Промовирани огласи »

Место и за Македонците: Австрија во периодот што следува ќе одобри околу 2.500 работни визи за работници од сите земји во Европа

Ова претставува одлична вест за луѓето од земјите кои не припаѓаат на ЕУ семејството затоа што им се отвора простор за вработување во една од најбрзорастечките економии во Европа

Австрија во периодот што следува ќе одобри околу 2.500 работни визи за работници од сите земји во Европа, пишуваат медиумите во регионот.

Ова претставува одлична вест за луѓето од земјите кои не припаѓаат на ЕУ семејството затоа што им се отвора простор за вработување во една од најбрзорастечките економии во Европа.

Земјата е атрактивна за вработување поради големата понуда на работни места.

Постои висока побарувачка за најразлични видови на професии, меѓу кои се келнери, готвачи, помошници во кујна, собарки, чистачки, рецепционери и слично. Потребата за овие работници е најголема во два годишни периоди, и тоа: од ноември до март во западните региони на Австрија каде што се одржуваат зимските спортови; и од мај до октомври во сите туристички региони во Австрија. Потребното ниво на познавање на германскиот јазик варира во зависност од позицијата.

Австрија спаѓа во земјите со релативно ниска стапка на невработеност. Населението кое е невработено, а притоа активно бара работа изнесува 5.3 проценти од вкупното работоспособно население. Стапката на невработеност кај населението со австриско државјанство изнесува 4.9 проценти, додека пак невработеноста кај жителите со неавстриско државјансто е малку поголема и изнесува 9.9 проценти.

Промовирани огласи »

Фото: Џиновско евро во центарот на Скопје

Уметничка инсталација за поддршка на евроинтеграциите

Група на урбани уметници од Скопје во знак на поддршка за приближувањето на Македнонија кон ЕУ, поставија џиновско евро во центарот на градот, во рамки на граѓанската акција „Зачекори напред, изборот е твој“.

„Се надеваме дека набргу ќе дојде денот кога шарпланинецот, рисот, охридската пастрмка и другите наши симболи ќе заблескаат на монетите на еврото“, велат од групата урбани уметнички акции, појаснувајќи дека секоја земја членка на ЕУ по прифаќањето на eврото како валутa има право на монетите да ги аплицира своите симболи.

Оттаму сметаат дека со оваа акција на граѓаните пластично ќе им се прикаже што значи идното членство во ЕУ и барем за момнет ќе се прошара сувопарниот предреферендумски пејзаж во Македонија.

Промовирани огласи »

Ако матичниот си замине од ординацијата или почине, пацинетите нема да останат без лекар - нема да се избрише од евиденција

Фондот нема веднаш да ги избрише од евиденцијата како што беше досега туку остануват кај сопственикот на амбулантата или замената додека да дојде нов доктор. Во меѓувреме пациентот ако сака може да си најде друг матичен

Ако матичниот си замине од ординацијата или почине, пацинетите нема да останат без лекар. Фондот нема веднаш да ги избрише од евиденцијата како што беше досега туку остануват кај сопственикот на амбулантата или замената додека да дојде нов доктор. Во меѓувреме пациентот ако сака може да си најде друг матичен.

Здравствените власти конечно го прифатија ова долгогодишно барање на Здружението на приватни лекари на Македонија.

Откако ќе си замине второвработениот или почине второвработениот да не се бришат пациентите остануваат на амбулантата, 70 проценти ќе земе докторот кој е сопственик или тој што му е замена. Со вработување на нов доктор пациентите се префрлаат кај него, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Претставници на ЗПЛРМ на состанокот со министерот и директорите на Фондот разговарале и за покачување на капитациониот бод и повеќе пари и за матичните лекари. Договориле за две недели да се направат финансиски пресметки и повторно да се сретнат.

Министерот даде цврста гаранција дека за 2 недели ќе се прави финансиска рамкаколку би било покачувањето на бодот следната година, нашите барања се ако за секундарното и терциерното биде 15 проценти истото да важи и за нас, зошто сме исти пред законот, додаде д-р Чолакова Дервишова.

Инаку вчерашната средба во министерството за здравство следуваше откако за денеска неколку матични лекари најавија дека нема да работат и ќе примаат само итни пациенти поради ингнорантскиот однос на здравствените власти. 

Промовирани огласи »

Денеска, четирите стопански комори, потписници на Платформата за јавно-приватен дијалог:Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија испратија официјален допис до Министерството за финансии на Р. Македонија, со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување.

Во текот на изминатите неколку месеци членовите на Платформата спроведоа заедничко истражување на 546 домашните претпријатија и организираа две фокус групи по однос на ставот за прогресивното оданочување и последиците кои истиот ќе ги донесе врз развојот на македонската економија. Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис заедницата дека доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов истото би имало негативни последици врз целата бизнис заедница. Согласно направеното истражување, при изработката на официјалниот позиционен документ стопанските комори вертикално се усогласија во сите структури и го изразија својот став по однос на ова прашање.

Во прилог на овој допис Ви го доставуваме Позициониот документ кој е изработен и усогласен од страна на четирите стопански комори како став на бизнис заедницата во врска на најавените даночни промени. Документот е придружен и со изработената студија – Ефекти од политиката на рамни даноци воРепублика Македонија, која е земена за основа во процесот на дефинирање на доставениот Позиционен Документ.

Оваа активност е дел од Проектот  „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ финансиран од страна на УСАИД а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »