Промовирани огласи »

Петок неработен ден – следува споен викенд

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината

Согласно Законот за празници на Република Македонија, 28 септември (петок), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството, на припадници на бошњачката заедница во Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

Програма на неработни денови за 2018 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Чести се пријателствата на родителите и наствниците на социјалната мрежа Фејсбук. Додека едните го одборуваат овој потег, другите наствници и професори сметаат дека приватниот живот треба да остане само за одреден круг луѓе, а родителите може да се информираат за своите деца ако дојдат во училиште.

Родителите и наставниците треба заеднички да соработуваат за доброто на дечињата. Јас немам проблем со прифаќање на понудите за пријателства од родителите на моите ученици. Покрај мојот Фејсбук профил има и Вибер група. Денешното време го наметнува овој тренд, па така ако родителот нема време може телефонски или со порка на Фејсбук да ми се обрати, вели Елена.М. учителка во основно училиште.

Таа вели дека ја разбира потребата на родителите за комуникација преку социјалните мрежи.

Нашето работно време почнува во 7:30 часот и е до 17 часот по потреба остануваме и подолго. И јас и сопругот не сме во можност да се сретнеме со наствничката. Комуникација по телефон, вибер и Фејсбук ја гледам како потреба и можност за оние родители кои не можат лично да се сретнат со учителката. Чисто информативно и се обраќам на наствничакат и прашувам како е моето дете, дали има некој проблем..., вели Наташа од Ченто.

Училиштето е местото за разговор помеѓу родителот и ученикот.

Сметам дека секој родител кој се интересира за своето дете треба да дојде во училиште и да си поразговара со професорот и наставникот. Сепак разговорот и комуникацијата во живо е сосема различна. Родителите и онака си имаат Вибер, Фејсбук групи и може да ги пренесуваат битните информации кои наствниците ги испраќаат. Секој треба да си ја почитвуа својата приватност, вели педагогот Зорица.П. од основно училиште.

Промовирани огласи »

Погледнете како изгледа првата возачка дозвола на Македонец во Германија

Единствен услов за македонските граѓани е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината

Во измиантите неколку денови високи владини претставници потврдија дека е постигнат договор помеѓу Македонија и Германија за возачките дозволи, па така сите Македонци со македонска возачка дозвола, може да возат во Германија.

На социјалните мрежи, на Фејсбук страната „Македонци во Германија“беше објавена и фотографија од првата возачка дозвола која е признаена во Германија.

Декларацијата за признавање на возачките дозволи требаше да биде потпишана уште во февруари годинава за време на посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин. Но, тоа не се случи поради технички проблеми во преговорите.

Главниот проблем беше што во Македонија се бара лекарско уверение при полагање за возачка дозвола, и истото правило требаше да важи и при преведувањето на германските дозволи – нешто што за германската страна беше неприфатливо.

Единствен услов за македонските граѓани е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината.

Тагови: возачка дозвола

Промовирани огласи »

МВР: Лични карти ќе се издаваат и викендов

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не посед

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (29 и 30.09.2018).

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа. Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(29.09.2018 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи, соопштуваат од МВР.

На денот на референдумот (недела, 30.09.2018 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »