Промовирани огласи »

Нова цена на бензините во понеделник

Регулаторната комисија за енергетика во понеделник ќе ја одреди новата малопродажна цена на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика во понеделник ќе ја одреди новата малопродажна цена на нафтените деривати.

Според движењето на цената на суровата нафта на светските берзи можеме да очекуваме мало покачување на цените во малопродажба, кое не би требало да надмине 1 денар по литар.

Во моментов барел нафта чини околу 78 долари, цена која што горе долу се држи на светските берзи со исклучок на петочното тргување кога се доближи до границата од 80 долари.

Регулаторот пред две недели ја формираше цената врз основа на просекот од 74 долари за еден барел.
Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар бензин се точи за 74 односно за 72 денари, а дизелот чини 64,5 денари за еден литар.

Промовирани огласи »

По бурните реакции за пријавување, УЈП смирува: Ако вие не можете да дојдете кај нас, ќе дојдеме ние кај вас

Ние доброволно ќе направиме да дојде тука на шалтер и ние да одиме кај него преку мобилните даночни шалтери, кажа директорката на УЈП додавајќи дека оние пензионери кои не знаат да користат интернет не мора да ангажираат нотар туку може да отидат на шалте

Ако вие не дојдете кај нас, ние ќе дојдеме кај вас. Вака некако звучи кажанаото од директорката на УЈП Сања Лукаревска по бурните реакции во јавноста, пренесува Фактор.

Лукаревска по бунтот на социјалните мрежи и укажувања од јавноста вели дека ќе има толеранција и дека ако некој не биде веднаш регистриран, нема да биде казнет.

Ние доброволно  ќе направиме да дојде тука на шалтер и ние да одиме кај него преку мобилните даночни шалтери, кажа директорката на УЈП додавајќи дека оние пензионери кои не знаат да користат интернет не мора да ангажираат нотар туку може да отидат на  шалтер со лицето кое ќе го ополномоштат тоа да го направи во нивно име. 

Што се однесува пак до руралните средини, на терен ќе бидат мобилни даночни шалтери.

Аналитичарите кои ги консултираше Фактор велат дека  составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение, но се децидни дека тоа ќе им го „отежни животот„ на тие кои не седат пред комјутер цело време, особено на оние кои воопшто не знаат да работат. 

Децидни се дека мора да се најде и друг начин на реализација на овие измени, па предлагаат тоа да се прави во банките или дома кај пензионерите на пример.

Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека даночни обврзници се и пензионери, потоа дигитално неуки, како луѓе кои се болни дури и слепи, за кои овој бирократски чин на регистрација ќе биде посебно тежок. 

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Драстично е намален бројот на родени деца во Македонија 

За скоро една третина е намален бројот на живородени деца од 1994 година до минатата година. Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во 1994 година во Македонија имало 31.421 живородени, а лани само 21.754. 

Податоците објавени во последната публикација на ДЗС за Природното движење на населението покажуваат дека во текот на минатата година во која се дадени споредбени податоци и со изминатите години, може да се забележи дека најголемо намалување на бројот на живородени деца се бележи во периодот од 1994 до 2001 година, кога има регистрирано 24.183 живородени. Така за седум години бројката се намалува за околу 7.000.

Потоа следи постојано намалување на оваа бројка, од 2001 до лани за околу 3.000 живородени. 

Но, има и зголемување на бројот на умрени лица, со што се намалува и природниот прираст.

Но, за разлика од намалувањето на бројката на живородени, податоците покажуваат дека се зголемува бројот на умрени лица, нешто на што влијае и менувањето на старосната структура на населението. Во 1994 година умреле 15.649, а лани 20.318 лица. 

Промовирани огласи »

Место и за Македонците: Австрија во периодот што следува ќе одобри околу 2.500 работни визи за работници од сите земји во Европа

Ова претставува одлична вест за луѓето од земјите кои не припаѓаат на ЕУ семејството затоа што им се отвора простор за вработување во една од најбрзорастечките економии во Европа

Австрија во периодот што следува ќе одобри околу 2.500 работни визи за работници од сите земји во Европа, пишуваат медиумите во регионот.

Ова претставува одлична вест за луѓето од земјите кои не припаѓаат на ЕУ семејството затоа што им се отвора простор за вработување во една од најбрзорастечките економии во Европа.

Земјата е атрактивна за вработување поради големата понуда на работни места.

Постои висока побарувачка за најразлични видови на професии, меѓу кои се келнери, готвачи, помошници во кујна, собарки, чистачки, рецепционери и слично. Потребата за овие работници е најголема во два годишни периоди, и тоа: од ноември до март во западните региони на Австрија каде што се одржуваат зимските спортови; и од мај до октомври во сите туристички региони во Австрија. Потребното ниво на познавање на германскиот јазик варира во зависност од позицијата.

Австрија спаѓа во земјите со релативно ниска стапка на невработеност. Населението кое е невработено, а притоа активно бара работа изнесува 5.3 проценти од вкупното работоспособно население. Стапката на невработеност кај населението со австриско државјанство изнесува 4.9 проценти, додека пак невработеноста кај жителите со неавстриско државјансто е малку поголема и изнесува 9.9 проценти.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »