле корекција. Законот не дозволуваше инспекциските служби да се повлечат и фирмите беа казнувани. Сега, доколку самото претпријатие направи корекција, доколку станува збор за ненамерна грешка која што не оставила штетни последици и доколку се отстранат штетните последици, тогаш нема да има казнувања, рече министерката за правда.

Владата не предвиде измени во казните за предизвикување општествена опасност, за загадување на животната средина и за уништување на културното богатство.

Промовирани огласи »

Од денеска граѓаните на БиХ и Македонија граничните премини ќе може да ги минуваат само со лична карта

Од денеска само со лична карта и во Босна и Херцеговина

Од денеска во Македонија и Босна и Хрецеговина,граѓаните од двете држави граничните премини ќе може да ги минуваат само со лична карта.

Договорот меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји го потпишаа министрите за надворешни работи на БиХ и на Македонија, Игор Црнадак и Никола Димитров на 12 март годинава, соопшти босанското МНР.

Тогаш е регулирано дека Договорот ќе стапи во сила 30 денови по приемот на последниот писмен извештај дека се исполнети внатрешните законски процедури.

Последната потврда на Министерството за надворешни работи на БиХ е примена во Амбасадата на Република Македонија на 23 октомври и како датум за стапување во сила на Договорот е утврден 1 декември 2018 година.

Промовирани огласи »

Нешнл географик советува: Посетете ја Македонија во 2019

Македонија ја претрка Црна Гора на листата

Македонија е рангирана на 25 место од 28 земји кои туристите треба да ги посетат во 2019 година, пишува nationalgeographic.

За Македонија се наведува дека е опколена со Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово, и изоболува со планини и езера. 

Пишува и дека земјата има национални паркови Пелистер, Маврово и Галичица кои треба да ги посетат туристите. 

За Охридското езеро се наведува дека е едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа. 

Oд балканските земји претпоследна на листата е Црна Гора. 

Дестинација број еден е Мексико, втора е Амазон во Перу, трета е Фанјингшан во Кина, потоа Дакар во Сенегал, Дордоњ во Франција, а се редат и Нов Зеланд, Виетнам, Гренланд, Оман, Мисури, Француска Полинезија, Швајцарија, Ново Мексико, Белизе, Матера во Италија, Колумбија, Египет и други. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »