Драстично е намален бројот на родени деца во Македонија

За скоро една третина е намален бројот на живородени деца од 1994 година до минатата година. Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во 1994 година во Македонија имало 31.421 живородени, а лани само 21.754.
Податоците објавени во последната публикација на ДЗС за Природното движење на населението покажуваат дека во текот на минатата година во која се дадени споредбени податоци и со изминатите години, може да се забележи дека најголемо намалување на бројот на живородени деца се бележи во периодот од 1994 до 2001 година, кога има регистрирано 24.183 живородени. Така за седум години бројката се намалува за околу 7.000.
Потоа следи постојано намалување на оваа бројка, од 2001 до лани за околу 3.000 живородени.
Но, има и зголемување на бројот на умрени лица, со што се намалува и природниот прираст.
Но, за разлика од намалувањето на бројката на живородени, податоците покажуваат дека се зголемува бројот на умрени лица, нешто на што влијае и менувањето на старосната структура на населението. Во 1994 година умреле 15.649, а лани 20.318 лица.