Промовирани огласи »

Европејците се изјаснија за да не се менуваат стрелките на часовнкот - се уште нема конечна одлука

Дали промената на сметањето на времето ќе се случи уште оваа есен, ќе се знае наскоро и ќе зависи од одлуката на Европскиот парламент каде што и беше покренато прашањето за укунување на директивата на Европска комисија за поместување на стрелките на часов

Повеќе од еден милион Европејци преку онлајн анкета се изјасниле дека не се за да се менува времето, односно повеќе да нема летно и зимско сметање на времето во Европа.

Европската онлајн анкета за евентуално укинување на практиката на поместување на стрелките на часовникот нанапред, во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес. Дали промената на сметањето на времето ќе се случи уште оваа есен, ќе се знае наскоро и ќе зависи од одлуката на Европскиот парламент каде што и беше покренато прашањето за укунување на директивата на Европска комисија за поместување на стрелките на часовникот двапати годишно.

Според претставници на ЕУ, во момонтов се на средина на испитувањето, а само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица. Оваа анкета се смета за најобемна во историјата на ЕУ

Социолошкото испитување, кое почна во јули, а ќе трае до 16 август, ги прашува европските граѓани дали претпочитаат укинување на летното сметање на времето и дали преферираат лето или зима за менување на времето.

Врз основа на резултатите, но и наодите од другите анкети, ЕК сака да донесе одлука за предлогот за укинување летното сметање на времето.

Европскиот парламент, како и неколку земји членки, ја замолија Комисијата да ја преиспита сегашната практика за поместување на стрелките на часовниците на пролет и на есен, и да процени дали таа треба да биде променета.

Неофицијално повеќе од 80% од луѓето се за укинување на зимското сметање на времето. И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека ЕУ планира да го укине преминувањето од летно на зимско сметање на времето. Ова следува откако анкета во ЕУ покажала дека повеќето луѓе се за укинување на промената.

Ако преовлада мислењето на мнозинството, предлогот ќе биде упатен до Европската комисија, највисокото извршно тело на ЕУ, која треба да се согласи со мерката и да предложи закон за укинување на мерката за заштеда на време. Европскиот парламент и 28 земји-членки на Унијата, исто така, ќе треба да ја одобрат мерката.

Ако така одлучи ЕУ, Македонија иако се уште не е земја на ЕУ, како кандидат за влез во Унијата исто така ќе го укине зимското сметање на времето.

Од Македонската Владата сметаат дека така е логично, бидејќи укинувањето на летното и зимското сметање на времето во Македонија би било дел од интегративните

процеси на земјава во приближувањето на целокупното законодавство кон европското

За нив стратешки интерес на РМ е членство во ЕУ, така што во рамките на интегративните процеси ќе се прави усогласување со сите активности и одлуки кои ќе бидат донесени од земјите членки на ЕУ во претстојниот период.

Македонските бизнисмени сметаат дека и ние треба да ја следиме ЕУ

Македонските бизнисмени веќе повеќе пати досега се изјаснија дека е логично одлуката да се примени и кај нас зашто ЕУ е нашиот најголем трговски партнер и над 70 отсто од извозот е насочен на европскиот пазар. Од најголемата комора во земјава, Стопанска комора на Македонија потенцираат дека ако ЕУ го укине досегашното сметање на времето тогаш би требало да се размислува во тој правец и кај нас.

Промовирани огласи »

Фото: „Најубавиот Starbucks во светот“ отворен во Милано, Италија

Раскошен Старбакс отворен во палата во Милано

Во Милано отворен е првиот Старбакс во Италија.

Неодамна сопственикот на Старбакс изјави дека за нив е голема одговорност отворањето Старбакс во „земјата на кафето“, а ентериерот на барот укажува дека веројатно се обиделе да бидат дораснати на предизвикот.

Во средината на барот поставена е голема машина за печење на кафе околу која посетителите може да се движат и да го гледаат целиот процес.

Мозаикот на подот е рачно изработена во паладијски стил, историска техника посебна за Северна Италија и рачно реден од страна на локалните мајстори. Еден од типовите мермер во мозаикот се нарекува Кондоља – се вадел од каменолом и бил користен во изработката и реставрацијата на Дуомото и зградите на плоштадот.

За прв пат Старбакс користи мермер на шанковите, за да наликуваат на локалните италијански барови.

Паоло Гадалето, претседател на Италијанскиот национален институт за еспресо, рече:

“Навистина сме среќни што во Италија доаѓа голема компанија. Сепак сметаме дека кафето кое го служи не е како италијански еспресо, но сепак е кафе кое има добар вкус”.

Промовирани огласи »

Да се спои зелената карта со полисата за автоодговорност пред усогласување на законодавството

Усогласувањето ќе подразбира и спојување на зелената карта со полисата за автоодговорност

Македонија треба да ја усогласи законската регулатива со ЕУ директивите и до крајот на 2019 година да има нов закон. Усогласувањето ќе подразбира и спојување на зелената карта со полисата за автоодговорност, каде пак, исто така, се најавуваат промени во делот на цената, односно либерализација на цената за полисата за автоодговорност. 

Ова го најавува претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски во интервју за МИА.

Во периодот што доаѓа имаме неколку предизвици во делот на регулативата пред се заради усогласување со ЕУ регулативата. Таа е една револуционерна регулатива бидејќи се зголемуваат барањата на друштвата за осигурување во делот на поефикасно управување со ризиците, се зголемува нивото на потребен капитал, зголемено е и нивото на транспарентноста и зајакнато е пред се корпоративното управување. Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло, вели Попоски.

Додава дека она што треба да се направи при усогласувањето со европската регулатива е зелената карта да не биде повеќе посебна полиса и посебна премија, туку да биде дел од полисата за автоодговорност која секое возило треба да ја има при годишната регистрација на самото возила.

Тој истакна дека она што треба да се направи, исто така е да се либерализира пазарот во сегментот на слободно формирање на цената за автоодговорност од страна на друштвата за осигурување.

Македонија има регулирани цени за задолжителното осигурување и исто така е една од ретките држави која има политика на одделна полиса и цена за зелена карта и поради тоа постои забуна  во јавноста околу концептот со зелена карта. Во земјите од ЕУ, меѓутоа во Србија, Црна Гора, БиХ, само не Албанија и Косово, зелената карта не претставува посебна полиса, туку таа е вклучена во цената на полисата на автоодговорност што се купува при регистрација на возилото. При тоа во овие земји се плаќа доплаток од пет до 20 евра за печатење на зелената карта, а не е тоа премија за зелена карта. Затоа во овие земји цената за автоодговорност е на повисоко ниво отколку во Македонија. Пример во Црна Гора е 125 евра, а кај нас 80 евра за патнички возила, но кога ќе се додаде и зелената карта тоа на некој начин ќе се доближи, појасни Попоски.

За тоа дали би се променила цената кога би се либерализирал пазарот, тој вели дека искуството од земјите што поминале како Хрватска, Бугарија, Романија и Албанија просечната цена имаше тренд на намалување, кој траеше и до пет години, но тогаш се констатира дека компаниите не можат редовно да ги сервисираат штетите предизвикани од сообраќајни нереќи и немаа доволно капитал да ги покријат штетите. Потоа, додава, Попоски, компаниите мораа да е докапитализираат и на таа смкетка мораа да ги корегираат цените нагоре. На пример во Бугарија за 30 проценти се зголемени цените оваа година во споредба со лани.

Тој потенцира дека засега не се знае каков концепт ќе се примени, но може да се направи, како што вели, и да нема голема промена на цениоте. Тоа зголемување може да биде неколку проценти поени или може да биде за возила со мала кубикажа да има минимален пораст, додека кај другите возила со поголема кубикажа да има повисока цена. За моделот не може да се каже во моменот, тоа ќе го понуди Владата по направени анализи.

Попоски истакнува дека нема временска рамка тоа кога би се случило, но оти тие како регулатор и самата индустрија се подготвени.

Според него, за да се случи сето ова треба да се решат неколку работи, а тоа е нула толеранција на неосигурани возила, потоа да се реши проблемот со доцнењето во обновувањето на полисите за автоодговорност, проблемот во делот на исплата на штета кога за ист вид повреда икма раслична судска пракса. Со ваквото регулирање, смета Попоски, на некој начин со друштвата ќе може да се најде заеднички интерес за спојувањето на зелената карта со автоодговорноста и да не биде со зголемување кое нема да биде на задоволство на граѓаните.

Став на Агенцијата е дека прво може да настане спојување на зелената карта со автоодговорноста, а потоа да се пристапи кон либерализација. Нашите анализи покажуваат дека  целата постапка би се извела во период од две години, но откако ќе се донесе одлуката, вели претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски.

Промовирани огласи »

Ќе се намали цената на роамингот со Грција

Наскоро нова цена на роамингот со Грција.

Македонија и Грција имаат обврска кон своите граѓани покрај тоа што се соседи, да бидат партнери и постојано да соработуваат. Ова е заклучокот од средбата меѓу министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми во грчката Влада Никос Папас.

Како што соопшти владината прес-служба, главен фокус во разговорот на двајцата министри беше обезбедувањето на сите потребни предуслови за намалување на цените за роаминг меѓу двете држави.

На средбата со грчкиот колега, министерот Папас, ги продолживме разговорите за потпишување договор меѓу двете држави за намалување на цените во роаминг за нашите граѓани. Како заклучок од средбата со задоволство можам да кажам дека во текот на септември ќе објавиме и конкретен договор за почнување на процесот за намалување на цените во роаминг, истакна министерот Манчевски.

Договорот што го потпишаа двете влади, според Манчевски, ги отстранува пречките за соработка кои постоеа во минатото. Договорот за роаминг е само почеток и станува збор за многу конкретна мерка од која корист ќе имаат сите граѓани.

Позитивниот резултат од разговорите со министерот Папас, од кои произлегуваат конкретни поволности за двете држави, се само уште една потврда за придобивките кои ќе следат по зачленувањето на Македонија во Европската унија и НАТО. Затоа наша обврска е да излеземе на престојниот референдум и да гласаме за европска Македонија, заклучи министерот Манчевски.

Министерот Манчевски на покана на грчкиот министер Папас присуствувал и на официјалниот ручек, заедно со висока владина делегација од Соединетите американски држави, предводена од Вилбур Рос, државен секретар за трговија на САД, и Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

На ручекот се разговарало на повеќе теми, меѓу кои сајбер безбедност, 5Г-интероперабилност, дигитална земјоделска инфраструктура, систем за менаџирање на документи-ДМС.

Министерот Манчевски, кој е во еднодневна посета на Солун, присуствувал на отворањето на 83-тиот Меѓународен саем во Солун, што оваа година е организиран во соработка со Соединетите американски држави.

Под мотото „Американскиот сон ќе се оствари во Солун“, во рамки на најголемиот саем во Грција, се претставија најголемите светски компании како што се Мајкрософт, Фејсбук, Гугл, Оракал, со кои министерот Манчевски оствари билатерални средби. На средбите министерот Манчевски разговараше за можноста за соработка меѓу Македонија и американските компании.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »