Промовирани огласи »

Ќе се набавуваат нови еколошки автобуси

Ќе се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.

Новите еколошки автобуси за потребите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе се набават со 12 милиони евра од кои 10 милиони евра ќе бидат заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите од буџетот на јавното претпријатие.

За средствата во износ од 10.000.000 евра заемопримач ќе биде ЈСП Скопје, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција, информираат од Владата по денешната седница на која е усвоен Предлог-Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје (ЈСП).

Од Владата соопштуваат дека ќе се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.

Оваа одлука, Владата ја донесе тргнувајќи од состојбата со возниот парк на ЈСП Скопје како исклучително скап за одржување и кој е еден од факторите за загадување на животната средина, односно на воздухот во градот, се наведува во соопштението од владината седница. 

Промовирани огласи »

National Geographic: Без разлика дали е „Северна“, Македонија е убава земја за посета!

Македонија е една од 28 предлог дестинации кои треба да се посетат во 2019 година според светскиот сервис National Geographic

Македонија е една од 28 предлог дестинации кои треба да се посетат во 2019 година според светскиот сервис National Geographic.

Опишувајќи ја Македонија во својата интересна објава тие велат: Без разлика дали ќе го стават "Северна" пред името на нивната земја, неодамнешните вести за овој долготраен спор со Грција го подигнаа профилот на малата балканска нација. Опкружена од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, без излез на море, Македонија можеби нема морски брег, но е богата со планини и езера. Големите врвови, длабоките клисури и водопади ги оплеменуваат трите национални паркови на земјата: Галичица, Маврово и Пелистер. Вистинската убавина е кајакарење на во Охридското Езеро - едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа и полетувањето над Пелагониската долина од македонскиот параглајдерски центар и највисокиот град Крушево, височина 4.429 стапки.

На листата на дестинации кои покрај Македонија треба да се посетат во 2019 година се наоѓаат и: Мексико, Кина, Сенегал, Франција, Нов Зеланд и Црна Гора од Балканот.

Промовирани огласи »

Телекомуникациската компанија Вип со гордост објавува дека е добитник на национални признанија за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година и тоа во две категории, што ги доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија.  

Признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, Вип го доби за реализација на едукативна и иновативна програма под името “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” наменета за учениците во четврто одделение во основните училишта. Целта на проектот е едукација на учениците за подобро и паметно користење на интернет, како да се заштитат од можни опасности при користењето на интернет и социјални мрежи, подигање на свеста на пошироката јавност (родителите) за потребата од внимателно и паметно користење на интернет како и подигање на свеста на учениците за етичко и одговорно однесување при користењето на интернет. Програмата која се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието се одвиваше со предавања во времетраење од 45 минути од страна на обучени професионалци – вработени, кои со своето познавање и експертиза преку практични примери и дискусија им ја доловуваат на децата суштината на Интернетот. 

Признанието во категоријата “Однос кон вработените кај големи претпријатија”, Вип го доби како носител на  Mamforce стандардот  што претставува потврда за исправен однос кон вработените, овозможување баланс меѓу професионалниот и приватниот живот и унапредување на родовата еднаквост. MAMFORCЕ Standard претставува процес којшто се спроведува преку ревизија на компаниите во коишто се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на прилагодувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции.

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонијa објавија повик за апликации за  Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година во 5 различни категории.
Право на учество во изборот имаа сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои реализирале општествено одговорни практики или проекти во периодот од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 година.

Промовирани огласи »

Нема изговори за некористење на појас во автомобилот - тoј спасува живот

Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секогаш и секаде и тоа најчесто кога најмалку очекувате. Затоа, без изговори! Секогаш користете сигурносен појас

„Не ставам појас затоа што ме стега - не можам да возам“, „Кога возам на кратка релација, не ставам појас – не се исплати“, „Ако било пишано, појасот нема да те спаси“.... Ова се најчесто употребувани изговори во нашето сообраќајно секојдневие. Но, за жал, празни изговори... Возењето без појас е причина за голем број сериозно повредени лица во сообраќајни незгоди.

Статистика: 

Истражувањата покажуваат дека во Република Македонија, само околу 30% од возачите користат сигурносен појас. Тој процент е уште помал кога се работи за сопатниците на предното седиште, а за патниците на задните седишта, процентот на лица кои користат појас е приближно еднаков на нула.  
Во Македонија, според статистичките податоци, правилото за користење сигурносен појас, најмалку го почитуваат младите на возраст од 17 до 34 години.

Доста интересен е податокот дека во помалите градови возачите поретко користат појас, отколку во главниот град Скопје, како и податокот дека појасот ретко се користи при возење во населено место, отколку надвор од населено место.

Возачите од земјите во Европската Унија, користењето безбедносен појас го имаат сфатено многу сериозно, па оние возачи кои забушаваат со користење појас, иако се во мал процент (10% на предните седишта, а 25% на задните седишта), се сметаат за „сериозен проблем“. Една од попроблематичните земји во ЕУ, во однос на користење безбедносен појас е Бугарија - само 55% од возачите користат појас. За разлика од неа, во Германија, процентот на возачи кои користат појас е високи 93%.
Истражувањата од релевантните меѓународни организации покажуваат дека 50% од возачите загинале поради тоа што не користеле појас, односно, сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајни незгоди дури до 50%.

Според статистиката, можеме да заклучиме: некористењето сигурносен појас е сериозен проблем со кој се справува нашето општество и треба да се преземат сериозни мерки за негово решавање и спречување.

Покрај многубројните едукативни кампањи и активности, жално е да кажеме, но казнувањето на возачите и сопатниците е една од мерките која најмногу влијае врз дисциплината во сообраќајот.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во Република Македонија, правилото е јасно: возачот и лицата кои се превезуваат со возилото (во кое се вградени сигурносни појаси), задолжително треба да користат појас кога возилото се движи во сообраќај на пат.

Секоја отстапка, секое непочитување на Законот, се казнува со 40 евра во денарска противвредност или 25 негативни бода за возачот на возилото, додека за лицата кои се превезуваат со возилото (патниците), а не користат сигурносен појас, казната изнесува 50 евра во денарска противвредност.

Иако казните за оние кои не користат појас се големи, сепак нема поголема казна од последиците од сообраќајните незгоди. Уништени животи, уништени семејства, траен инвалидитет, болка и траума кои траат цел живот. Користењето сигурносен појас е избор меѓу животот и смртта. Добриот возач не само што знае да вози, туку и ги почитува сообраќајните правила и прописи.

РСБСП ги советува сите возачи да не дозволуваат возењето без појас да биде нивната „лоша навика“. Користете појас секогаш и секаде - без изговори!

„Појасот ме стега“. „Патувам на кратко растојание“. „Не возам брзо“. „Не се чувствувам пријатно“. „Возам внимателно, нема шанси да направам сообраќајна незгода“. „Појасот ми ја намалува комоцијата кога возам“. „Не знаев дека и тие на задното седиште треба да носат појас“. „Ако било пишано, појасот нема да те спаси“... Изговори, изговори и само изговори... Ниеден изговор не е оправдан! Ништо нема да те заштити како сигурносниот појас. Едноставно, немаш изговор за одговорно учество во сообраќајот!

Изгубеното време при ставање на појасот или минималното губење комоција додека се возите, не се ништо, во споредба со фактот дека појасот е чувар на вашиот живот.

РСБСП: Запомнете, ефектите од користење сигурносен појас се посилно изразени при брзини кои се достигнуваат во населено место. Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секогаш и секаде и тоа најчесто кога најмалку очекувате. Затоа, без изговори! Секогаш користете сигурносен појас.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »