Промовирани огласи »

Наместо укинатото екстерно ќе се воведува национално тестирање

Работна група во Министерството за образование и наука периодов на големо работи на подготовка на нов вид тестирање кое треба да го замени екстерното

Работна група во Министерството за образование и наука периодов на големо работи на подготовка на нов вид тестирање кое треба да го замени екстерното.

Основците ќе бидат дел од ново, т.н. национално тестирање, вели во интервју за Деца.мк заменик-министерот за образование Петар Атанасов.

По ова прашање веќе правиме конкретни чекори. Разговарав со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) и за проекциите во однос на проверката на објективноста на оценувањето на наставниците. Ќе има национално тестирање и евалуација. Тестирањето целосно ќе го спроведе ДИЦ, а веќе има и комисија, која има работна програма. Прашањата на кои ќе одговараат децата ќе бидат од изучениот материјал, објаснува Атанасов.

Промовирани огласи »

Три слободни денови за свадба - новопечените татковци имаат право на два слободни дена

Работникот има право на платен одмор заради склучување на брак, раѓање на дете, што се однесува на таткото, или смрт на близок роднина, до седум работни дена.

Доколку правите свадба ви следуваат три слободни денови, а доколку сте станале татко, тогаш добивате два дена според закон. Како што пишува Правдико, работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. 

Работникот има право на платен одмор заради склучување на брак, раѓање на дете, што се однесува на таткото, или смрт на близок роднина, до седум работни дена.

Ова е табелата за според општиот колективен договор.

– за склучување на брак…………………………….. 3 дена

– за склучување брак на дете……………………… 2 дена

– за раѓање или посвојвуање дете……………….. 2 дена

– за смрт на сопружник или дете………………… 5 дена

– за смрт на родител, брат, сестра……………….2 дена

– за смрт на родител на сопружник…………….. 2 дена

– за смрт на дедо или баба…………………………… 1 ден

– за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена

– за елементарни непогоди до……………………. 3 дена

Исто така, работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република  Македонија,  кои  што се определени  како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во тој случај работодавачот е должен за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.  Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување. 

Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на заштита и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-поротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени обврзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон, пишува Правдико.

Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв, а слободни денови следуваат и за работници кои се школуваат.

Промовирани огласи »

Европејците се изјаснија за да не се менуваат стрелките на часовнкот - се уште нема конечна одлука

Дали промената на сметањето на времето ќе се случи уште оваа есен, ќе се знае наскоро и ќе зависи од одлуката на Европскиот парламент каде што и беше покренато прашањето за укунување на директивата на Европска комисија за поместување на стрелките на часов

Повеќе од еден милион Европејци преку онлајн анкета се изјасниле дека не се за да се менува времето, односно повеќе да нема летно и зимско сметање на времето во Европа.

Европската онлајн анкета за евентуално укинување на практиката на поместување на стрелките на часовникот нанапред, во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес. Дали промената на сметањето на времето ќе се случи уште оваа есен, ќе се знае наскоро и ќе зависи од одлуката на Европскиот парламент каде што и беше покренато прашањето за укунување на директивата на Европска комисија за поместување на стрелките на часовникот двапати годишно.

Според претставници на ЕУ, во момонтов се на средина на испитувањето, а само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица. Оваа анкета се смета за најобемна во историјата на ЕУ

Социолошкото испитување, кое почна во јули, а ќе трае до 16 август, ги прашува европските граѓани дали претпочитаат укинување на летното сметање на времето и дали преферираат лето или зима за менување на времето.

Врз основа на резултатите, но и наодите од другите анкети, ЕК сака да донесе одлука за предлогот за укинување летното сметање на времето.

Европскиот парламент, како и неколку земји членки, ја замолија Комисијата да ја преиспита сегашната практика за поместување на стрелките на часовниците на пролет и на есен, и да процени дали таа треба да биде променета.

Неофицијално повеќе од 80% од луѓето се за укинување на зимското сметање на времето. И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека ЕУ планира да го укине преминувањето од летно на зимско сметање на времето. Ова следува откако анкета во ЕУ покажала дека повеќето луѓе се за укинување на промената.

Ако преовлада мислењето на мнозинството, предлогот ќе биде упатен до Европската комисија, највисокото извршно тело на ЕУ, која треба да се согласи со мерката и да предложи закон за укинување на мерката за заштеда на време. Европскиот парламент и 28 земји-членки на Унијата, исто така, ќе треба да ја одобрат мерката.

Ако така одлучи ЕУ, Македонија иако се уште не е земја на ЕУ, како кандидат за влез во Унијата исто така ќе го укине зимското сметање на времето.

Од Македонската Владата сметаат дека така е логично, бидејќи укинувањето на летното и зимското сметање на времето во Македонија би било дел од интегративните

процеси на земјава во приближувањето на целокупното законодавство кон европското

За нив стратешки интерес на РМ е членство во ЕУ, така што во рамките на интегративните процеси ќе се прави усогласување со сите активности и одлуки кои ќе бидат донесени од земјите членки на ЕУ во претстојниот период.

Македонските бизнисмени сметаат дека и ние треба да ја следиме ЕУ

Македонските бизнисмени веќе повеќе пати досега се изјаснија дека е логично одлуката да се примени и кај нас зашто ЕУ е нашиот најголем трговски партнер и над 70 отсто од извозот е насочен на европскиот пазар. Од најголемата комора во земјава, Стопанска комора на Македонија потенцираат дека ако ЕУ го укине досегашното сметање на времето тогаш би требало да се размислува во тој правец и кај нас.

Промовирани огласи »

Фото: „Најубавиот Starbucks во светот“ отворен во Милано, Италија

Раскошен Старбакс отворен во палата во Милано

Во Милано отворен е првиот Старбакс во Италија.

Неодамна сопственикот на Старбакс изјави дека за нив е голема одговорност отворањето Старбакс во „земјата на кафето“, а ентериерот на барот укажува дека веројатно се обиделе да бидат дораснати на предизвикот.

Во средината на барот поставена е голема машина за печење на кафе околу која посетителите може да се движат и да го гледаат целиот процес.

Мозаикот на подот е рачно изработена во паладијски стил, историска техника посебна за Северна Италија и рачно реден од страна на локалните мајстори. Еден од типовите мермер во мозаикот се нарекува Кондоља – се вадел од каменолом и бил користен во изработката и реставрацијата на Дуомото и зградите на плоштадот.

За прв пат Старбакс користи мермер на шанковите, за да наликуваат на локалните италијански барови.

Паоло Гадалето, претседател на Италијанскиот национален институт за еспресо, рече:

“Навистина сме среќни што во Италија доаѓа голема компанија. Сепак сметаме дека кафето кое го служи не е како италијански еспресо, но сепак е кафе кое има добар вкус”.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »