Промовирани огласи »

Ефтимовски: Огласувачите да ги зголемат буџетите за дигиталните издавачи во Македонија

Претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски ги повика најголемите огласувачи во Македонија во своите адвертајзинг буџети за наредната година да го зголемат делот предвиден за огласување преку домашните веб портали

Претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски ги повика најголемите огласувачи во Македонија во своите адвертајзинг буџети за наредната година да го зголемат делот предвиден за огласување преку домашните веб портали.

Очекуваме од домашните компании и медиски агенции во своите буџети за наредната 2019 година да издвојат поголем дел за дигиталните издавачи и македонски веб портали, пропорционално на импактот кој тие го имаат во секојневието на македонските граѓани“ – вели Ефтимовски и надополнува: “Просто неверојатно звучи податокот дека третата најголема национална телевизија има поголеми приходи од водечките 30 македонски веб портали заедно. Овој сооднос помеѓу огласувањето на двата водечки канали, телевизијата и интернетот, е неприфатлив и целосно не одговара на улогата која веб порталите ја имаат во општеството во делот на информирање, едукација, забава и во севкупното поминато време на медиско конзумирање.

Според него, огласувачите треба дополнително да го поддржат развојот на квалитетните веб портали во Македонија и процесот на само-регулација, преку поголема застапеност на веб медиумите кои го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ во нивните медиски планови.

ИАБ Македонија е дел од интернационалната мрежа IAB Worldwide со седиште во Њујорк, која преставува најголема глобална мрежа што ги обединува медиумите, маркетинг агенциите и огласувачите со цел развој на онлајн огласувањето.

Промовирани огласи »

Ќе се набавуваат нови еколошки автобуси

Ќе се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.

Новите еколошки автобуси за потребите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе се набават со 12 милиони евра од кои 10 милиони евра ќе бидат заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите од буџетот на јавното претпријатие.

За средствата во износ од 10.000.000 евра заемопримач ќе биде ЈСП Скопје, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција, информираат од Владата по денешната седница на која е усвоен Предлог-Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје (ЈСП).

Од Владата соопштуваат дека ќе се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.

Оваа одлука, Владата ја донесе тргнувајќи од состојбата со возниот парк на ЈСП Скопје како исклучително скап за одржување и кој е еден од факторите за загадување на животната средина, односно на воздухот во градот, се наведува во соопштението од владината седница. 

Промовирани огласи »

National Geographic: Без разлика дали е „Северна“, Македонија е убава земја за посета!

Македонија е една од 28 предлог дестинации кои треба да се посетат во 2019 година според светскиот сервис National Geographic

Македонија е една од 28 предлог дестинации кои треба да се посетат во 2019 година според светскиот сервис National Geographic.

Опишувајќи ја Македонија во својата интересна објава тие велат: Без разлика дали ќе го стават "Северна" пред името на нивната земја, неодамнешните вести за овој долготраен спор со Грција го подигнаа профилот на малата балканска нација. Опкружена од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, без излез на море, Македонија можеби нема морски брег, но е богата со планини и езера. Големите врвови, длабоките клисури и водопади ги оплеменуваат трите национални паркови на земјата: Галичица, Маврово и Пелистер. Вистинската убавина е кајакарење на во Охридското Езеро - едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа и полетувањето над Пелагониската долина од македонскиот параглајдерски центар и највисокиот град Крушево, височина 4.429 стапки.

На листата на дестинации кои покрај Македонија треба да се посетат во 2019 година се наоѓаат и: Мексико, Кина, Сенегал, Франција, Нов Зеланд и Црна Гора од Балканот.

Промовирани огласи »

Телекомуникациската компанија Вип со гордост објавува дека е добитник на национални признанија за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година и тоа во две категории, што ги доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија.  

Признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, Вип го доби за реализација на едукативна и иновативна програма под името “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” наменета за учениците во четврто одделение во основните училишта. Целта на проектот е едукација на учениците за подобро и паметно користење на интернет, како да се заштитат од можни опасности при користењето на интернет и социјални мрежи, подигање на свеста на пошироката јавност (родителите) за потребата од внимателно и паметно користење на интернет како и подигање на свеста на учениците за етичко и одговорно однесување при користењето на интернет. Програмата која се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието се одвиваше со предавања во времетраење од 45 минути од страна на обучени професионалци – вработени, кои со своето познавање и експертиза преку практични примери и дискусија им ја доловуваат на децата суштината на Интернетот. 

Признанието во категоријата “Однос кон вработените кај големи претпријатија”, Вип го доби како носител на  Mamforce стандардот  што претставува потврда за исправен однос кон вработените, овозможување баланс меѓу професионалниот и приватниот живот и унапредување на родовата еднаквост. MAMFORCЕ Standard претставува процес којшто се спроведува преку ревизија на компаниите во коишто се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на прилагодувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции.

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонијa објавија повик за апликации за  Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година во 5 различни категории.
Право на учество во изборот имаа сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои реализирале општествено одговорни практики или проекти во периодот од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »